Штотуку се зачленав, и не видов ваква тема! Имам големи гради, секако природни, но навистина ми е многу непријатно кога луѓето ( особено машките ) зјапаат во нив... Криејќи ги (а тука се, џабе ги криев) се искривив во ‘рбетот. Имате ли некакво чаре за ваков проблем?
Колку години имаш, и како, на кој начин ги криеше градите? Чарето е да бидеш горда на своето тело и атрибути. Не се комплексирајте со тие цицки и газови веќе аман. Какви се такви се, ваши се.
Нема потреба да се криеш. Жени намерно ставаат силикони за да им бидат поголеми градите и одат со крената глава, а ти си имаш природни. Таков ти е телото и биди си горда на него. Облекувај се прилагодно за возраста и терај.
Е какво чаре да имаме? Колку побрзо си ги прифатиш градите и нивната големина и престанеш да мислиш кој и дали некој зјапа во нив, толку подобро за тебе. А и не гледам ништо срамно тука, колку жени плаќаат за тие гради, а ти па ги криеш. И да, како ги криеш градите па си се искривила?
Зошто да ги криеш? Батали комплекси! Жени со мали гради потпунки ставаат за да бидат поголеми,ти пак ќе се срамиш од нив.
Кога -тогаш ќе свиснат и малите и големите Ама што сте се уплашиле од тоа?! На 50 години не ќе шеташ топлес?!
Не, напротив од тоа грди гради. Ги кријам такашто кога седам земам секакви предмети во раце (доколку има детенце во близина па со него се занимавам, односно ги кријам), ги ставам рацете околуу стомакот со цел малце да ги закријам и нив, а наведнувајќи се се искривив... Сега се каам, но такво мислење имав пред 2-3 години, а сега се трудам што е можно повеќе да сум исправена, сепак сум млада
Чекај малку, си ги криела градите или сега ги криеш? Не ми е јасно навистина. И чаре за градите или за 'рбетот ти треба?
Ги криев градите на начините кои ги набројав, и сега се трудам некако да ги скријам од очите на „зјапачите“, а за ’рбетот си најдов чаре... Проблем ми се тие што зјапаат во мене. Има и дечковци кои излегуваат заради уживање и после се фалат дека поминале ноќ со „цицлестата“, а фала Богу не ми е десено ова до сега, но сепак е непријатно дури во школо да те зафркаваат дека си 5 минути по напред со цицките... Ме разбирате?
Ама не можеш да ги скриеш градите. И јас имам братучетка која што има големи гради и не се облекува провокативно ама сепак се гледа дека се големи. Не можеш да го смениш тоа што во школо те зафркаваат за градите ама смени го начинот на кој што реагираш на тоа. Сакам да кажам, не земај при срце се што ќе ти кажат, големи гради не се маана, верувај ми Не знам колку години имаш, ама еден ден се надевам дека ќе се оттргнеш од овие комплекси и ќе си го прифатиш телото, затоа што нема од што да се срамиш.
Ја пустата имам мерак за големи гради ама не сум надарена, да сум на твое место цело време надвор ќе ми бидат. Да се разбреме не цели туку така скоро
Девојко нема што да криеш, природата кога давала тебе те дарувала со големи гради, плус и ако се малку кренати, и ако си и убава...Немај гајле... Зјапачите само ќе зјапаат и ќе останат на тоа а тебе сигурно ќе ти годи ако знаеш дека некој те посматра Нема од што да се криеш они нека зјапаат... ја знаеш онаа народната п'лни очи празни раце хахаа
Нема потреба да се криеш треба да бидеш горда на своето тело. Ете јас имам мали гради, да не носам градник нема воопшто да се познаваат и би сакала да ми бидат малку поголеми, но не можам да ги променам какви се такви.
Ова требаше да биде смешно??? Малолетна е! Ги преминувате границите со простотилукот! Не ти е незгодно на девојче што го тролаат у школо и мисли дека има проблем вака да му одговориш? Па да ја имаш таа среќа да ми го кажеш ова мене у очи па ќе видиме кој ќе шета вака зацрнет! Мала е и неа и изгледа дека тоа и е проблем. Подразмисли како би го прифатила овој коментар твојата ќерка или твојата сестра или твојата мајка... Не е убаво вака да зборувате. Немојте да повредувате ниту луѓе кои ги знаете ниту луѓе кои не ги знаете. Злобата и простотилукот да си ги зачувате за по дома. @luda.mala душичке сега се развива твоето тело не се замарај. Игнорирај будали, батали кој што вика и кој што мисли. Не си го троши животот на туѓо мислење. Немој да се чувствуваш виновно ако сакаш некогаш да ги истакнеш градите твое тело твој избор ама пази се од будали. Најискрен совет: ич да не ти е гајле за другите! Луѓето ќе зборуваат и што било и што не било си патат од простотилук. Не се срами од својот изглед. Период е ќе сфатиш и ќе ти помине. Само те молам гледај да не станеш како Миа или како Мелита. Немој да си играш со фотошоп и да се обидуваш да бидеш некоја друга личност биди си своја.
Премногу бурно изреагира, не мислиш така? И дадовме совети, не можеме да и ги намалиме градите, тоа и е. Треба да си го прифати телото затоа што нема од што да се срами. А и впрочем не можеме ние од тука да и помогнеме, нека зборува со мајка, сестра, другарка, некој кој што ќе и даде совет и ќе и биде поддршка секој ден. Сликата е очигледно шега и сигурно девојката нема да ја сфати сериозно и навистина да се облече така. Не драматизирај.
Отвори на нет, прогуглај, ќе видиш кои модели на блузи одговараат на големи гради.. Во Лиска каков убав долен веш има за големи