Незнам, ја видов на видеото, и од негде ми е позната.. Едит: Ма и на крај краева гајле ми е.. Да требаше јас да ја земам наградата ајде.. ама вака..
Јуле, мислам дека си грешка!! Како што гледав на Википедија Емоушн е во сопственост на некои сосем други луѓе http://en.wikipedia.org/wiki/Emotion_Production а Карлеуша и Беквалац се нивни ексклузивки (што се потврдува со тоа што толку многу ги форсираат)
Абе зашо и викате Јуле,не се чита Ј се што е со Ј. Џули е ова. Бтв, чива и да е продукцијата, си испра пари,даде дел на Маријана,а другиве ќе се траскаат од земја. А и не дека не им беше убаво...
цццццццццццц нема правда не заслужи да победи најмногу заслужи да победи Лестер или Брендон ама тоа е тоа Ништо чудно да е наместено By the way која е таа Катарина ????
Дека беше наместено, наместено беше. Дека се испраа пари, се испраа. Само приметив дека настапите на пеачиве беа полити во споредба со други години. А колку што знам јас и другиве не останаа без пари, им давале по 80 евра од ден.
Мене ми кажаа луѓе кои имаа еден прокет со оваа продукција снимано тука. Е сега веројатно е мултикорпорација, така да веројатно си има она добар дел акции.
Дали е наместено или не со сигурност никој не може да се каже но со сигурност може да каже јас сам у шоку Маријана ? ! Ма даааааааај ! Како може да победи најозборуваната, најомразената и најплуканата личност мене тоа никако да ми се разјасни Сега јасно е се ! Кој како играл и кој испаднал наивен а кој глумел наивен. Разврска на се ... Маријанчето се избрука ама добро ни наплати , Немеш не можев да верувам како си промени мислење , докажа дека ја сакаЛ ако не беше така ќе и ги изедеше парите па ќе одлеташе . Многу недоречености , можни сценарија , и шпански сценарија што смислени што несмислени . Како и да е не ми се допаѓа пораката која се прати а таа гласи . Сексајте се , одете мажени излезете и вие не знаете како , плачите од време на време за моју малку черкицу , пијаните се уствари се до небо и земја додека не ви стане , хистеришите , манипулирајте така се стига до целта ? ! own:
Абе требаше Дуле да победи или Хори, ѕверои беа. А станариве сварно испаднаа безобразни што не отидоа да и честитаат (имаше исклучоци и честитаа Дражен, Ема, Џорџ, Радиша, Никола, Лестер и Нирмал) а другиве си стојат таму, Маријана (водителкава) ги вика они ништо, Немеш си стои таму, значи стварно пи*да испадна и тоа голема. Туку ај со среќа нека си ги троши парите, што е - тука е.
Хорват кај што вика Уааааа за победата на Маријана мене синоќа ме разочара Хорват.. цело време зборува "JA SAM DOBAR SA SVIMA" а на Маријана ни победата не сакаше да и ја честита... колку и да небила заслужена победата требаше да и честита.. сепак цел сериал и се лижеше... инаку јас прво мислев дека изјавата на Немеш за Маријана е тактички потег за народот да се сожали со неа и да гласаат за Маријана, ама сега мислам дека Мајкаму има влијание на неговата одлука.. а зошто само тој даваше интервју.. зар толку му се брзало да ја наклевети неговата љубовница во јавност.. неможел еден ден да почека да му објасни таа сее или прво со неа да расчисти и прво неа да и раскине па после да објави јавно.. навистина е пи*ка како што го преставуваат на сите форуми.. ако е маж нека биде до крај.. и јас мислам дека таа изјава многу негативно ќе влијае на неговата музичка кариера.. сам си отиде во пропаст.. еве неколку популарни слики што се вртат на фб Spoiler
