Не мисли на Нирмал него на Хорват ( ама он не е словенец него хрват ). Иначе поглупаво не можеше да биде вечерва а баш мислев дека ќе биде интересно ај можеби неделава ќе биде интересна!
Овој Немеш на живци ми игра Дај нека си иде,сите пари ги потроши он,агресивен бил..дома така да не кршиш случајно.?!
Зар старите ги вратиле назад во куќата, а другиве на одпад ? Таа козметичарката Драгана влезе назад ?, баш сега ме интересира како ќе се однесува таа, а и другите кон неа.
Добра фора му е ова на братов, иако Немеш си заслужи малку рибање, ама сепак, ептен будала ќе испадне. Братот му рече на Немеш дека неговата песна на јутјуб била преслушана 700,000 пати и поради тоа е номиниран за награда од некаква си фондација Адрија од срце или така нешто, и ако победи ќе треба да оддржи говор од две минути. Лажните(исфрлените)станари треба да го убедат во ова дека е целосна вистина и ако упеат во тоа, ќе им бидат вратени парите во наградата што ги дадоа за Ема. Немеш оди наоколу пун со себе, со главата во облаци Оф како ќе си се спушти на земја
Ноќеска гледав.. ГБ му кажува дека неговата песна има преку 700.000 прегледи на youtube (проверив - точно е) и му прави филм дека во договор со неговиот менаџер конкурирале со песната (негде) и као божем е потенцијален победник, па ако биде победник ќе треба да се обрати во ЖИВО на доделувањето и за таа цел да смисли говор.... се испомоча мажево од радост канкус...имаш право едноставно неможам да седнам да гледам 2 саати некој филм...немам ни концентрација, ни живци, ни време...а ова сра*ево си брмчи на ТВ без обврска да го гледам ( СДК додека правам милион работи по дома )
Така така му треба на Немеш..паметно е ова од страна на Големиот Брат,бидејќи поради Немеш и неговото кршење и трошење пари без врска во куќата беа одземени многу пари од наградата.Сега со овој срам ќе им ги врати парите барем тие 35.000 мислам дека беа... а можеби и овој малку ќе се опамети... Битно Велики Брат моментално ми стои како да размислува за останатите кои што се во куќата не се криви тие па поради еден гуп Немеш да губат од главната награда...А вака кој си е крив тој ќе си "плати"..
Немогуч е братот, што не ќе му текне, цар ! Убава лага, интересно ќе биде ко ќе му каже дека не е вистина, го немам гледано ја одамна, друго што се случуваше ? Брендон и Лестер што праат?
Мене ме нервира тоа што прегледот на денот го даваат накај 23:30 ептен пореметија се` со тоа сериите турски,индиски.. А вчера баш кога даваа преку ден вклучување во живо седеа во одпадот и Брендот гледам седна до Лестер и го прашува како спиел,и овој нашиов му вика Абе не гледаш дека те игнорирам седев таму станав и дојдов тука за да не седам со тебе да не те слушам а ти по мене досаден си,мене некој да не ми зборува 2 дена како што не ти зборувам јас на тебе немаше во очи да го погледнам а не да го прашувам како спиел .. И овој Брендон како и обично почна да филозофира...
Мене не ми беше јасно што е финтата со тоа да станарите го убедат Немеш дека тоа е вистина ???? па колку е он исфилмуван нема сила која ќе го убеди дека не е вистина, дури и сто пати да му кажат дека лаже братот он ќе си верува во таа вистина што му се допаѓа - А ја слушнавте ли Маријана - јоој како ми је криво да због једне грешке (кршењето) будем погрешно претстављена...то нисам ја , козна шта(или) што че људи мислити сад за мене
Да да нешто се лути Брендон и Лестер.Не дека не комуницираат,ама не се дружат демек нештоо.Овој Лестер му кажал дека он неможе да се дружи со мажи што се облакаат како жени и играат стриптиз Баш вчера Брендон збореше дека му е криво што не се држат више..
А добро на нашиов му било криво, а тој што игра ако не стриптиз, стомачен танц ? Глупа постапка, да го игнорираш само затоа што се соблекол гол и играл и се облекол ко женско не е доволна причина мислам, само си ствара самиот непријатности за себе и нашион и Брендон. Да му се паднеше некому друг улога за женско да биде кралица ќе мораше да ја носи, што мислите, ќе ја испочитуваше одлуката? Мене од страна на Брендон тоа баш ми е кул, што не се спротистави, ем беше интересно, ем зголемен рејтинг на гледаност .
Целта на Велики Брат со ова лажењево е мислам Немеш да види како е кога сите станари ќе го лажат и кога ке тресне на земја малку да се освести и да "наплати" за се` што протроши од главната награда... А во врска со Брендон и Лестер јас слушнав нешто демек Брендон велел дека на Лестер му било криво и му љубоморел на Брендон поради тоа што тој извел подобар стриптиз Луд е Брендон .. а Лестер е онака смирено слатко човече дури се слатки кога се во некој конфликт меѓусебно
Хахах, мене ми делува дека Лестер укапирал дека Бренодн е малку геј и дека цело време му се пушта па му станало незгодно и сеа незнае како да го откачи па изведува дека нешто демек му е љут Неам гледано од неделата што се случува но според муабетиве погоре, така ми делува