1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голем број на чевли и чизми

Дискусија во 'Мода и стил' започната од bubububu3, 26 септември 2010.

  1. bubububu3

    bubububu3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    здраво на сите! :hai: Имам проблем со наоѓање на чевли,штикли,чизми бидејки носам голем број,ај ако знаете некоја продавница кај шо има броеви над 40,ама да бидат убави и се разбира не мн. скапи.
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aх запознаена сум со ова. Мајками бивша кошаркарка, висока, со големо стапало 42/43 одвај наоѓа крај со крај.
    Значи 41 има низ продавнициве зашто јас носам 40/41 и наоѓам мнооогу често.
    Ама 42 или 43 се реткост. Се изненадив што во Њу Јоркер видов 42ки, дури мене ми беше голема 40ката, ама квалитетот на чевлите и чизмите е дискусија за себе...
    Пеко имаат чевли 42 дури и 43.
    А и Гуливер доле во подрум, тие се познати и цени имаат до плафон. Не се нормални, искористуваат што се единствена таква продавница па чизмите им се просечно 10000 за обични чизми значи!!!

    И мој совет оди во Баргала во Штип. Таму има 40, 41, 42, 43 ....
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  3. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    леле истооо...не можам да си најдам убави штикли 41, многуу се нервирам кога идам на шопинг за чевли само затоа што носам голем број и ретко наоѓам ;(
    а росонерка во кои продавници најчесто наоѓаш 41? зашто ја стварно многу ретко наоѓам штикли, патики се наоѓаат ама штикли многу тешко :(
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас во глобала ИЧ немам проблем со бројчиња.
    Според мене 41 има во мнооооооооогу продавници, и не се секирај, сигурна сум дека наоѓаш бројчиња, тешко тебе ќе било 42 да носиш. Вака среќничка си. 42 има во 2-3 продавници во Скопје.
    Јас 40ка сепак носам, ретко 41 купувам, како и да има во многу продавници. Не знам зашто ти е тешко да најдеш :?: Иако сум приметила тие со кинеско производство чевли имаат помала калап.
    Иначе оди во Њу Јоркер во Веро, има сигурно таму бројчиња за тебе!
    А има и низ гтц во 50% од продавниците 41.
     
  5. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Како ја не наоѓам 41 не ми е јасно :| :?: ... и точно во њу јоркер има големи броеви, од таму си купив патики :) а за штикли мислам дека ретки се 41...сум барала по продавнци...т.е. има 41 ама од највисоките 15ка :o .... сеа неделава ќе шетам по градов, во потрага сум по чизми, па ќе видам како стојат со броеви нашиве продавници :$ :)
     
  6. bubububu3

    bubububu3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    фала многу,значи Скопје е чарето хех,зошто кај нас нема никаков избор,една зима останав без чизми зошто немаше број,одев по патики цела зима во снегот.
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ооо, не сум била само јас со големо стапало :$ . Добро, со оглед на висинава :lol: Вака сега, носам најчесто 40, ама ова кинескиве чевли дефинитивно ја утнале работата, па 45 да купиш ќе бидат ко за 37. Е сега има, ама треба да се помачиш да најдеш, а плус и да ви кажам искрено, тука во ПП ми имаат речено дека демек немало многу жени за таа бројка па не земале од сите модели. :tmi: А што сум забележала, еве купувам патики Најк, како тие ми чинат 38 и пол, 39, а некои чевли ни 41 не одговараат? Е тоа е нешто значи непрофесионално :| Не се разбирам баш...има, се наоѓа, често ми се случило моделот што имаат 40 да ми е одвратен, ама ќе прошеташ, ќе почекаш некој ден, па наоѓам. И плус јас на мало штикле :wasntme:
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  8. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    И јас имам проблем со наоѓање на број на патики и чевли, пред месец, два бев залетана во орка пробвам 40 ептен мали, па пробвам 41 мали и на крај пробвам 42 и тие мали, броевите се големи ама искрено мене патиката не ми изгедаше за 42 туку за 40едвај :lol:
     
  9. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    луѓе знаете каде низ скопјево има високи чизми до колена ама големи броеви(41)...треба да идам у град оваа сабота па ако знаете кажете..да не губам време барајќи :$
    однапред благодарам :)
     
  10. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    ахх имам голем проблем со мојата огромна нога :D И јас и мајка ми сме со големи нозе, она наоѓа од пеко ама некако мн се теткински. Има во њу јоркер ама квалитетот.. искршив нозе. Затоа пред 2-3 недели патот под нозе и отидов во штип се мрднав од тоа каков избор има :D
     
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Не знам како прв пат ја гледам темата.
    Анжелик кажувај детали, има ли големи броеви во Баргала и какви модели на чевли има.
    А баш денес видов во една забутана продавничка овде во Скопје прекрасни сандали од Баргала и замислете ми беа точни.
    Се надевам дека до утре нема никој да ги купи.
    Едит: И цените какви беа?
     
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Па да у бунњаковец има една продавница што носат од баргала ама некако и тамо до 40 ги носат.. иначе имаше секаков избор и во фабриката и во 2те продавнички во центарот на Штип.. Имаше мноогу бои само што јас бев тргната конкретно по црни и си најдов 2 пара.. цените беа и повеќе од пристојни ако гледаш дека с кожни и многу удобни.. Конкретно едните сандали што ги купив 8ца негде со мала платформа и отворен прст беа 800 ден ( живо џабе) а обични салонки исто 8ца беа негде 1800 ( ама и тоа е прифатливо) а поудобни чевли немам носено :D се надевам ти помогнав ;)
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    И јас имам ваков проблем. Носам најчесто 41, некогаш ми се погодува и 40, и имам голем проблем со купување чевли. Многу тешко наоѓам штикли, а за патики нормално немам проблем.
     
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Низ продавнициве навистина нема ништо за жени со поголеми стапала. Јас го немам тој проблем, но имам една другарка 41 носи, еднаш гледаше балетанки немаше број од ниедни што и се допаѓаа. Навистина лошо, лошо..
     
  15. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Да ние во нашиов град имаме баргала продавница и супер е се има избор =)
     
  16. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Nosam broj 39-40 i ako nekoi baletanki ili cizmi sakam da kupat sekogas nema broj za mene.
     
  17. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    и јас имам голема нога..патики наоѓам лесно..ама штикли мн тешко ,а шо е најтрагично ногата не ми е толку голема колку шо ми се долги прстите..тие ми прават наголем проблем ..па овде во ова битолата едвај 40ки има а не 41..незнам појќе кај да барам се превртив неможам нигде да си најдам чевли на штиклааааа :(((
     
  18. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    38-39 носам , најбараниот број , немам проблеми со тоа :D понекогаш и 37 ми се фаќа , се зависи од моделот :D
     
  19. smile-girl

    smile-girl Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Леле јас сум уште 12 години а ногата ужас 40 41 носам! незнам како у иднина ке наогам броевии ??
     
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Јас пак 13 имам,и 41 носам ! Ама ако,висока сум,помал број не би ми одговарал :)