Анета Наковска се вселува во куќата на „Големиот брат“ Новата сезона на „Големиот брат“ со познати учесници од поранешните Југословенски земји почнува во понеделник, 25-ти март, со почеток во 21:30. Кај нас ова популарно реално шоу ќе го пренесува телевизија Сител, додека продукцијата е на Emotion од Србија, каде што шоуто ќе биде пренесувано од Б92. Првиот македонски учесник што во понеделник ќе се всели во куќата на „Големиот брат“ е фолк пејачката Анета Наковска. Позната е како скандалозна личност без влакно на јазикот. Публиката од неа очекува да приреди вистинско шоу.
што се дешава со луѓево..која црна анета бре сигурна сум дека оваа поише и од Боки13 ќе не изруга....според мене т.е ако ја би се прашувала би ги пратила или Тони Михајловски или Џамбазов или Сашко Коцев нека се посмејат малце па ќе си дојдат такви луѓе ни требаат...анетчево барем нека биде подобра од оние Кики и Вики...нека и е со среќа нека дограби таму парите и нека не не брука до толку многу
Има да се изнаслушаме бисери од лепотицава, како што знае често да не почасти низ емисии со нејзините фрапантни изјави. Не сум воодушевена од изборот, рака на срце, Анета не ми е човек за забава - мислам, погледнете било кое нејзино интервју, толку ладна особа е, нема што да понуди од аспект на шоу. Дај Боже да грешам. Не е тема за неа, ама мора да погледнете. Некогаш била насочена кон некој рок правец во музиката. Оооо, те молам немој да се враќаш повторно таму! http://www.youtube.com/watch?v=l1aOCgZodfo Ќе гледам и повторно ќе пишам впечатоци!
Јас прочепкав по интернет и најдов од прилика кои ќе одат... е сега дали е тоа вистина, не знам. Никола Немешевиќ-Немеш, Ава Карабатиќ, Ивана Стаменковиќ-Сидни, Тони Монтано, Владимир Петровиќ-Боба (од Жикина Династија), Даница Максимовиќ (од првата српска серија Јелена), Драгутин Топиќ. А можно е: Екрем Јевриќ, Саманта Фокс, Влада Вуксановиќ, Сејо Калач, Инспектор Блажа, Сашка Јанковиќ, Милица Гајиќ, Сања Папиќ, Милиќ Вуксановиќ, Јована Швоња, Невена Милиќевиќ, Дарија Станојевиќ, Бранислав Петрушевиќ. Дали се добро напишани имињава-не знам. Ги препишував од српски, а они имаат таква буква ч-ќ. А најдов уште едно нешто, интересно. Ама чисто се сомневам дека е вистина. Џокси во „ВИП Големиот брат“ за 10 000 евра, под услов да се обраќа на старословенски и латински јазик? Со него сигурно ќе ни биде интересно. Тоа сум 100% уверена. Ама не верувам дека е вистина...
Abe Bokica bese premija za ovaa Aneta,napravi show,se glupirase,ama ostana skoro do finale.Za Aneta ne znam sto da kazam,od nekolku interuvjua sto ja imam gledano,mi deluva mn.ladna,apaticna,na momenti arogantna.A poteknuva od dobro situirano semejstvo,taka da ne mi e jasno zosto otisla tamu da se blamira?!
Не ми се верува ,која ја пуштиле значи з амене по омразена личност нема ,толку ми е неквалитетна што радо би го гледала Боки 13
Даница Максимович кога ќе фрли поглед околу себе со какви све створови е опкружена прва ќе си замине самоиницијативно.
Без разлка кој ке бидат ,јас ке го гледам братот чисто да си фаќам сеир и да се смеам во ова време невреме
Гледајќи ги „станариве“ кои ќе влезат во куќата на Големиот брат, типувам дека следи уште една сезона исполнета со многу малоумности, (не)намерни испади, скандали, хистерии, мизерии и слично. Уствари, што друго да се очекува од едно вакво шоу?! Тоа е всушност концептот на самото шоу, со нешта како горенаведените да се привлече повеќе публика. Не велам дека јас никогаш не сум го гледала шоуво, напротив, имам изгледано некои епизоди и врз основа на тоа го имам ова мислење. Бај д веј, најироничен момент ми е кога за некој од нашава земја кој отишол во некое реално шоу велат „Ја претставува Македонија“, колку само НЕ, тој отишол таму за себе си, се претставува себе си, во случај да победи парите си ги зема самиот тој, што значи дека, по никоја основа не ја претставува нашата земја. Не е тоа песна за Евровизија, или некој спортски натпревар на меѓународно ниво, или не знам што веќе...
Да се надоврзам со горново мислење. Скоро секој, што учествува во ова шоу, сака да се испромовира самиот себеси. А не својата држава. Кој будала, што е познат ќе се пријави? Скоро сите што се пријавуваат, се старлети, пејачки, модели... а реално има само 2-3 познати. Што значи сите се пријавуваат, за да постигнат нешто, за да ги има на телевизија. И не. Боки не не` брукаше нас. Што мислите, ако Маријана (што се „онодеше“ со Немеш) беше македонка, што ќе беше? Сите ќе викаа, ја избрукала Македонија. Како да не. Секаде има и такви и вакви и онакви. Додуша, секој сака од Македонија да оди некој како Тони Зен. Ама тоа е што е. Иначе да, ќе гледам.
Мислам дека е тотална утка ова да оди во Македонија и да секој шо оди во ГБ од Македонија ја "претставува" (брука) нема еден асолен шо бил таму а шо не не' избрукал
Никој со сила не ве тера да гледате ако така размислувате,брука било и назнам што,кој сте вие да осудувате,мене ако некое шоу не ми се допаѓа не го гледам,а не одма критики.
Според мене оваа емисија е најголема мизерија што може да постои и во ваква простачка емисија зарем мислите дека ќе се пријават да учествуваат некои нормални личности.
“Farma” ili “Veliki brat”? Vlada Vuksanović ponovo u rijalitiju! Vlada na Farmi, Lepa u Velikom bratu
Ја брукала земјава. Зарем земјата или самите вие се поистоветувате со учесник на Велики Брат? Или пак Белов, Ноне во Идол, не знам . . . Вики Ралева во Велики Брат ве избрукала вас/Македонија? Сериозно се прснав од смеа. Немате самопочитување ако ве брука некоја едикоја си. Што би рекол Марјан битолчанецот - Во 3 ноќта застанал пред ТВ, и вика: Ете ја брат, му влезе подќебе. Види ја шо праи. Иначе Наковска порано беше во група со Угро, такозвана Франкештајн ми се чини.
Лестер случајно да не не избрука а?? Ств сте значе и ја не дека ја сакам оваа ама шо не е на нас останато да одлучуваме...
и јас исто... незнам за вас ама ова Големиот брат мое мислење не ми се допаѓа, уште кога ја видов најавата денес на тв онаа маријана нешо глумеше зачудена незнам мене не ми се допаѓа многу многу..
Леле, ама ме нервира македонскиов „преведувач“. Ко божем не разбираме. Па уште се дуплираат гласовите. Неговиот глас ме потсетува на Б13. Добро, знам дека мора да има превод. Ама овој така ми оди на живци.