Душко на почеток ми беше антипатичен од причина што мислев дека го имитира Радашин. Ама сега ми е еден од фаворитите. Ми се чини дека гледам искрено дете кога зборува тој. А каков геј бре, си и ма жена човекот. Радојка е друга прича. Другиот геј Хори , Хори бе!! Spoiler Веднаш ми излегува Дуле со гласчето ХОРИИИИИ исто така ми е кул човече. Од жениве ниедна, само Ема ми е закон на забавите. и онака интересна дека е мала, ама си нема перде. Инаку на официјалната страна пишуваше дека овој на Тамара дечко и и кажал на Маријана дека се откажаа нејзините од неа, ама јас такво нешто не видов ни во прегледот на денот ни после на клипчињата, па незнам за ова колку е релевантно.
Песната е онака ок да речеме Ама Немеш со неговото недолично однесување дефинитивно кога ќе излезе од куќава не заслужува апсолутно ниту ''к'' од кариера Која чисто сумљам дека ќе ја има али ај...Само неможам да разберам дали луѓево во куќава се навистина платени за да прават вакви сра*а или навистина им е умот толку плиток за да си ги оцрнат имињата?! На крајот пак ќе победи најдобриот (како во минатото шоу што победи Арсо!) го обожавав човеков ми беше фаворит од почеток до крај! а се останатово OUT!!!! Оваа година имам двајца фаворити...Бојана и Хорват кој и да излезе од овие двајца нема да биде фер покрај толку лудаци
Не верувам дека се платени ама дека се плитки во мозокот тоа ДА .. Туку што ми беше зборот..а да оваа Драгана колку е проста од авион се гледа,се фолира ехееее... А пак пред Немеш кога е две реченици не умее девојкава да составе се збркува,па толку ли никој и нема кажано што се случи помегу Немеш и Марјана ... Лигава е бе не ми се слуша како зборува,јазик ке искрше ..Кога беше ова изборот за мис и мистер Драгана кога требаше да одговара на прашањата од страна на машките Немеш ја прашува доколку може да патува низ времето со временска машина каде би отишла,оваа ни две ни три проста се збрка вели на Хаваите http://www.youtube.com/watch?v=RqOsDlkV ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=v0wyt3_cJkk
леле стварно оваа драгана е глупа како грав, море гравот е попаметен од неа. ја прашува немеш каде би отпатувала да имаш временска машина а таа на хаватите хехеехе, еј мори глупачо па за на хаваите не ти треба временска машина важно сите и се прснаа од смеење. стварно е самобендисана и глупа. Искрено на почетокот мислев дека е ок али се како што повеќе отвара уста се поголеми глупости излагаат од неа
Зошто јас не го сретнав тоа за Драгана? А целото видео постирано го изгледав. Или не сум на иста бранова должина?
Се придружувам кон мислењата за Драгана, морее каква лигла Демек не и е криво што не победи за мис, ццц, какво лицемерие. А дека е глупа глупа е , тоа не може ни да се одглуми Инаку Дуле е хит, оригинален скроз, Радиша може вода да му носи
Драгана е една од најглупите оваа сезона, дефинитивно. Таман ќе помислиш "може не е толку глупа" - веднаш те разубедува самата. Џорџ е прав морж, само се излежува и ништо не прави - освен да исмејува некој. Нирмал ми е многу антипатичен и мислам дека е многу негативен и внесува негативна енергија во куќата. Немеш ми е најубав и најсекси, посебно гласот. Нашиот ме изненади и мислев дека е лигав некој, но добар е сега за сега. И нај нај нај апсолутен фаворит ми е Хорват - толку позитивна енергија има во него, тоа чудо едно! Досега мислам дека е најдобар и дека е најискрен и најмногу заслужува да победи!
Мене оној Џорџ ми е грозен,најгрозен остај што се излежува само јаде и провоцира па и гаден е бре луѓе,не знам што му е фимот со тоа соблекувањето во танга едноставно кажано ГРОЗНО... И мене овој нашиов ме изненади одпрвин мислев дека е некој арогантен,самобендисан-нарцис но сега не ми изгледа така.Уживам кога ги гледам него и другиот Никола баш се добри другари и интересни се. А да дојдов до заклучок дека Никола и нашиов Лестер живеат од виршли,варени јајца и туна секој ден само тоа појадуваат,баш се слатки ... Да се надеваме дека Лестер ке се задржи подолго време во куќата и дека ќе си го задржи однесувањето како што е до сега сепак наш си е за него сум си тој ми е фаворит покрај Никола и Бојана
Помина уште едно исфрлање и овојпат фала му на бога Џорџ си замина Сега нема кој да покажува газ и да провоцира.
