Нели пар цицки го вжаруваат форумов у 1 после полноќ што сакате повеќе... После зошто не нѐ примаат у ЕУ, еве ради ова.
На 15 години ќе ти бидат комплекс. Од друга страна на 25 години ќе ти бидат огромен заводнички потенцијал. Многу мажи сакаат жени со големи гради. Јас сум еден од нив
Чаре ти е да не бидеш само градите што ги гледаат. Да научиш да се спротиставиш, инаку ќе продолжат да те заебаваат.
Баталете ги форите дека сите ставаат силикони од што сакаат да имаат големи гради,во пракса е сосема поинаку. Едно е да имаш природни убаво обликувани гради,со нормална големина,а друго е да имаш огромни гради,колку на една крава.... Големи гради-мојот најголем комплекс! Ми сметаат како што кажа некој погоре,не можам да трчам,не можам кошулата до горе да ја закопчам,одам искривена,ме боли многу грбот и што уште не Одкако знам за себе имам големи гради,значи почнаа да ми се развиваат уште пред официјалниот пубертет во кој навлегов околу 12 та година. Значи градите почнаа апла да ми растат кога имав околу 9-10 години,и уште тогаш требаше да носам градник,ама не сакав,па се "стегав"со беби-долче Градник ставив првпат на 13-14 години. Е сега замислете,колкава грешка направив што упорно си ги стегав градите во беби дол,место уредно да си ставев градник,од преголемо стегање,додуша и самата големина тука одигра улога,јас немам убави обликувани гради,туку малку паднати,е ова ме нервира многу. А за скапи градници што се оддадов од пари и да не зборувам,најголемите бројки едвај ми чинат и тоа само од Лиска ми се годат,најскапиот градник ми е 2000 денари земен,и другите не се нешто поефтини. А вие со мали гради со цената што јас ја давам за еден,вие ќе купите 10 ефтини градници Ќе излажам ако речам дека не ме мајтапеа и мене во основно и средно,во очи ми велеа леле колкави ти се,вака ќе ти правам така ќе ти правам,а мене ми се повраќаше од секојдневните дофрлања. Знам дека секој треба да го сака своето тело такво какво што е,но за жал до ден денешен не ги засакав моиве гради. Уште ми се комплекс,и уште слушам разни дофрлања,се случувало кога сум била интимна со дечкото да не го вадам градникот никако се случувало партнер да ми рече да ми ги сликал па да си ги гледал по дома(што секако не дозволив). Едно време размислував да направам операција и да ги намалам скроз,онака рамна ко даска да се направам,ама финансиски стојам слабо(патем да не има некој некое инфо,дали операции од ваков вид,ги покрива фондот за здравство?)
Вауууу, ко да и рече да си ги исече со тестера... На темава, девојче живеј си живот, за година, две после средно ќе им биде срам у очи да те погледнат тие комплексачите кои гзот би го дале за девојка со такви гради, оти ќе им текне кои сељаци биле обидувајќи се да бидат фраери. Ќе сакаат да ги имаат тие груди у раце потоа, али немаааааа... Нека пукнат. Ма да моеш и сеа да им каеш да ти титнат коа ќе видат боље груди, ти е гајле. А и ти понатака фала ќе им викаш на ,, другарките ,, , ќе видиш... Поздрав и се најубаво.
Malecki gradi, golemi gradi, gradi dolgi kako tikvi, krenati, svenati, problem, grdo, rekol eden vaka, rekol drug onaka... Vo celava prikazna problem postoi kaj dofrlacite, nekoi nezreli, nekoi poluzreli, a i vo prvite i vo vtorite ima lugje koi nikogas nema da sozreat. Znaete li sto e problem? Bolni gradi, gradi koi vo eden mig moze da gi snema, skaja da e od site takvo nesto. Uvo da ne ve boli za toa koj sto rekol, dofrlacot ke dofrli duri da ste kako vajani, toj pak ke najde pricina, tolku mu tezi toa sto go ima vo glavata, sto veli narodot - nitu toj ne saka, go teraat. Bez ogled na toa dali nekoja ima malecki ili enormno golemi gradi, treba da znaete deka zena ne se saka poradi nejzinite gradi. Ako nekoj ja saka poradi gradite, utre moze ke vidi nekoja so poubavi spored nego i ke ja ostavi. Zena se saka poradi ona sto go nosi vo sebe. Edno e nekoj da ima fizicki nedostatok, koj e vistinski problem, a drugo e da si nabivate kompleksi poradi nekoj sto dofrli, pa da se odi pod noz poradi toa. Znaete li lugje koi pravele na primer korekcija na nos? Kolku samo od tie lugje podobro izgledale pred operacijata - mnogu od niv, iako mislele deka formata na nivniot nos gi nagrduva. Nosot, gradite ili na nekogo nekoj drug del od teloto mu ja rusel samodoverbata, do tamu sto i na vaginalnite usnicki pocnaa da im berat gajle. Lugje, ne postoi samodoverba nitu vo gradi, nitu vo nos, nitu vo usi, nitu vo nekoj mladez na kozata, samodoverbata e vo nas samite. Nikoj ne e sovrsen, apsolutno nikoj, no zdravi li sme, togas glavata gore i cekorenje napred. Da si ni' ti ziva i zdrava, imas golemi gradi - vo red, pogrizi se da si go ispravis grbot koj si go iskrivila kriejki gi niv. Gradite nemas pricina da gi kries, neka se krie od svetot onoj koj ima sto da krie - svojata necovecnost.
Тебе те зезаат што имаш големи гради, мене ме зезаат што имам мали гради и така. Не им се замарај ама баш ич. За ништо на светов не би ги менувала моите јаготки
Можеби погрешно се изразив. На 15 години ќе се најдат секакви идиоти што ќе и дофрлуваат но подоцна во животот големите гради ќе и бидат голем плус според мене. Нема зошто да се срами воопшто. Девојки плќаат илјадници евра за силиконски гради и поголема самодоверба.
Рама, прашај ја матичната докторка, ако во меѓувреме никој не ти одговори на прашањето за фондот.. Инаку, сакам да искоментирам нешто во врска со твојот пост. Прво сакам да знаеш дека те разбирам како се чувствуваш, затоа што очигледно е дека од толку што ти пречат не можеш да ги перципираш како атрибут туку единствено како комплекс. Исто многу добро разбирам кога велиш дека момците повеќе те гледаат квантитативно како објект. Ама не се согласувам со тоа дека сите коментари од типот "уау колкави ти се" биле кажани поради негативна изненаденост. Вистината е дека многу голем дел од нив биле иронично кажани, со намера да те искомплексираат, во што и успеале, иако сум уверена дека некогаш во животот и самите посакале да имаат токму такви гради. Само ти во тој момент засрамена од нешто од што нема потреба, а не е ниту во твоја моќ да го контролираш не си ја видела позадината на нивната злонамерност. А позадината е токму нивен комплекс. Тој комплекс од нивна страна не мора секогаш да биде поврзан со градите. Може да биде и од физичка и од нефизичка природа. Но, едно е сигурно, а тоа е дека ти си им послужила како вентил за да се оправдаат и воздигнат себе си во сопствените очи. Околу вежбањето, ако мене искрено ме прашуваш, нема ништо посекси и естетски убаво од девојка со големи гради која трча на кеј. Не ти го кажувам ова сексуално, туку пријателски. Убаво е за око. Многу ретко кому не би му се допаднало, и лажат тие кои ќе речат одвратно е, зошто реално не е. Ако не чувствуваш болка при трчање, не гледам причина да ги држиш или криеш додека вежбаш или правиш било што. Зошто тие мора да се движат, како и секој орган од нашето тело. И може нема да веруваш, ама таа доза непријатност постои и кај девојките со помали гради при извршување било каква активност. Околу затегнатоста..Лично не познавам девојка која има потполно цврсти и прави гради. Тоа е реткост. Треба ептен да си физички активна, да работиш специјални вежби за да постигнеш резултати, а сите не можеме.
