1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Големи мали лаги (Big Little Lies) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 20 февруари 2017.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Немам читано книгата, ама ќе ви се приклучам и јас пошто некако интересна ми гледа серијата да е :), една епизода е излезена? И каде ја има да ја спуштам? :)
     
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    од колку часот и на која тв програма ?
     
  3. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Јас сега го симнав на попкорн. Утре ќе го гледам.
    Интересен вака ми изгледа.
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    За тие што ја читале книгата и ја изгледале првата епизода - добра е? Книгата ептееен ми се допадна, уште се сеќавам на некои работи и тоа во детали, па страв ми е да не ми се уништи впечатокот :worried:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Не можев да издржам да ја дочекам мајка ми, ме копкаше каков впечаток ќе ми остави и сега ја изгледав.

    Мене Рис Витерспун како Маделин ми е ептен интересна, баш некако така си ја замислував, а Шејлин ми е тешко да ја навикнам како мајка, али добро е погодена за улогата.. Малово Зиги колку е преслатко, сонце :sun:Никол Кидман не можам да си ја вклопам како Селест, а исто и Александар како Perry. Ама Том е потполно како што го замислував:D Ок доста за кастингот.

    Мене како за прва епизода солидна ми е, убаво ми ја долови книгата, баш како што е. Дефинитивно ќе продолжам да ја гледам, ме заинтересира како ќе се изиграат работите понатаму.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Првата епизода е супер. Го доловиле она оговарањето од првите страници, така беше, не не беше така... Ја прикажале конфузноста убаво. Ѕирни ја, нема да се разочараш мислам.
    Актерската екипа мене ми е супер, сите ми се вклопуваат во замислата, Рис особено ме изненади.
    Шејлин исто ми се допаѓа. Седум епизоди како што видов ќе има.
     
    На anel, Mishela и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Интересна втора епизода
    Како прво, сериозно... тотално нормално ми е жената да сака да си ја заштити ќерката, а и сите останати родители. Мислам, имаш дете кое има траги од давење и посочува виновник за тоа. Деца се, да, но дали овие деца се уште од мали толку изопачени како своите родители за да бидат измамници? Поима неам, т.е. имам прочитав што ќе се случи :D
    Втора работа, да те пали да ја тепаш жена ти итс нат нормал! Да те пали да те тепа маж ти итс нат нормал! Што му дале ваква улога на сексуљавиов, нејќам да го мразам :|
    Јас само сакам да живеам во таква куќа покрај океан со еден куп прозори и огромни тераси и да пијам кафе ѕверејќи во водата... демн ит.
    Kјут ми е келнерот, се прашувам дали ќе има некоја приказна со него
     
    На candy.cane, kikin, anel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас пред да ја изгледам третата епизода, да си пишам импресии за серијава :)
    Многу ми се допаѓа како е склопена, почнувајќи од тоа како ја раскажуваат приказната, колку добро се доловени сцените, музиката, изборот на актери... Сè ми е стварно супер и едвај ја чекам секоја наредна епизода (y) Селесте баш како Никол Кидман си ја замислував, а за Медлин малку поинаква слика си имав во глава, ама Рис Витерспун е толку добра, што јас повеќе го засакав нејзиниот лик во серијава :D Едино Шејлин ми е онака, ама ќе пројде :)
     
    На anel, kravce, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    И јас ги изгледав трите излезени епизоди (со прочитана книга) и засега можам да кажам дека ми се допаѓа текот на серијата. Сите ликови ми се убаво оформени и претставени. Океј, не баш сите, ама голем дел да. На пример Меделин е баш таква каква што ја замислив а Рис супер го доловува ликот на Меди. Џејн и Селест ми се океј, Пери и Ед исто. Рената воопшто не ја замислив така па ни келнерот Том, очекував дека ќе бидат посимпатични. Дечињата од друга страна се злата.

    По првата изгледана епизода, заклучив дека серијата е помеланхолична од книгата. Очекував драма серија но некако сите тажни уште во првата епизода и тоа малку ме заплаши но понатаму е се подобра и подобра. Саундракот на серијата ми е прекрасен.
    Инаку,
    Можеби сум само јас, но врската на Пери и Селест во книгата јас поинаку ја доживеав. Грубиот и агресивен секс не беше воопшто спомнат па кога почнаа тие сцени бев “чекај што?“
    И друго што приметив, во книгата јас не прочитав ништо за самоубиствните мисли на Џејн. И што беше работата со пиштолот? И тоа го немаше во книгата :$

    За крај, еве го саундтракот. Убава песна.

     
    На toogood и 1209 им се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    10.449
    Пол:
    Женски
    Четвртата епизода излезена е? Не можам да ја најдам
     
  11. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.989
    Да, ја има на rarbg.to .
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.481
    Пол:
    Женски
    Јас утрово ја гледав петтата епизода. Сега глеам оди на хбо...
    Мене серијава ми е малку спора искрено, очекував многу поинтересна да е.
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мене па некако брзо ми се случуваат настаниве :?: Може затоа што кога читаш, уште поспоро ти се одвива филмот во глава :)

    Инаку, морам да си кажам дека во последнава епизода ептен ме нервираше откопчаната кошула на Меделин :D
    123.jpg
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Nesto vamu, tamu po kanalive i op ja fativ Big Little Lies.
    Ne ocekuvav deka vaka dobro ke ja napravat (jas nacekav epizoda koja e nekade na sredina na knigata).
    Izgleda deka e mnogu verna kopija na knigata.