Преглед на денот беше, не ми текнува кој ден точно. Оној со мустаките, постар човек гол спиеш А предходно-програма која е наменета за целата публика. Само ќе кажам бруки! Повеќе нема да ми текне ни на 3 секунди да гледам -.-
Па мислам дека беше редно Џорџ да си собере парталите и тангите и да си замине од куката... По гадно створење од него немаше во куката можеби човекот знаеше да направи квалитетен муабет но поголем дел од времето трескаше глупости и беше грозен за гледање... А криво ми е што не си замина и оваа Сораја се повеќе и повеќе не ми се допаѓа нејзиното однесување а гледам и останатите станарки не ја сакаат мн мн.
Незнам зошто толку негативни коментари??? На кој не му чини нека не гледа! Па ова ти е само еден експеримент јавен во кој се тестира издржливоста на луѓето како реагираат во определени ситуации како на пример преска што беше што водителките им најавиа дека сите трјца треба да ја напуштат куќата. Како реагиаат изолирани ( како експериментални глувци ) од најблиските во сосема нова вештачка средина. Како реагираат кога се заедно, а како кога се одвоени. Па и самиот Велики Брат го глумал луѓе психолози. Барем јас вака го доживувам ВБ
А јас ќе речам на што се луѓево се спремни за пари?! А ќе ги добие тој што ќе се издеградира до максимум. Од кога глупоста поцна да се наградува и тоа парично?! Каков пример? Секоја чест на изумителот. Можат да се извлечат многу заклучоци. Страшно. Ги оправдувам во шоуто само џуџињата. Ќе речеш помалку социјализирани, дошле да си го пополнат времето, некој да ги гледа да стави акцент и внимание на нив, другото??? Жално, која мајка изгубила дете?! Што добија нашиве што беа. Ништо, само си налепија еден куп етикети.
Незнам што да кажам, посебно за Маријана и тоа што таа СВЕСНО го прави. Па чекај малку, има дете надвор, маж којшто ја чека и РОДИТЕЛИ кои ја гледаат ! Ама тоа е... Луѓе кои се спремни на се за 10 минути слава.. хах каква слава, сите ја плукаат ама нема врска, битно се збори за неа. Да даа.. тоа беше битниот момент, да се збори за неа.. Какви луѓе не ми се верува, 26 годишни со памет на 16 годишни. Инаку за другите немам нешто многу негативни коментари. Ми се свиѓа нашиот Никола, супер е стварно а и Бојана ми е добра, многу паметно размислува и баш сум ја слушача кога им дава совет на другиве, стварно девојката си е на место
Леле онаа Дргана значи лол Почнува лагано да ми иде на нерви... Прееска Немеш и овие зборуваа за нешто (мислам за војната беше) и оваа изгледа не и се свиѓаше темата или и здосади (којзнае шо и стана) и сега зборуваат Нирмал и Немеш и оваа им вика несмееме да зборуваме за политика во куќава и Немеш и вика, па Драгана ова не е политика, туку историја, и оваа од што немаше што да каже, вика сеедно несмееме ц ц ц...Проста еј!!! И овој Нирмал напраи некоја фаца као у фазон и прекинаа. А сварно, врска немаше од политика (мислам збореа за војната нешто) или Југославија, али оваа го отупе. Простачка бе ! Надвор!
Јас како што разбрав вечерата е поклон на капитенот Никола и тој можел да бира со кого ќе биде на романтична вечера и тој самиот ја избрал Тамара ...баш беа слатки
аха тоа значи било,сладоок е никола,а тамара некако ми делуваше како само д аглуми некое лудило не г и догледав до крај како заврши вечерата
Мене ми се слатки а да Тамара изгледа како да сака да седи на две столици.. Се секира дали дечко и ќе и раскине надвор. А сака и во куката да се зеза и флертува со Никола. А вечерата заврши така што сите спиеја а Никола и Тамара се поливаа со вода низ цела кука а Тамара беше онака прилично поднапиена А Никола ми е ептен сладок и баш е она џентламен,кога и да види некоја од девојките да е во емотивн а криза секогаш разговара со нив,ги советува. И она кога се случи помеѓу Немеш и Марјана тој утредента и пријде на оваа овцата и баш онака пристојно и каже да си размисле што прави во куката и ја п отсети дека надвор ја чекаат маж и дете...