1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голем астероид за два дена ќе удри во Земјата?

Дискусија во 'Канта' започната од lepa.milena, 20 март 2014.

  1. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Социјалните мрежи, посебно блоговите, последните денови се преполни со информации за наводен астероид што би требало да удри во Земјата за два дена – на 21 март и да предизвика крај на светот. Во прилог на ваквите тврдења, одат и некои факти.


    Имено, уште дамнешната 2003 година агенцијата Reuters издаде соопштение кое го пренесоа сите светски медиуми, дека постои можност Земјата во 2014 година да ја погоди голем астероид. Агенцијата го посочила и точниот датум, 21 март 2014 година.

    Според пишувањето на тогашен CNN, станува збор за астероидот именуван ’2003 QQ47′, чиј удар би има сила како на Земјата да паднале 20 атомски бомби, слични на оние фрлени врз Хирошима.

    Експертите во 2003 година рекле дека астероидите како овој всушност се парчиња од карпите кои останале при формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години.

    Овој астероид досега беше на безбедна оддалеченост од нашата планета, во појасот меѓу Марс и Јупитер. Но, влијанието на гравитациите на големите планети со кои е опкружен, го насочило кон Земјата.

    И додека многумина се уплашија дека доаѓа крајот на светот, има и такви кои тврдат дека шансите за удар се 1:909.000.

    Според нив, ударот на овој астероид воопшто нема да се случи. Имено, тој навистина постои, но нема да удри во Земјата ниту оваа недела, ниту во остатокот од векот. Правата вистина е дека на 26 март сигурно ќе помине покрај Земјата и тоа не поблиску од 19 милиони километри. А тоа е 50 пати повеќе од оддалеченоста на Месечината од Земјата.


    Што мислите за ова?
    Извор: актуелно24.мк
     
  2. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Зошто отвараш вакви теми кога „за два дена“ нема да биде и после 1 недела?
    Јас не верувам дека утре ке ни е крај на свет,ке поживееме уште малку.Можеби некаде ке поткачи астероидот,ама сигурна сум дека нема да ни го уништи светот.
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Може само темата да пропадне,ние ќе си живееме уште :D
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Крајот на светот утре, а рокот на јајцата ми истекува за неколку дена. Море нејќум Крај, после и тој ден ќе треба да го одработуваме во школо. Колку краеви сум доживеала, алал да ми е. Ептен сум издржлива. :D Ова ко традиција ни стана, секоја година по два/три пати, иде крај. Ајде сите во Скопје, тука постои Скопје 2014. Светот ќе заврши на 21.03.1014, во 11 часот, за повеќе информации, следете не` утре, во 13 часот на А1 тв. :D
    Мислам дека единствена закана на Земјата е супербурата, глобалното затоплување, или некоја еколошка катастрофа, што е реален проблем. Иако и во тоа не верувам. Денес постоиме и демек утре - ПУФ! Ќе не` снема, ахааа. :D
    Досега имало безброј „сигурни“ датуми на апокалипсата. Меѓутоа, ништо од црните предвидување не се случи. Ниту Антихрист слезе на Земјата, ниту Сонцето експлодира, мразот не се стопи, не влеговме во четврта димензија, половите не ги заменија местата, нуклеарни проектили не го уништија светот, не преминавме во следниот чекор на ''Точката Нула'', технологиите преживеаа, ниту онаа глупава споредба со Гангам стајл и крајот на светот не се исполни... На крај краева, да не се фалам, ама сум преживеала 5 краеви на светот. :rofl: Па што е уште овој. :rofl:
    Со олку напредна технологија, не може земјотрест да се предвиди, а камо ли овие горе што ги наведов... Уште едно медиумско профитирање, ништо друго...
     