    Jas knigata ja imam slusano kako aoudiobook i se sekavam deka Madeline mnogu cesto upotrebuvase "Oh Calamity" pa od nejze mi ostana toa kako uzrecica. Vo epizodava sto ja izgledav Madeline ni ednas ne go upotrebi toj zbor. Aj, mozda vo slednata epizoda.

    Od mene ima visoka ocena.
     
    На candy.cane и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.481
    Пол:
    Женски
    Ме бендиса крајот :~:
     
  16. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна крајот. Поразличен од оној во книгата но беше баш океј. Прочитав низ интернетов дека нема да има втора сезона и супер што прекинуваат тука.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Финалето солидно, можело и подобро, ама сепак, задоволително.
    Во спојлер споредба книга и серија и спојлер за краевите.
    Не ми се допадна што Меделин имаше афера во серијава, во книгата немаше, а и не ја гледам реалната потреба. Исто така имаше и син во книгата кој целосно го исфрлиле, ама не ми се чини дека одзеде нешто од приказната.
    Немало потреба да ја изменат приказната за Аби и проектот нејзин.
    Во книгата Аби се откажа од проектот откако еден странец рече дека ќе донира пари за Амнести, па дури тогаш го симна сајтот. Се шпекулираше дека Селест ги дала парите, а Пери за тоа дозна на ноќта на тривиа, па и за тоа и префрли, демек ете, уште една тајна, а и колку пари мисли дека имаат Селест, и за посебен апартман и за ова. И стварно не гледам зашто ја измениле приказната.

    Супер е што локацијата иако сменета, сепак задржале автентичност. Во книгата во Австралија е дејството.

    Имаше и уште една приказна во книгата, маж и на Рената спиел со дадилката, и уште еден маж исто спиел со истата, не ми текнува кој само, изгледа беше на Харпер, на онаа што и го лижеше задникот цело време на Рената, па и тоа се дозна на тривиата, во книгата беше интересно како беше се исплеткано, ама во серијава само е беше непотребна дистракција, па добро е што го сецнале. Иако и тоа и даде на Рената уште една димензија, имаше причина да сочувствува со Селест, за тоа колку се мизерни мажите, нели.

    За крајот, убаво ќе беше да дадеа малку позадина за Бони, можеа да и уфрлат некоја реченица, нејзиниот татко бил злоставувач, затоа изреагира така, поттикната од минатото, а и затоа е толку зен сега.

    И не заврши баш како во серијава. Настаните се одвиваа на балкон, Бони го турна Пери, ама и Нејтан и Ед беа сведоци на настанот. Џејн и Пери разменија зборови, така и Селест сфати што се случило. Бони на крајот призна, не можеше да живее со тоа, ама доби само општествена казна, како и да се вика кај нас, саати да ги изработи и толку, Селест се пресели во апартманот, и се врати на адвокатската кариера, но исто така и зборуваше за семејното насилство, не премолча се, како во серијава. Тој крај мене многу повеќе ми се свиѓаше. Селест и помогна финансиски на Џејн, сега кога знаеше дека Зиги е син на Пери.

    Се на се, мислам дека кастингот ја направи серијава. Пери и Селест одлични, предобро ја портретираа врската, на Никол Кидман капа и симнувам. И покрај разликите не можам да речам дека сум разочарана, напротив, уживав додека ја гледав серијава. :)
     
    На candy.cane, Mishela, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.568
    Пол:
    Женски
    Да прашам дали серијата е потполно иста со книгата?
    Ја купив првен книгата да ја читам па не знам кога и дали да ја почнам и серијата во скоро време.:worried:
     
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Procitaj si ja knigata pa posle gledaj ja serijata.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.326
    Пол:
    Женски
    И јас у глобала сум задоволна со начинот на екранизацијата. Сега го Рејн ги кажа разликите сфатив дека уствари сум подзаборавила што се случуваше во книгата, стварно одамна ја читав и деталите ми беа матни, ама тоа кај Меделин ептен ми беше чудно, велам зар толку не се сеќавам...се укопчав дека уствари тоа и го немаше во книгата. Исто ќе се согласам дека крајот ептен беше избрзан, можеле уште една епизода за да ги кажат оние подеталности за Бони и за Селест. Мене баш на крајот книгата ми остави впечаток кога Селест држеше говори на состаноци за жени, кажуваше како го пребродела сето тоа, како станала свесна. Брзо се одвиваа дејствијата што е нормално за екранизација, ама да имаше уште 3 епизоди мислам дека ќе беше уште подобро опфатена книгата и ќе и дадеа длабочина на серијата, вака без сите оние позадински приказни на ликовите кои уствари ги прават тоа што се беа некако бледи и малку нафрлени.
    Како и да е одлични актери и одлична сценографија и глума. Стварно Никол и Меделин одлично ги портретираа ликовите. Исто и актерот што го глумеше Пери. Дури Џејн ми беше океј, иако актерката не ја сметам за многу јака актерка.
    Зои е прекрасна, стварно ја наследила шармантноста и убавината на татко и. А ќерката на Меделин, бомбона, одлични актерски способности за толку млада актерка. Алал да и е, се надевам ќе ја гледам и во други серии и филмови.

    Ми се допадна и јас како @RainBow уживав додека ја гледав, а и музиката беше прекрасна, многу добри саундтракови имаше.

     
    На RainBow, do-re-mi и Petar80 им се допаѓа ова.