Целата поента е да се прифатиш и засакаш себе си каква што си. Не треба да дозволиш градите да бидат единственото нешто и најбитното заради кое што утре на 20 + ќе ти приоѓаат дечковци, туку да бидат еден голем плус за дечкото што утре би те сакал и со нив и без нив.
... доколку си пропорционална во телото и имаш нормална телесна тежина, големите гради преставуваат женски украс на самото тело и секој би завидувал на тоа,но кај тебе мислам дека е друго проблемот... доколку си ниска,а немаш дисциплина во исхраната и се дебела, немаш тенка половина туку напротив фалти на стомакот, еее тогаш ќе имаш проблем во имање големи гради, нели? ... јас мислам дека не си искрена до крај кога се опишуваш самата, не ти се проблем градите...друг ти е проблемот!
Не гледам никаков проблем јас тука? Големи или мали секоја девојка се чувствува убаво која ќе ги изрази барем малку или со Граница нормално, без разлика на годините зашто сега и девојките од основно шетаат облечени како 25 годишни па нема никаков проблем тука . Нема шо да се криеш уживај си и тој шо те заебава кажи му дека ти е убаво така со големи гради и готово.
I jas si imam vakva maka . Niska ne sum , no sum debela se zdebeliv posle prvata bremenost i probav sekakvi dieti sto ne dadoa rezultat ama bas nikakov . Kako posledica na zgolemuvanjeto na tezinata , gradite mi porasnaa za 2 broja , pa sega ne mozam da si najdam soodveten gradnik . Pogolem broj mi e golem vo grbot , a pomal broj mi e mal vo korpite . Nemam kompleks vo vrska so gradite , no da prasam , momentalno pijam herbalife za namaluvanje na tezinata bidejki sum so mali deca i nemam moznost da se dvizam mnogu ( ogranicena sum ) , dali herbalife ke ima podednakov efekt i vo gradite ili ke mi ostanat vaka ogromni P . S . Koga oslabev vo sredno , mi bea sosem normalni , no sega ..
Будалчиња едни, нема срамење од големи гради, шо ви е? Жени плаќаат силикони за да имаат големи гради. И јас сум во таа група со големи гради и баш сум горда на тоа. И мене едно време ме зафркаваа ко помала за градите, и стално им враќав: Па да, иам ја гради за разлика од вас, вие ке си плаќате за да имате!
Мини се што е несоодветно се брише , доколку сметаш дека некој коментар ги надминува правилата пријави го , со @Mishela @koritsaki ќе разгледаме и ќе средиме
Остави нека зборат и нека се смеат,има чаре да престанеш да мислиш што зборат другите,и да живееш живот каков што ти е даден не се замарај со прост народ. И најубава на свет да си пак мани и критики ќе ти најдат неписмените нелуѓе.
нема потреба ниту од срам ниту од криење..јас имам големи гради па кога некој ми каже нешто одговорам "абе имам си ги некој дава пари за да има како мојте какви са ми такви са ми мои се" и горда сум на моите гради иако мисе големи....
Deojko nema potreba od kompleksi!!! Slobodno isprsi gi ,toa e isto koga nekoe masko saka da go krie deka ima pogolem od drugite. Sosema isto e toa. Mnogu maski veruvaj uzivaat vo takvi gradi.
Сите оние поради кои си набивање комплекси за што и да било, се ништо друго освен љубоморни и имаат ограмна завист кон Вас. Таквите само на игнорирање или пак спротивставување или пак со нивно оружје по нивни грб. Но најефикасно оружје е игнорирањето по некое време веднаш ќе прекинат.
http://www.femina.mk/здравје/совети...ја-хирургија-за-редукција-и-подигање-на-гради Девојки што мислите за ова? Јас почнав да размислувам, бидејќи имам големи гради, виснати, не можам од нив да трчам, ме боли постојано грбот, некогаш и ми тежат. Немам раѓано. Ајде споделете нешто, дали знаете некој кој ја има направено оваа интервенција?
Искрено не сум стручен но нашето тело е такво што со се што сме се родиле може да биде поддржано од нашето тело на пример твоите гради, со вежбање изградување на мускули по целото тело особено грбни и тн (со инструктор/ка треба да си разговораш или на физикална терапија) ќе ти ја олеснат тежината и многу повеќе ќе ти помогнат и ќе ти олеснат, се додека не се решиш дали да посегнеш по операции или не, не е само во трчање, вежби за зацврстување на мускули, вежби за истегнување и еластичност, се тоа ќе ти помогне. Извини што се замешав кај што не ми беше место
Градите се главно масно ткиво, и реално ако се преголеми, пречат. И покрај вежби и се, самите гради не може да се зацврстат оти нема мускул, со вежби може да се подигнат само, ама и тоа колку е можно... @Amelia мислам дека @blueeparadise правеше (или ќе прави) таков зафат. Факт е дека е покомплциран зафат, па ако се решиш на тоа најди навистина добар доктор. Макар и во странство.