    На tinka-mace, dakaranani, Madam-A и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Е како да не крај ке имало. Интересно е што овие информации најпрво стигат во Мк па после накај нас овде на западот.
    Само незнам како на некој му текнало да пишува такви глупости и да се занимава со невозможни работи како да нема стручни лица што го следат секое движење околу земјата па ајде ке му верувам на некој што кажал дека утре е крај на свет. Ако навистина беше така, луѓето немаше сега да седат на социјалните мрежи и да дискутират на оваа тема туку ке бараа начин да се спасат. А и се согласувам со мислењето над мене :)
     
  6. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Ова е најобична измислица и зафрканција и се согласувам со мислењето над мене дека тие што измислиле и шират ваква дезинформација ако тоа било вистина ќе наоѓале начин за да се спасат.а не да седат на социјалните мрежи и да шират и понатаму дезинформации! :?: :!: Дури и смешно е ова што го прават само за да привлечат внимание! :D А,кого навистина го интересира кога и дали ќе има астероиди,други природни катастрофи и уште колку ќе трае нашата планета може слободно да си го прочита Нострадамус,таму се убаво е објаснето! :)
     
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    http://m.idividi.com.mk/News.aspx?IDNews=911427. вао... ќе треба да направиме роденден на апокалипсата. Само ќе биде двоумење која датум да го поставиме. Претерано значи. Секоја година со истите глупости.
    И по неколку дена ќе изјават:" Астероидот никогаш не бил ни во сончевиот систем. Секогаш со истите глупости. Ако се униште планетата тоа ќе биде поради глобалното загревање или некоја слична глупост предизвикана од страна на нас самите.
    Само колку да има за што да се зборува низ цел свет и да се креваат узбуни.. Сѐ и сешто.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира луѓето што се занимаваат со вакви работи немаат ли други преоптеретувања?
    Едноставно како да им е досадно.

    Единствен астериод што може да им падне е тој во гаќи.
     
  9. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Што ке удри бре, и онака више се е удрено :) :) :)
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Ќе им се фалам на внуците колку „крави на светот“ имам преживеано.
    Да бидат горди на баба им. :muscle:
     
    На MarchelineAmaru, LittlePinky, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Некој длабоко профитира од секој крај на светот, така што не паѓајте на такви гнасни манипулации и шпекулации. :D

    Којзнае само колку милијарди биле извртени за 21 декември 2012 затоа што уште 3-4 години наназад се знаеше “крајот на светот“. :D

    Јас би го рекол следново... just another day in the universe. :)
     
    На Marossa и Saricko им се допаѓа ова.
  12. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    За два дена не астероид на Земјава, туку клуч на темава ќе се удри.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски

    Срцка имаш кафе од мене хахахаххахахахаххахахаха во сета оваа мака ме изнасмеа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    аааа ова е многу деликатна тема за да може да се даде вистински одговор пред време.
    Навратете се на темава утре или за посигурно - задутре...

    Ако ми го читате тексотов после 22.03.2014, големи се шансите да не удрил астероид во земјата, а останатите проценти (дека удрил) се правопропорционални со интелегенцијата на оние кои веруваат во овие тврдења.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Без грижа, тука е Иван Исцелител кој за пријателите негови од целиот свет, му се молел на Бог, од локација Куманово, Старо Нагоричане, астероидот да го оддалечи од планетата Земја и сега Земјата е безбедна, астероидот само ќе ја заобиколи Земјата, нема да има крај на светот, барем не засега, додека Иван исцелител се моли за нас грешните.

    http://vesti.mk/read/news/1124982/391663/ivan-iscelitel-ja-spasi-zemjata-od-apokalipsa
     
    На Anisijaf и artemidis им се допаѓа ова.
  16. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Абе истото го кажваја и за крајот на светот ама еве ништо нема..Јас да ви кажам реално не верувам повеќе во овие работи..никој освен Господ не знај за вакви работи :!: :geek:
     
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Јас на 21 декември 2012 качив температура. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Мижи да ти баам ;)
    како секоја лажна тревога, секоја година..
    again and again...
     
  19. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Досега што ти не имаме преживеано АЛАЛ ДА НИ Е !!! Абе каков астероид , какви бакрачи.Луѓее од вакви глупости неможеме да одиме напред.Астероид ќе не удрил , жими на баба гаќите.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ептен ја удри земјава астероидов.Изгледа се предомисли во последен момент :D Смешки.

    Mrs.Carter ами челични луѓе сме ние, што ни можит нас еден астероид? Нада :geek: