Се сложувам и јас со тебе да Балкан,да желни за трачеви...Не дека го осудувам Немеш или дека изгубил нешто,туку едноставно од самата слика од она што се случи пред камерите, т.н. јорган планината ми се згади од него...Онака тој секако дека не згрешил ништо оваа "мајкава " ако не сакала никој зорле немало да ја натера...
Како многу фини луѓе ми изгледаат Дражен и Хори Со сите се океј... Дури и пред некоја емисија Дражен плачеше, му фалело семејството многу, жал ми падна (Тоа е, некои плачат за семејството, некои други со семејство плачат за друго, јебига живот) П.С - А и прееска во преглед на денот беше смешно, Братов си прави априлилили, овие ко гревчиња некои се палат!
Во право си. Мене оваа година фаворити ми се Бојана Драгана и Хорват. Мислам дека се ок луѓето...Ама Хорват на прво место
Нели ви стана малце досадно шоуто откако го направија тој ,,премештај,, на станарите? Некако ми е сега безвезе...Ги нема Немеш и Маријана под јорганот и ми се чини малце монотоно! Ај можеби им треба време за да се запознаат и зближат па може ќе бидене нешто интересно!
Од сите станари најомилен ми е Хорват, абе насмевката му е светска , најубава и под дифолт секогаш сум за македонец, така и нашиот ми е фаворит. другиве ми се сите досадни, посебно женските се некои прчли, освен Ема.
Сакам вечер да испадне МИЛА.Неможам да ја поднесувам одвратна ми е никакво понашање. Фаворити ми се Бојана,Лестер,Тамара и Никола.На почетокот ми беше и Немеш фаворит ама после оноа со Маријана срам да му е хаха.
Јас ова не го следам, ама синоќа една другарка ми кажуваше за тие Маријана и Немеш и баш ги гледав клипчињата и.... За срамота.
а што се случило со дечкото на тамара?на крај го фатив ова кога мила испадна знам нешто ја прашуваа што мисли за ситуацијата од вчера.нешто во отпадот дошол дечкото на тамара ај ако зне некој нека пиши подетално
мене баш ми беше ок мила некако нормална млада девојка која не се бламираше и пред се беше приземна за сите ситуации и баш се изненадив што таа испадна.
Ова чудо не сум го гледала, не го гледам, ниту ми се верува дека ќе го гледам некогаш. Значи да тргнеме од тоа што внатре ги собираат некои екстремни случаеви, на кои АјКјуто му е многу дискутабилно, кој од кој поинтересен да биде, не знаат веќе што да направат! Седнати 3 месеци (3 месеци да седиш затворен во еден простор, и само да јадеш и да се дебелиш), ништо не прават само се караат користејќи најгнасни навреди и вулгаризми, да ти е ќеф да го исклучиш телевизорот, се натпреваруваат кој фазла ќе навреди некој, легнуваат а при тоа знаат дека ги гледа цел балкан, а притоа дома имаат фамилија кај која треба да се вратат. Не ми е јасно што продкутивно излегува од "шоуво"?! Ај тие што го гледаат, ај ќе речам сеир си бркаат, досада тепаат, ама не ми е јасно кој при здрав памет бре ги гласа? Да дадам 50 и кусур денари за некоја мажена невеста која не знам по колку дена легнала со некој? Да дадам пари за некој од кого дете од градинка е попаметно? За некој чиј речник го "красат" само пцовки? Попрво парите во веце школка ќе ги фрлам отколку на вакво шоу да ги потрошам! Не, не и не, не можам да се помирам некој ваков деген од калибарот на Вики и Кики Ралеви да земи 100.000 евра! 100 000 евра за да го покажи газот да се изнатреси глупости и да се испокара со сите внатре. А луѓево гласат ли гласаат, рекорди во гласаност секоја година се срушуваат... Мислев дека лани Вики и тој нејзиниот го достигнаа максимумот, ама годинава ако добро разбрав имало секс меѓу мажена жена со дете и некој глупак... Се прашувам в година што ќе измислат? Тројки, оргии веројатно, уште тоа остана...
