со тоа што би ја активирале темава им ја креваме гледаноста, затоа и се измислени овие секс сцени. Во белград и се протестиралео против Емоушн продукцијава и големиот брат. најголем бојкот е нигде да не спомињаат и да се игнориират, што и планирам да правам. Апел и до вас за истото.
Вие не знаете која машинерија на пари е ова. Не само што откупуваат франшиза Емоушн прод. за ВБ каде што и се наведени милион услови што треба да се исполнат, меѓу другото и каков карактер на личности влегуваат во шоуто ако и воопшто може да се нарече шоу. Има и услови која ТВ може да го прикажува преносот а кај нас кој ако не Сител . Но за жал ова ,,пали,, и кај нас и се зголемува гледаност. Кој од љубопитност кој од плакнење мозок, народот гледа, единствено не ги разбирам тие што праќаат пораки и трошат пари на глупости. Ако имаш вишок донирај или дади на некого на кого вистински му требаат. Вчера случајно и јас фатив малку и се изнасмејав, искрено, но не значи дека ќе мавам термини и гледам редовно. Spoiler: цц После германското ВБ каде што без цензура правеа групњаци на велико мислев дека ќе го забранат насекаде но изгледа не
Пак ке искоментирам и ке кажам ГОЛЕМА СРАМОТА Е ОВА!!! Како може да се емитува вакво нешто на тв алооо има мали деца кои гледаат а не знам и кој возрасен ви сакал ова да го гледа јас искрено НЕ! Се само за пари се собрале на едно место курви и ретардирани луге и викат ајде ке правиме пари и слава ова треба да се забрани да се емитува
Секоја сезона од ВеликиБрат се слушаат истите коментари, баш исти како што сте напишале некои низ темата Значи концептот на целото шоу е тоа , ете некој ужива и убаво им е шо се нервирате толку незнам Во 2011 мислам беше, нашата претставничка Викторија Ралева се однесуваше исто како и Стефани ,уште првата ноќ легна со Карло и се 'засакаа' до уши. Имаа секс позади завеса, во кревет сред бел ден а за навечер пак да не зборувам ,и тогаш беа истите коментари за неа. Маријана и Немеш ги заборавивте ли ? Да Маријана победничката кои секојдневно имаа секс и правеа уште што не,целата куќа ја реметеа со нивните караници,и поминаа многу вечери во алкохолизирана состојба и исто и тогаш имаше такви коментари. Значи такво нешто секако ќе има,па дали било срамота или не на нив кога не им е галје зошто ние да се замараме.Едноставно така одлучиле и тоа е тоа. Или па можеби јас ептен смирено го прифаќам тоа што се случува,затоа што не е ништо што прв пат се гледа и не е толку за чудење Во глобала океј ми е се иако има малку повеќе со помалку мозок Горан ми онака нај смирен и некако ми е како фаворит до сега во овие неколку изминати денови Васичи или како и да беа ми се комедии Значи целото семејство ми се смешки Барбара ми е како Сораја да ја гледам За Андон имав некое негативно мислење ,не ми се допадна кога видов дека баш тој влегува во куќата но човекот си е забавен Засега тоа е што имам да кажам во врска со натпреварувачите , ама ќе се надополнам сигурно
Како може да го гледате ова бе? Стварно не ми е јасно, па тоа е срамота... мислам нема никаква поента со саати да висите и да си го трошите време за џабе... Размислете, еден ден ќе ви фали тоа време што се го потрошиле на глупи ријалити шоу како ова и турски серии.. Толку од мене, натаму како сакате!
Настрана тоа што кога ќе слушнам или прочитам дека некој ја гледа оваа глупост веднаш ми се мени мислењето за тој човек, колку и да сум го почитувала. Туку, не ми се верува овие учеснициве, нели се свесни дека родителите и роднините ќе ги гледаат, како не им е срам, страшна работа. Ваквиве емисии покажуваат колку е расипан светов.
Не ми се верува какви се луѓе и емисии нема да измислат за пари за простотинлук и безобразинлук. Не ми се верува па и воопшто како некој седи да гледа вакви ниски работи, дно дна. Постојат многу канали и воедно емисии кои вредат да се гледат и може да се учи и просветлува општо за се во животот. Никогаш не би седнала да гледам вакви драми и безобразии он некои искомплексирани и вообразени суштества очајно желни за внимание и моќ. Оваа емисија за мене е врвот на простотијата мизеријата и малограѓанштината помеѓу народот.
