Иако не го следам редовно шоуто, знам од прилика што се случува, па ја користам приликава да направам анализа за некој од членовите. Уште на почеток ќе кажам, дека единствен нормален член досега е Дарко. Негова маана е што игра на погрешна страна, инаку е сосем во ред, и од она што го читам човекот има реални шанси за победа. Go Darko! Инаку, ако се` водиме според некое мерило за победа во искреност (а занемариме интелигенција, глорифицирање промискуитет и лоши манири), како следен натпреварувач кој заслужува победа е Мирјана. Пред се` бидејќи девојката игра со отворени карти, и е директна. Истиве "квалитети" делумно ги поседуваат Стефани и Горан, но во помала доза. Што се однесува до Ервин, немам многу што да коментирам, освен дека го покажа своето вистинско лице. Испадна крајно лицемерен манипулатор кој ситуацијата во своја корист успеа да ја сврти за неверојатно 360 степени. За Барбара, Тина, Луча и Ивона во пакет го делам истото мислење. Длабоко искварени, негативни особи... Ромите и Зорица во пакет ми се на исто рамниште, дури би рекла и за нијанса полоши. Бранџа на моменти изненадува, и иако застапува конзервативни гледишта, верувам дека со далеку почисто срце има влезено во шоуво за разлика од дотичниов горенаведен шљам. Патем, околу збиднувањето меѓу Стефани Ервин и Барбара можам само да кажам дека Стефани беше во право кога и` рече на Барбара дека зборува во шифри и потајно го предизвикува Ервин. Од авион се гледа дека го работи истиот занат како повеќето естрадни старлети, иако тоа вешто го прикрива. Spoiler: Стефани и Ервин Едит: Стојам зад тоа дека Ервин првата ноќ ја искористи Стефани, односно ја силуваше. И не ме чудат реакциите на станарите, туку на продукцијата која си дозволи такво нешто. Дури и публикава надвор навиваше и го бодреше Ервин што според мене е доказ дека е допрено најниското дно. Нема многу да должам, бидејќи мислам дека секој следен коментар би бил одвишен.
Вечерва Стефани самоволно ќе си оди? http://www.24sata.hr/reality/dosta-joj-je-svega-stefani-je-odlucila-otici-iz-big-brothera-442294
Неколку пати до сега рече дека ќе си оди па не отиде, немем ништо против ама што се фатила толку околу Барбара и Сораја, па крај краева што ти е гајле што работи и како заработува- нејзин проблем.
Јас мислам да не излезе Стефани воопшто несакам да испадне.Ивона е најубава,Стефани,и Мира.Дарко е поубав без брада се почудив кога го видов.Заличел на човек уште шишките да ги скрати малце.А што уствари бидна Ервин што сакаше пак да биде со Стефани?
Барбара и Стефани се гушкаат... Овие очигледно уште немаат оформено цврсто мислење еден за друг, еден ден се вреѓаат, друг ден се гушкаат. Сфашта.
Според мене најнормален е Дарко, не дека е од Македонија ама така е. Не се кара, не оговара и се труди околу задачите. Тина почна да ме нервира што се однесува така со Дарко, тој е во право кога не видел нема што да дискутира и да завзема страна сега. Зорица е најодвратна жена. Мика и Гиба се интересни а нивните родители малку се занесуваат. За Горан не знам што да кажам. Мирјана ептен се издиза со тоа имитирање животни а ми се допаѓа што е директна. Стефани не е светица ама барем е искрена. Барбара е ок, исто и Луча. Ервин си е во свбој филм. За Бранислав немам некое мислење но мислам дека тој следен ќе ја напушти куќата.