Голи пред детето

Дискусија во 'Дете' започната од Sky-butterfly, 18 декември 2015.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.514
    Допаѓања:
    48.105
    Денес додека се туширав, во купатило ми влезе син (4 години), му се одило во вц.
    Си седна на шолја и ме гледа.
    Јас во када стојам, немаме никаков параван. Ми падна така непријатно, срам...
    Си размислувам: океј, тој нема во него сеуште чувство на "таков" срам или непријатност, мал е, не му се познати никакви секс сцени, никогаш нема видено нешто слично (не го пуштаме тв преку ден освен за цртани или спорт) и јас се обидував да останам искулирана.

    Го приметувам дека ме студира и му велам: гледаш, мама е поразлична од тебе.
    И тој ми вели: дааа. Мама е женско. А татко е машко. И сестричка е женско.
    И на толку остана. Ништо повеќе не ме праша. Jа знае таа разлика меѓу половите, знае да ги разликува машки и женски физички.

    Порано се имав пресоблекувано пред него, ама набрзина, ама сега ептен некако бев 'изложена' и не ми беше пријатнo.

    Би сакала да слушнам ваши мислења, искуства?
    Дали се шетате голи пред детето/децата, и до која возраст? И како ја одредуваме таа граница, возраст, врз основа на што?

    Дали сметате дека тоа е нормално нешто, природно, па така треба и да се однесуваме?
    Или сепак треба да се има граници и шетањето гол пред дете е погрешно? И ако мислите да, зошто е погрешно?


    Ако има слична тема, префрлете ме, мене не ми излезе во пребарувачот.
    Исто и насловот ако треба да се измени, би била благодарна :)


    Дополнување: Исто се прашувам кога треба да се зборува за сексуалноста пред детето, дека интимните делови служат и за нешто друго освен за "мочкање". Или да оставиме самите да си учат?
    Некаде давно прочитав дека детето веќе на оваа возраст (порано или подоцна) го осознава сопственото тело, сексуалноста? Кога го видиме да се "допира", дали и како треба да реагираме?
     
    На Eli23 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    5.823
    Допаѓања:
    58.944
    Пол:
    Женски
    Pred nekoi si 2godini bevme kaj edni prijateli, si sedevme, mezevme, pievme, zezavme.... I na prijatelov mu se priodi vo WC, si pojde covekov, no neli kako za belja na decata bas koga e zafateno WC-to im se mocka, I na lugevo bidejki im bea mali decata (2,5 I 5god) lugevo nemaa obicaj da se zaklucuvaat, I ova pomalovo drang direkt vo WC, vleze, vide sto vide si mocnalo na noksircheto I si iskachaat onaka zaedno tatko I kerka od WC I koga malovo so najoriginalnoto facice kazuva, leleeee da vidite na tato kolkav mu e I pokazuva so rachinjata :x (facepalm) :D :D :D abe mislam deka zajdovme od smeenje, ali da taichko vo zemja propadna :rofl:

    Drug slucaj kerka na moja bliska 5godinki spie uste so mama I tato, koga na spalna koga vo krevetce. Na gosti kaj mene ona na tablet, jas gledam film I koga vo filmot pocnuvaat dvajca da se baknuvaat I soblekuvaat, jas onakva brzo da smenam kanal, ona me seti pogledna pod oko mi se vrti I mi vika, ne menuvaj jas sto se ne sum videla :!: navecher mama I tato uste sto nepravat, oni mislat deka jas spijam, ali ne jas se gledam :tmi: :swear: :wasntme: :D neznaev kako da izreagiram :sweat:
    Isto drug moment, ja cuvam I trebase da se banjam, I I vikam sedi si ti tuka na tablet igraj jas brzo ke se izbanjam I dojdam, ne se plasi tuka sum, I onakva mi se vrti de be pa ti nie isti sme sto poveke ke vidam ali kako sakas :wasntme: :$ :D ja ostaviv vo dnevna so tabletot inache :lol:

    Sinche na moja bliska imase period okolu 5-6 godinki koga na site kazuvase, se zalese, ponekogas I plachese, prosto nemozese da svati kako na tato mu e tolkav golem a negoviot malechok ^_^ :D Duri vo edna prilika go prasuva mm tebe kolkav ti e i pokazuva so rachinjata demek mm da kaze dolzina :D

    Neznam mislam kolku I da se obiduvame nema da izbegame od neprijatnostite neminovni se :lol: ali pa ubavo e I da se pazi sto se se pokazuva pred niv, vozrast koga treba da se prestane da se soblekuva pred decata vaka ko sto poslo se e ponapredno otideno najdobro maksimum do 1godina, posle paravan, kluc na vrata....
     
