Naked and Afraid е шоу на Discovery кое почна да се прикажува во 2013 година. Идејата е следната - еден маж и една жена се оставени во целосна пустелија и треба да преживеат 21 ден. Со себе немаат апсолутно ништо, дури ни облека. Сепак, можат да одберат по еден предмет од понудените (најчесто бираат fire starter и нож, или нешто слично) кои ќе им бидат од помош. На почетокот сите кандидати се оценуваат според физичката способност, искуството и менталната стабилност и најчесто паровите така ги спојуваат - на пример некој што е физички поспремен со некој што има искуство со преживување во дивина. Во текот на тие 3 недели, паровите се соочуваат со секакви непријатности - неповолни временски услови, немање храна и чиста вода, неможност да се најде засолниште, опасност од диви животни и секакви отровни инсекти. Постојано ги снима екипа, но учесниците се оставени буквално сами на себе, освен во критични случаи кога здравствената состојба им е влошена и итно им е потребна медицинска помош. Можат да се откажат пред да помине 21виот ден, со тоа што, другиот учесник продолжува сам. Исто така им даваат и на нив камери, па се снимаат сами во некои ситуации. Преживуваат сè и сешто, почнувајќи од убоди од инсекти, глад, студ, хипотермија, хипертермија, дехидрација и секакви инфекции. Најчудниот дел од емисијава е тоа што не добиваат апсолутно никаква награда. Целото шоу е со цел кандидатите да ја тестираат својата способност. Емисијава е интересна, иако бев малку скептична, зашто не сум голем фан на вакви реални шоуа. Ама се заразив со епизодите, последниве неколку дена само тоа гледам. Има некои епизоди на YouTube, еве една, чисто за да видите за што се работи Има некој на форумов што го следи ова шоу? Ја пребарав цела категорија, не најдов ваква тема, ако е дупла заклучете ја.
Одвреме-навреме погледнуваме некоја епизода од шоуто. Во глобала, без врска е, ама има нешто што влече да се изгледаат епизодите до крај. Без врска е тоа што шоуто е далеку од реално. -Кој во реална ситуација би се нашол угол гол во природа? Без врска е цензурата. -Која е поентата на замаглен пола ТВ кога дремат голи три недели пред камера? Без врска е можноста за бирање оружје, алатка, кремен. -Кој во реалност ти дава во пустелија мачета, тенџере, тесла...? Без врска е тоа што сите кандидати се атлетски градени, а кандидатките скоро па фото модели. -Да во Америка само совршени луѓе живеат. Без врска е што локациите се тропски острови, топли места, Африка, Ј. Америка. -Аљаска кај им е, ако Сибир да речеме им е пресуров? Без врска е дури и смешно е што толкави волови и магарици рикаат за идење дома. -Кај мислеле они дека кидат И уште многу без врска има, ама ете Беар Грилс не испозарази и откачување од овој жанр тешко.