Ги гледам онака навечер,кога нема што да се прави.. Многу старци има во куќата и воопшто не се интересни Македонецот убав е,да али некако ми е помало геј
Па и таков загубен ми е, исто како него. А и јас не го гледам. Некако ми е веќе видено, нема интересни фаци.... и глупаво ми е ова со отпадот што им направија. Аааа да, морам да кажам дека џуџињата ми се срцки (вчера така ги видов кога се лулаа на столчето ), и се заљубија ли, или јас само си претпоставувам?
Е сега претеруваат,одма некој трач да се измислело.Го знам нашиот лично и тоа многу добро,јес да неможам да го смислам ама геј не е
Мене ми е многу одвратна Ема како навена зборува крај нема се таа знае. А дека ќе има глупости не се ни сомневам во тоа со оглед на тоа се какви живеат заедно ќе биде интересно
За Лестер, т.е. нашиот дека личи на Мануел, да. Тоа и го кажав и на мајками кога го видов прв пат. А иначе џуџињата ми се ептен срцки. Посебно Ема вчера, кога беше облечена како кловн, ептен ми беше слатка. Мене па, оваа сезона ми е по интересна, и повеќе романси има... Баш би ми било мило ако бидат заедно тој Немеш и Бојана одбојкарката.. Тие ми се многу добар пар. И така.. Си ги гледам редовно бре!
Двете џуџенца во куќата влегоа заедно. Нели некои влегуваа по двајца? Смешна ми беше Маријана (водителката) кога им рече покрај вас се чувствувам како Снежана Инаку оваа сезона навистина има многу старци во куќата.Па се прашувам што интересно би направиле тие? Патем целиот концепт на ова реално шоу веќе ни е познат, ништо ново. Можеби се лажам, ама за сега такви се моите впечатоци. Сем бламирања и простотилок во секој случај ништо друго нема да видиме. Барем џуџињава нека си се вљубат еден во друг па да излезе една позитивна работа од сето ова. Ништо посебно не очекувам од ГБ, затоа и не го следам. Чат-пат кога нема друго, го оставам тоа.
Мене па страшно глупаво ми беше кога кажа така , интересна да се направи ама како навреда ми дојде некако што знам А инаку приметив и на почетокот, сите се некако слични фаци со предходните од 2011, плавата одбојкарка ала Јована (ако ви текнува), нашиов - Мануел , џуџињава - исто ко оној што беше џуџе ( не ми текнува како се викаше), оној старион (што е сега кај ѓубрето) ваљда Радашин го заменува , онаа Сораја - Сара ала Секси Сандра .....
Ја мислев само ја дека сум приметила дека се многу слични како овие претходниве! А што им е фората со сличностиве кој знае И мене некако оваа сезона ми е како најдосадна а толку ваууу за на крај ништо! Кој знае може почеток...како викаат ВБ е непредвидлив
Големиот Брат го гледам од почеток ми беше досаден првите два дена ама после почнаа глупостите и навивам за БОЈАНА најасална е од сите!
Го гледам и не ми е ништо посебно, ама да се тепа време. Инаку Милан џуџето беше мислам и лани ама излезе меѓу првите. А Ема страшно ме нервира и оној старецот што ја манијачи Сара/Сораја како и да е.
Ова ти е бледа копија на уште едно америчко с*ање... убаво порано си имавме наше риалити шоу - Тоа Сум Јас ... со Драги Шпага и оној Баже од Багаж е тоа беше интересно за гледање, тогаш беше новитет на нашиве телевизии. И гледам моментално ова и се чудам еј, па ова бетер е и од Телетабиси... Со сила ги праат луѓено глупи... а и нас што го гледаме ова ни силуваат мозок.
Лелеее сега така загледав нешто... абе оваа не беше мажена пијана што е, и што игра со Немеш, и тој ја бакна на обравчето, и таа не може да се тргне од него...
Мене некако сите ми се одвратни... И не можам да ја гледам оваа сезона. Тие жените, мажени, вакви, онакви, а се гледа какви се.
И јас тоа го гледав ама незнам дели го виде тој дел дека она му се пушта цело време трча по него ц ц ц ц Тој беше изјавил дека Бојана му се допага леле мажена ц ц ц а
Досадни. Веќе видени профили на луѓе и тоа од лани. Големиот брат им дава некои глупави задачи и тие изгледаат уште поглупаво од што се. Прелоша сезона.