Абе многу убаво што сте се запрашале. Ова прашање треба секој еден човек во животот да си го постави...Кој е всушност големиот брат? Ова прашање е многу важно за човештвото. Дали големиот брат е еден човек? Дали се повеќе луѓе? Дали е жена? Дали е робот? Не знам досега како опстојувало човештвото, живеејќи во мрак, и не знаејќи го одговорот на ова прашање.
@Tan4ence колку иритантен коментар имаш " барем си признавате дека сте неинтелигентни и прости"--ти си повеќе проста и неинтелигентна што не прифаќаш др мислења и др карактери.......значи според тебе повеќе од половина популација која ги гледа парови,велики брат,фарма се прости....тоа што го гледаш на тв всушност се случува во секојдневниот живот околу тебе,до тебе,под тебе ,над тебе итн...
Ваквите како тебе вообразени личности се неинтелегентни, закржлавени во мозокот и прости. Или што, ти си коко демек најпаметната тука, па исправаш криви краставици? Кој безобразлук еј! Знаеш ли колку луѓе вреѓаш тука на форумот? Од имево со 4че јас на пример можам се да заклучам која си и каква си. Исто како ти што заклучуваш за тие што го гледаат ова шоу.
Ако критериумот за некој дали е интелигентен или глуп е големиот брат,тогаш не ми е јасно зашто толку многу се гледа ова шоу низ целиот свет,мислам многу е ограничено некој така да размислува.
Шоуво далеку од тоа дека праќа некоја битна порака до човештвото, или пласира некаква си вредност. Факт е дека сите тие учесници, од прв до последен сe ставени таму како експериментални глувци да глумат лудило. Кој да изигрува кловн, кој да се глупира, кој да соли памет. Така да се согласувам дека тука реално нема многу што да се понуди, а следствено на тоа нема ниту поента. Но, сепак вие кои си земате за право дрско да навредувате, изгледа заборавате како преку викенд по кафулињата ги озборувате вашите пријатели и соперници? И зошто мислите дека вашите ефтини трач муабети упатени кон луѓе кои ги познавате се на скала повисоко од учесниците овде? Значи никој не може да ме убеди дека единствено како резултат на вакво нешто некој ќе реши да се конвертира во секс машина, или ќе преземе некоја карактеристика намерно која не се смета за општествено прифатлива. Човекот има тенденција да биде манипулиран, ама затоа од друга страна има и свест која му помага да расудува и се прилагодува према шаблонскиот вредносен систем. Така да, колку будали ќе има во шоуво, во исто толкав број ќе има и некои како вас кои ќе ја величат сопствената интелектуалност преку навредување по вакви теми, притоа гледајќи шпански и турски серии, со мисла дека нивните ликови се подобри од наведениве. Воедно, мислејќи дека којзнае каква услуга му направиле на човештвото што не го гледаат Големиот Брат, или некое друго шоу од сличен карактер. Да не должам многу, зборот ми беше дека светот е одамна отиден по ѓаволите и без Карадај, Дила или Големиот Брат. Телевизиите за ефтини пари ни го перат мозокот, и тоа е тоа. Крај краева не гледајте телевизија, најпаметно ќе ви биде. Иако, за Големиот Брат сакале или не, ќе слушате и знаете. Зошто за жал мнозината гледаат и им е интересно. И јас далеку од тоа дека имам во план да трошам време секој ден по еден час на гледање, или пак да фрлам пари преку смс скраја нека е. Ама дека од време на време од љубопитство ќе си пуштам да видам што се дешава, ќе си пуштам и дискутирам со оние кои гледаат.
Значи дефинитивно немам коментар за ова шоу, освен дека е најголемиот ужас. Ги собрале сите најнеморални суштества на едно место и сега ај да ги гледа некој. Посебно оние двајцата педерастичните, па од нив ми одмили човечкиот род.
Добро кој филм ја тепа Зорица уствари? Се и смета нејзе, наредува, навредува.. Оној бездомникот незнам како се вика ама газот не го мрднал да сработи со персоналот, само седи и се фали колку жени легнал. Александар ми се покажа како океј дечко, со оглед дека дома ништо не фаќал ова му е и премногу, се труди ете мие садови, помага во кујната. Спејко ми е онака океј, си ја врши работата без забушавање, само ме нервира што збори Српски. Барбара и она исто си ја гледа својата работа и многу многу не ја интересира кој што кажал. Доста се зближија со нашиот, добар тим се. Моментално го гледам, спомнаа дека имало измени во во персоналот. Зорица, Спејко и Барбара ако не се лажам се гости а Срефани, Гого и уште некој се во персоналот. Лука супер си ја брка работата како менаџер. Васиќи.. Посебна приказна, браќата се лудница, танцот, вежбањето, муабетите.. Вчера го советуваа татко им ако не бил способен да си купи вијагра а овој па кажуваше како и купил на жена му . Гледам ги разделиле Стефани и Ервин, кој знае како ќе издржи без секс
Секој има право да си даде свое мислење околу темава, ама да навредуваш некој со зборовите глуп, прост, неинтелегентен затоа што гледа Велики брат... Ако не сакаш не мора да гледаш, никој не те тера, искомемтирај и не го наметнувај твоето мислење на другите...
Кој што сака нека си гледа, негово право. Мене само ми е жал што многумина кои го следат ова шоу, не ни знаат од каде всушност доаѓа тоа Big Brother и зошто баш така се вика. Никогаш не го слушнале слоганот Big brother is watching you, не ја читале 1984 - своевремено футуристички роман, кој патем има многу јака поента. Некако, целото тоа глупирање ми е валкање и извитоперување на нечија идеја. Џорџ Орвел сега во гроб се превртува
Таа жената од фамилија Васиќ вика: - Каква келнерка имамo (за Стефани, со пиросјте), сите гости ќе ја силуваат Хахаххахахаххахаха
Стефани е исфрлена од шоуто но лажно.Таа од сега ќе биде кај Васичи,а Мика во луксузниот дел. Елвир плаче по нејзиното напуштање на куќата. LAŽNO IZBACIVANJE: Evo gde je završila Stefani! (FOTO) http://www.telegraf.rs/jetset/1746603-lazno-izbacivanje-evo-gde-je-zavrsila-stefani-foto