Јас па не можам да ги разберам негативните коментари во врска со тоа колку се прости и незнамтикакви луѓето кои што го загледуваат шоуто и слични на него. Еве јас го погледнувам, не го пратам ама телевизорот ми е вклучен таму и заслушнувам по нешто, едноставно како друштво додека сум сама или навечер. Не сметам дека има некаква и најмала вредност за внимание, ама ми разбива досада, има глупи моменти кои ме смеат и тоа е тоа. И сега сум недостојна за почит по автоматизам? Без врска муабети. Такви генерализации од никогаш не сум сакала и истите не се правилно мерило за индивидуите кои се ставени сите во исти кош. А за децата, мислам дека нема што да се имаат на совест поради емитувањето на ваквите програми затоа што интернетот им е достапен уште штом почнат да распознаваат компјутер, така да тие ако не видат секс на Големиот брат, ќе го видат истиот на некој порно сајт онлајн.
Безобразлук на више ниво. Како може вакви глупости да се гледаат не, не ми е јасно, ама очигледно сега погледано ќе биде поради вчерашната случка која денес е табу тема.
Јас се чудам како "вие" од 21 век , што бевте мн современи што ви смета велики брат ? Ви смета али си го пратите ! Во велики брат се личности што треба да прават ШОУ , а не да се досадни ! Досадните личности не ги примаја за учество , и го направија шоуто интересно , тие што не ги бива ги пратија дома да си седат. Па што ако имала некоја секс ? Што ако некоја премногу испила алкохол ?? Таа си прави шоу , како што си правеше Шоу , -Маријана , мажена жена , со дете, јавно го изневери нејзиниот сопруг , и си победи , си ја исполна целта ! А вие што дрдате дека сте современи на други теми а овде конзервативни ,гледајте си ги животите ваши , не се замарајте со туѓи животи , и да не бидете прости не гледајте го големиот брат бидејки толку ви се капацитетите
Секој има право на избор дали ке гледа или не,незнам зашто се крева толку фама околу големиот брат,кој сака нека гледа,кој несака никој со сила не го тера,јас си го гледам и кулирам.
не го пратам големиот брат само кога нема ништо по другите програми. иначе не го пратам и не ми е интересно се приглупирав а цел свет ги гледа. на тие што им е интересно нека си гледаат мене лично не ми е и не го пратам.
Вас животот ви е толку совршен што Велики брат ви е најголем проблем? Кој сака нека си гледа, негово право.
Абе секој има право на мислење и да гледа што сака,ама факт е што го даваат на сред бел ден.И ај што мороните се сексаат пред камера,тоа во најава го покажуваат,и секој може да го види,посебно најмали деца.Па нека ги даваат касно навечер,а не по трипати во денот и репризи и не знам ти што.. http://www.telegraf.mk/zabava/30196...i-soua-protest-vo-srbija-protiv-golemiot-brat Ова треба,ова!!! Најозбилно преку глава ми е од вакви глупости,да не спомнувам и Фарми и Малибу срања,Jersey Shore,Kardashians итн итн. После оти новите генерации се секс,дрога и турбофолк,епа нормално дека ќе бидат,ептен јакиот пример што го добиваат. А за оние повозрасните што гледаат,ептен алјак сте изгледа
погледнав и не ме заинтересира....зошто осудувате дека ке смените мислење за некој ако гледа големиот брат,фарма,парови и незнам уште кои други..можеби некој гледа од досада ,некој од забава итн...и ако не сакате да гледате не гледајте...кога бранити и имате слободен ум во другите теми оваа не треба да ви претставува проблем ....како што подржувате трансексулаци,лезбејки,геј и др во други теми не треба да ви претставува пробелм да гледате на тв...
Јас и тоа сакав да кажам , на некои теми се мн современи , нема занив табу тема , овде за велики брат почнаа да критикуваат како било срамно , па биле вакви такви ,, да можам би ви постирала тука од "" современиве"" какви коментари имаат во другиве теми каде што за нив нема табу тема , дека сме биле 21 век , дека тие што мислеле конзервативно толку им биле капацитетите е баш ваквите коментираат на темава , затоа не глумите лудило и пуштете си тирска серија и тупете си го мозокот !
Не се пoтресувaм дa се нaцртaм пред ТВ кoгa имa ГБ, aмa aкo гo нaчекaм не бегaм кaкo вaмпир oд лук. Се срaмите ли штo гледате пa се прaвдaте или? Уште пoзaникaде се oние штo викaaт пу пу oд ГБ a не ги држи срце дa не сврaтaт вo темaвa и дa oджaт лекцијa зa мoрaл. Не се секирaјте не е стрaшнo дa гледaте нити пa срaмoтa. Учеснициве се земени сo пaметoт aмa дoмa не ќе ги нoсиме