^^ Епа баш ми е ќеиф што и викаа УА! Кој го прател шоуво од прва до последна, јасно ќе му биде за што станува збор. Не е само мајката на Немеш во прашање за таквата негова изјава. Фала богу конечно и на него му се расветли случајот дека Маријана си има договор со продукцијата, и дека Немеш во случајов бил само манипулиран од нејзина страна (нормално по договорот) за да го подигне рејтингот на гледаност а со тоа дебело да ја платат. И нормално дека по неговото искачање од куќата гледал прегледи, зборувал со луѓе и дошле му кажале што е и како е. Е тоа е тоа што Бојана покушаваше да му го каже на Немеш, и тоа е причината зашто таа повторуваше дека во нивната приказна излегла магарица зашто ги подржавала! Верувам дека и лично Бојана конечно можела да му каже што е тоа што неможеше пред камери. Немеш излезе голем наивец. Клипот постиран поназад со муабетот меѓу Маријана и Бојана е чист доказ. И како што излегуваа од куќата еден по еден, така и дознаваа која е прљавата вистина, вистина е дека толку малку време е потребно да дознаат....ееее што ти прави изолација! Очекувано зашто Хори несакаше да честита, ниту Немеш, ни Сара, ни Бојана... Ми текнува на третиот ден мислам беше, кога имаа задача девојките да бираат партнер за играње и кога Бојана тргна накај Немеш (очигледно беше дека си се свиѓаат) а оваа патетичнава им улета у буквална смисла да го и го земе Немеш, што тоа и го направи. А мушко ко мушко сигурно нема да одбие згодна цура која сама му се нуди. За договоров со продукцијата наслушнав уште кога серијалот беше некаде на половина, дека 10 или 20 000 евра им се дадени на Маријана и мажот и за да го прифатат ова. Е сега незнам колку е ова точно, но битно се збори од мнооогу одамна, така да каков и да бил договорот, сепак е намештаљка!
дечки знае некој да ми каже за маријана и немеш прекинаа пред да излезе тој од шоуто,или се беше ок додека не излезе и после на суперфиналето вечерта св сврте против неа?гледам сте испишале дури 50 страни додека ме немаше на форумов многу е за читање
Додека беа во куќата беа скарани едно време, ама пред да испадне тој се погодија. И во недела тој го кажа сето тоа што го кажа.
Па да речеме дека се беше Ок пред да излезе Немеш, а тоа вчера беше помалку неочекувано од него така јавно да ја откачи. А причините ги пишав малку погоре.
Победи една неморална жена.Одличен пример за гледачите и за оние кои планират следната година да учествуваат
пред се балкан како балкан таков менталитет сме си си ние ќе си трачариме вака уште еден месец за мнаријана и немеш и кој со кого и како и после никому ништо и овците на број и волчко сит, а маријанче со парички во џеп. Во ред си можеше чуцата си се избори и си лапна парички па нели и тоа е целта во шоуто. а кој губи има право да се лути. Никој не се покажа во вистинско светло така ни таа.
Мене жал ми падна за Маријана..се виде вчера дека не и е за парите.Она за Немеш беше спремна да се откаже од се,да се посрамоти,а он вака и напраи...порано не ја оправдував али кога ја видов вчера колку плачеше и се гледаше дека и беше криво..али среќа татко и што дојде,пошо ако не дојдеше потешко ќе и беше ..
^ И јас би плачела некој да ме шитне ко старо железо и да ме избрука пред 5 држави. А дали била спремна или не,тоа не знаеме.
Јас не разбирам како може да ви биде жал за Маријана. Па нормално дека ќе плаче, што требаше, да земе да ликува и на сите уште еднаш да им потврди дека се продала? Барем до крај си одглуми.
Што ви е бе на вас? природно глупи сте или со сила се правите? Како може да застанете на страна на Маријана и да го плукате Немеш?????? Со кој памет само не ми е јасно... Значи ако сте го прателе шоуто ко што викате ќе знаевте уште пред 3 дена дека на Маријана и е ветена победа уште на почетокот доколку спие со некој (било кој) во куќата за поголема гледаност. Немеш го дозна тоа дури кога излезе и многу нормална е неговата реакција. не знам вие како би реагирале коа би знаеле дека на некој му е платено да спие и да глуми со вас... значи стварно многу се нервирам кога некој ни е упатен ни ништо си дава за право да осудува. секако секој има право на свое мислење ама ако не знаеш некои работи боље ќути си. ја пример не сум доктор и не давам коментари у медицински проблеми. фала пријатно.