Ditto. Сум ѕирнала нешто онака, ама доволно ми беше. Разбирам зошто луѓето гледаат вакво нешто - ние сме љубопитни животинчиња и многу сакаме да ѕиркаме во нечија приватност (Фејсбукот е доволен доказ за тоа), ама ова е приватност која не сакам да ја гледам. Горчлив вкус како после некоја тешка вест за некој психопат кој си ги силувал децата - ете такво чуство имам и не, не е тоа чуството кое сакам да го имам по никоја цена. Единствениот голем брат кој ме интересира е оној од 1984 на Џорџ Орвел. Се друго ми е глупаво, излишно, непотребно, просто и крајно сељачки. Се извинувам но ете тоа е моето мислење за овие reality shows
Според мене редно беше Мила да го напушти ова ''шоу'',последниве неколку дена стивна ама уште ме држи она нејзино тензично однесување на почетокот и Маријана сакам да замине што побрзо. Нашиов Лестер ми е мноооогу лепушкаст ама иако го познавам лично најавата многу ме разочара но и покрај се сакам да успее што од патриотски што од другарски причини
Читав во Америка спремаат ново ваково реално шоу каде се бира porn star. Ќе си се е*ат цело време, народот ќе гледа и ќе гласа, и на крај ќе победи оној кој надобро се покажал Барем ќе нема лицимерие, си знаат зашо отишле, а не ко ова братов, во ударен термин го ставиле, го гледаат сите, и некои двајца си се фукаат таму, па демек после згрешиле, па незнам што.... Незнам веќе до каде може да оди човековата глупост, посебно американската Прашање на време е кога ќе стигне и ова porn star кај нас
Да ти кажам право, подобро да се знае уште од старт што калибар на шоу е, отколку вака да се прави дека е РЕАЛНО шоу, кое нема ни р од реалност, затоа што сите се пред влегувањето се со научени сценарија, еден треба да биде кавгаџија, еден да легне, еден гол да се слечи, еден да изнаклевети... Таму барем се знае зошто се појдени Пред некое време да ми го кажеше ова ќе ти реплицирав која кај нас ќе се пријави за такво шоу, ама како што е тргнато, после Вики и Кики ништо не ме чуди...
Гледав снимки од наводниот секс пред некој ден и искрено се замислив...Од кај знаеме што навистина се случува под тој чаршав и дека не е само ова задача од тој Голем брат за да се крене рејтингот.Угледот им се нарушува на овие двајца, да, ама затоа ќе добијат и хонорар.
За мене лично нема сомнеж дека се е добро смислено сценарио нема трошка случајност и вистина во цела пародија .... Секс во живо после 10 дена може е ненормална ама сепак тешко уверливо. Дечкото на Тамара .... Да да секако значи тие се сместени во куќа која има 56569 камери и уште толку обезбедување и као случајност дечково полудува иде да се пресмета со овој во куќата при тоа мора да е СУПЕРМЕН или заспало обезбедувањето или се е смислено мене третово ми е најлогично
На Сораја и испаднала брадавицата!УШТЕ ДА БЕШЕ НЕНАМЕРНО Првото утро, по првата помината ноќ во големиот кревет на луксузната куќа на ГБ, најатрактивната станарка Сораја Вучелич ги почасти гледачите со својата брадавица. Иако гледачите имаа можност два пати во ГБ да видат "акција" под јорган, брадавицата на Сораја во 23 ден, во куќата на ГБ ги развесели гледачите како никој до сега! Како што пишува српскиот портал bezzabrane.com при утринското будење на Сораја, таа не сакајќи ги покажала голите гради и брадавицата. Со оглед на атрактивните гради на Сораја, имаше и што да се види. Освен силиконските гради, младата Сара има пластична операција направено и на усните и на носот. По влезот во ГБ признала дека операциите и биле добра инвестиција.