Со истото се соочувам од мала, јас секогаш се издвојував кога стануваше збор за поголеми гради, и од што се срамев и криев се искривив во рбетот тотално.. Сега веќе не се замарам, но своето си го направи кога бев помала со тоа што цела се искривив од пусти гради..
Знам и општо за бирање на градник не ти стои секаков обичен и не е тоа така едноставно само имам големи гради и ние си имаме проблеми тежат, болат пред мензис итн.. За костим за капење решението го пронајдов само во Лиска искрено други никакви не ми одговараа.. може се поскапи ама збориме за квалитет и убави што ке ги носеш со години.. исто и за градници само некои такви пошо мене не ми стојат др..
На темава, девојче мораш да се прифатиш таква како што си. Верувам дека ти се проблем и дека можат да станат комплекс. Верувам затоа што имам видено секакви гради. Не се сите задоволни со изгледот, големината, формата на градите многу се ретки тие девојки. Но, сите мораме да се сакаме какви што сме бидејќи сите сме создадени на посебен начин. Секој треба да ужива во својата уникатност, уживај и ти. Секогаш ќе постојат девојки што од поголеми ќе сакаат помали и обратно. Секогаш ќе има луѓе што ќе гледаат. Гордеј се со своето тело и немој да се криеш, облекувај се како што ти доликува и уживај во својата уникатна убавина.
Се пријавувам во клубот на девојки со мали гради кои сакаат поголеми Малечки се, ако не ставам прслук скоро и да не се познава дека ги имам. Единствено сум задоволна што се цврсти и кренати, ама па нормално е да ми се такви на 18 години. Јас си јадев ремет во основно ради задницата, (по)надарена сум таму, и за тоа што сум ниска. Рачунај и дека те разбирам до некаде. Али си се навикнав да си се сакам таква каква што сум, и на заебанциите одговарам со шали на моја сметка. Па што, јас ако не си се сакам самата, како можам да очекувам друг да ме сака. Така и ти, остави нека коментираат простичките, знаеш она полни очи празни раце, само да коментираат и можат.
Мојта фигура има форма на круша (мислам така беше).Гради немам.Според мене,не треба да се срамиш.Тоа е твое тело.Едни ќе ти префрлуваат од завист,други затоа што немаат попаметна работа.Научи да се сакаш себе си психички,и потоа ќе си го засакаш и телото.Мене ми е многу вулгарно кога ќе видам девојчиња со богато деколте но целото разголено.Читам и дека некои членки имале сличен проблем и сега имаат проблеми со грбот.Верувам дека си млада и сакаш да си го чуваш здравјето.Како што реков,имам мали гради но никогаш не сум имала комплекс поради нив.Операции мене ми се малку too much. @luda.mala се најдобро
@luda.mala девојче уживај и прифати си го телото какво што е. Колку порано се прифатиш и засакаш баш таква, толку подобро за тебе и плус нема да допираат коментарите од другите кон тебе. Нема човек што е совршен, и да е таков во наши очи, секој си има некој дел што не му е омилен на себе. Носи облека и градници во која ќе се чувстуваваш пријатно и убаво.
Ве замолувам да внимавате малку на јазикот со кој опишувате нечии гради. Пред cè девојки сме и срамота е да се користат вакви „суптилни“ навреди кон некоја која има поголеми гради. Коментарите со „прекрасните“ описи се тргнати и навистина ве замолувам да се оградите од такви во иднина. Ако имате коментар или совет упатен кон девојката која ја отворила темата - слободно изјаснете се. Ако не, воздржете се од непотребни коментари и себевозвишувања. Не е пристојно.
Решението е да се прифатиш онаква каква што си. Јас на пример имав комплекси зошто ми беа помали, можеби зошто и мене ме зафркаваа машките во школо дека сум даска, ама тоа во основно. Но, после се си дојде на место, никој повеќе не ме зафркаваше, можеби затоа што се прифатив онаква каква што сум а и тоа игра голема улога во тоа. Денес дури мислам дека ми се таман, ни поголеми ни помали не би сакала. Сепак има што да се фати со рака