За сексот помеѓу Ервин и Стефанија е местејќи они права ат филмови на луѓето за да привлечат внимание. А Дарко ми е најсексии се топам кога ќе го видам
у позадина за време на журката се слуша: Дајте вина хочу лом, дајте цигане за сто.. Васиќи- Еве смо, еве смо https://video-fra3-1.xx.fbcdn.net/h...=bb3aa87815125b8800e8ad66c9400d3c&oe=55EE65A1 Омилении засекогаш!!!!!
Тоа е муабетот, плукаат по тие што гледаат Велики брат, а ги коментираат станарите. Која логика? Ако некоја серија, емисија, филм не гледам, не следам не се ни вкличувам на таа тема да коментирам, нели логички незнам таму што се дешава. Какви луѓе сакате да влезат? Досадни? Ови е што се избрани ја прават гледаноста. Мене блузнаците ми се најјаки баш пред малку гледав видео кога учествувале на Менувам жена живи комедии се.
Од каде пак сега извади дека емисијава била современа? Баш напротив, го носи светот назад. И не ми пречи сè додека по телевизииве нема ништо друго освен вакви глупости. Кога ќе видам како сите со ентузијазам зборуваат за ваква глупост: кој што ќе направел, кој како ќе се испијанчел, ај да не продолжам. И си мислам, до каде стигна светов, квалитетни програми и емисии од кои може да се научат милион работи фаќаат прашина некаде, а луѓето фама креваат за оваа глупост. Ама тоа зборува за самите луѓе. И секако дека нема да мислам дека луѓето што го гледаат шоуво се прекрасни, современи, интелигентни божици. Едноставно не оди.
Мене многу ми е глупаво тие што сметаат дека шоуто е глупаво, просто, дека не планираат да гледаат, коментираат во темава. Чим не ви се свиќа немојте ни да коментирате.. Едноставно е, само мрчите за нешто. Гледам сите ги обожаваат Васиќи, смешни им се. мене ми се премногу антипатични, зинале газ за пари, тоаедниот од близнацито со метлата на главата само се жали, испрал волку испрал толку. А шо очекуваше ќе си седе 24/7 и ќе си набљудува. Е така нема. Вчера сите не знаеа една столица да расклопат. Мајкава исто и за неа сите се сељаци, простаци и курви. Само татко им е онака океј. Стефани ја мислев за фина девојка, паметна а она уште првата ноќ легна со првиот што и застана на патот. Ервин виде пијана убава жена и фала богу го искористи тоа. Од жените фаворит ми е Барбара, фина убава паметна девојка Од маживе неам некој фаворит онака ми се сите што знам. Страшно ме нервира Зорица не почитува правила, стално се расправа и сака шефува. Чекај овие близнаците се шминкаа или мене не ми се гледа убаво?
Значи ти Лелке луѓето ги оценуваш според оваа ако гледат В.Б глупи се,неинтелегентни ,закржлавени во мозокот,луѓе без идеја за живот ?
јас зборував за современите личности на форумов ,тие што не постои табу тема,што на други теми се мн напред со менталитетот, кај виде ти јас да напишам современа е емисијата (како што би рекла ти)? Зошто ми ги извртуваш зборовите ? И ако сакате гледајте ако сакате не гледајте , само не дрдајте овде колку било срамно , вакво било , онакво не сакате да гледате али си го гледате !
А зошто па да не искоментира? Колку што знам не е забрането да се даде свое мислење на било која тема и потполно во право е девојчето од толку едукативни и информативни емисии и документарци некој гледа ова?! Секој за себе, да, ама да ми кажеш дека во текот на денот трошиш минимум еден час од бесценетото време на ваква глупост тоа неможам да сфатам, мое мислење е дека за просечни ликови е емисијава некој што навистина нема попаметна работа или пак е очајна домаќинка, можеби тоа е поради сиромашната програма воопшто на нашите телевизии но сепак ептен е просек и ова е само мислење нема потреба од потресување. Ако сте мнозинство што гледате не значи по дифолт дека сте во право.
^ Епа ако ви е глупо и просто едноставно избегнувајте ја темава не мора во секоја тема да се даде мислење зарем не? И мене многу теми не ме интересираат па не коментирам дека тие што таму коментираат се глупи. Едноставно ни ги отварам темите нит ништо. Фино лепо ги одминувам и читам тоа што ми е интересно. Како што кажа Валерин оставете не нас простите да си гледаме и коментираме.
Еј, ај малце slow down people... Значи, за сите што велат дека оние што не гледаат и го хејтаат шоуво, не треба да коментираат на темава - едно потсетување дека ова е тема на форум, а не фан пејџ на фејсбук. Така да, точно, секој има право да гледа што сака во слободно време, но и секој има право тука да си каже свое позитивно или негативно мислење. Како што во тема за некој изведувач не мора сите да се лигавиме колку е топ кис4е мва, така и овде не мора само да се паѓа од смеење на глупирањата на учесниците или да коментираме за тоа кој се испијанчил или се онадел уште втор ден како за нешто нормално. Да, ја паметиме, нејзиното однесување што ја донесе до победа е баш доказ за вредноста на ова шоу. Прејако "шоу" со интересни личности - прекрасен пример за младината, нема што. Ако хејтањето на истите е конзервативност, тогаш конзервативноста е комплимент. Трагедијата е во актуелноста на ваквите кич програми без никаква вредност, нивната застапеност како неизбежна тема околу нас до толку што се единствено што нашиве телевизии нудат за тепање досада. И без да седнеш асално со намера да гледаш, ќе ги научиш жирито од Звезде Гранда, ќе заслушаш за дотичниве Стефани и Ервин или ултра hilarious фамилијава Васиќи. Порано ги гледав за ругање и сеир (кога ќе ми текне дека и сум коментирала за нив у темата онаа сезона со Анета кога беше, поише ми иде шамар да си удрам отколку кога си читам статуси од 2009 ), ама сѐ поодвратни ми се ваквите реални шоуа. Без никаква цел, три месеци учесници кои се кој од кој поненормален се глупираат, караат, и на крај најнеморалниот и најненормалниот победува. Глупости на квадрат со три збора.
Добро, разбирам дека секој има право да си коментира тука, дали позитивно или негативно. Ама исто така нема никој право да не става ние што гледаме, на кантар со луѓе кои се неинтелигентни, закржлавени во мозокот и немаат идеја за животот Припазете малце со зборовите
Порано ептен со ќеф сум ги гледала ваквите шоуа. Се знаеше сите во една соба до две. Ќе флертуваат 40 дена па 42 ќе се бацат и толку. Сега па сиромашни,па богати,па средна класа. Па одма секс на екс. Толку ми е вештачко и комплицирано хаос. Ама добро е да го гледаш,барем да знаеш каков не треба да бидеш.
Вие што го гледате ова барем си признавате дека сте неинтелигентни, закржлавени во мозокот и прости . Сепак највеќе се криви тие што го организираат ова. Некои луѓе немаат пари за леб, овие се глупираат пред камера за пари. Ги заслужиле демек? Тоа е главниот проблем. I don't want to live on this planet anymore