1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Големи мали лаги (Big Little Lies) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 20 февруари 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Ги изгледав сите епизоди, денес третата е излезена.
    Насловната песна ептен ми се допаѓа.
    Мерил Стрип е одлична, прав избор е.
    Само, некако нема тензија сезонава. Нема ништо мистериозно. Фали неизвесност.
    Бавна е малку, не знам што мислат да направат со преостанатите епизоди.
     
    На GirlyGirly, WildMk, Brinetka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    10.127
    И јас ги изгледав трите епизоди, ок е засега сезонава. Прогнозирам дека мајката на Пери ќе им ги отежни животите на женскиве и ќе ги разоткрие. Којзнае можеби и неа ќе ја убијат:^)
     
    На LunaGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    11.625
    Пол:
    Женски
    Мери Луиз е психопат. Има епизода во сезонава Bad mother што се вика. Се кладам дека е таа. Син и од неа станал насилник.
     
    На Ginger^, MissDior, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Мери Луиз ми е забегана, мн некако лабаво го прифати фактот дека син и силувал жена. Максимално смирено:)
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам.
    Мерил толку добро глуми што дури и језива и е самата појава дури ја даваат во кадар таква со намонтирана полу-насмевка. Алал да и е.

    Мене втора сезона од оваа серија ми немаше поента искрено, ич не сум фан кога вака растегнуваат (непостоечка) приказна по некоја книга, ама засега не е толку лошо колку што очекував.
    Не верувам дека би имало некој wow пресврт како во претходната сезона, и веќе претпоставив и јас кој би бил можниот во оваа сезона па да видиме.

    Уживање ми се да ги гледам сепак, една од најдобрите актерски екипи собрана во 1 серија.
     
    На RainBow, MarigoldA, Brinetka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    18.950
    Пол:
    Женски
    Јас се приклучувам во муабетов за серијава, тука ја најдов барајќи нешто да тепам време, сега едвај чекам нова епизода да искочи:rofl:
    Првата сезона ми беше многу подобра и поинтересна за гледање, вторава некако сама си предвидувам што би можело да се случи:?: ама сепак го задржува моето внимание, има чиста 10ка за актерската екипа, да не зборам каков мерак е да гледаш тоа куќите какви им се:inlove:
     
    На Brinetka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Да во право си за сезоните, првата беше ептен повозбудлива и реално не држеше во неизвесност, ова сега некако знаеш што може да се случи според настаните. Ама сепак добра серија е не се пропушта
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Тотално разочарување сезонава. Ништо не се случува, последнава епизода со милион прекини едвај ја изгледав. Ја разводни приказната и од првата сезона. Таков кастинг, а неискористен.
     
    На Carolin., Brinetka и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Не ми беше лош крајот, ама сезоната секако не се споредува со претходната. Очекував вакво нешто како последната сцена, само се надевам дека нема да ја раздолжат во трета сезона. Нема потреба.
    Многу ми беше мило за Селест, едноставно заслужи да си извојува мал триумф за себе и децата. Каква жена, да не си и во кожата.
     
    На Brinetka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше многу досадна сезонава. Мерил Стрип беше одличен лик, ама стварно непотребна сезонава anyway. Негде прочитав дека нема да има трета сезона и мило ми е. Одличен cast беа, ама можеле да смислат подобра приказна кога веќе ја продолжија.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Заврши сезонава, фала богу, мачење беше за гледање.
    Толку бавна, монотона, без идеја...
    Џејн беше еден од главните ликови, а сезонава немаше приказна. Ништо не и се случи, тотално без врска потрошен лик. И судењето беше само пополнување на време, ко божем па ќе и ги дадеше некој децата на бабава. Она не ни знаеше што сака, за што сакаше да ги земе децата? На два месеци додека се оправи Селест, која воопшто и беше идејата? Глупости.
    Се надевам нема да има трета сезона, доста е.
     
    На Brinetka и Carolin. им се допаѓа ова.
  12. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    18.950
    Пол:
    Женски
    И јас сум со надежи дека нема да има трета сезона, доста беше, можеше комотно да остане на прва сезона и толку доста е. Вторава ја одолговлекоа, можеше се ова у две епизоди да се склопи и во првата и ајт.

    Се на се, убава серија, за актерите и глумата немам зборови.:inlove:
     
  13. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Машки
    Па првата сезона беше работена според книгата, сега втората е целосно на сценаристите :D
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    162.429
    Ми текна дека одамна Рејн ми ја препорача книгата. Денес случајно пак ми падна во раце и сфатив дека имало и серија.
    Уел...чао спиење.
     
    Последна измена: 28 јуни 2020
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Мене оваа серија многу ми се допадна. Кастингот е предобар. Секоја епизода ја доживував како игран филм.

    Серијата ми е баш впечатлива, ја изгледав пред некоја година и сеуште добро ја памтам. Ми се допаѓа како се измешани во ликовите и нивните постапки моралните вредности, како е нејасна границата до каде е нешто добро а до каде лошо, како ништо не е црно бело и едноставно..баш како што е и во животот а не како што е во холивудските филмови.
     
  16. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Машки
    Работена е според книга, книгата е уште поубава
    Втората сезона не беше според книга, бидејќи книгата нема продолжение, затоа беше послаба, но сепак актерската екипа е врв и направи добра втора сезона