    На rose60, Eli23, kallias и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.243
    Пол:
    Машки
    Според мене не е ништо страшно што ти влегол и да си ја заврши својата работа. Сепак е дете, мал е и сеуште не разбира некои работи. Ете, си му објаснила и веќе ја има увидено разликата од машко и женско. За пуштање голи сцени на ТВ и јас сум против, сепак се деца. Меѓутоа кога би пораснале не гледам причина да сменам канал, сепак тоа е нормална работа.

    Еве, јас како нечиј син ќе си кажам за мене. Мајка ми и ден денес се пресоблекува пред нас, нормално по гаќи и само набрзина ќе го извади или облече прслукот. Двете мои братучетки се имаат пресоблекувано пред мене. Или додека братучетка ми ја доеше внука ми не се криеше или срамеше. Пак ќе повторам, според мене е нормална работа и ниту во еден момент не сум помислил нешто друго. Само болен ум може да ја гледа својата мајка и сестра со други очи. Еднашка бев по голема нужда во ВЦ и не сум ја заклучил вратата и додека се бришев татко ми влета и ме виде гол. Негова грешка е што не тропнал на вратата, ама ништо исто како да не ме видел. Друг пример, пред татко ми да влезе да се тушира мајка му му рече да се соблече и да ги распореди алиштата за перење. Во тој момент јас излегувам од дневна и беше гол и набрзина со раката си го покри тој дел и влезе во ВЦ. Од друга страна пак, јас не се пресоблекувам пред моите дома туку одам во мојата соба. Ако некој ми влезе не се кријам (по боксерки). Или пак не шетам или пресоблекувам додека имам ерекција, некако срам ми е и не сум толку слободен.

    И да, секако дека треба да се разговара со децата за сексуалноста и пред пубертетот. Мислам дека мајката треба да ја подготви ќерката однапред што да очекува кога ќе добие за прв пат и кои промени ќе настанат со нејзиното тело, а не еден ден кога ќе се разбуди и погледне да се извади од памет. Истото важи и за машките деца, дека таткото е тој што треба да разговара со синот за промените на неговото тело, за секс, за заштита, за девојки и слични теми. Некаде на форум прочитав дека еден си разговарал со татко му за овие работи и му одговорил на сите прашања. Така треба и да биде.
    Кога ќе имам деца еден ден ќе воспоставам со нив другарски однос, а родител ќе бидам само во одредени ситуации.

    Овде кај нас ваквите ситуации сеуште се табу и срамота е да се зборува. Не ггледам зошто би било срамота и како што почнав така и ќе завршам - сето ова е нормална, природна работа.
     
    На Lolipop23, wanderlust, tina-63 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.243
    Пол:
    Машки
    Се згазив од смеење. Опасни се децава значи. :rofl::rofl:
     
    На wanderlust, koritsaki, tina-63 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    16.927
    Пол:
    Женски
    Внуците од бρат ми(машκи) се на 3год и 6год возρаст. Постаρиот често знаеше пρед сите да κаже:"А што шепотевте вие двајца под κебе ноќесκа? Вие мислите спијам ама јас се слушам."
    А помалиот е пρемногу пρивρзан со снаа ми,па ја чеκа пρед вρата од Вц,и се случило влегол а она со влошκата в ρаκа и веднаш пρашање:"Мамо зошто и ти носиш пампеρс?" :) :)
    И уште нешто,постаρиот внуκ,κога јас се поρодив,цело вρеме баρаше да види од κаде излегол бато(снаа ми е поρодена со цаρсκи,па ја видел лузната),јас немав ништо на стомаκ и му беше нејасно па ми велеше:"па од κаде го извадоја бато?" :D :D
     
    На makgirl, XMaN, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    4.917
    Koga sme na ovaa tema jas na sinko mu kazuvam deka mama ima d** de a tato k**e , i on sam vika i jas imam k** e, mama ima cice vika sam i si se presoblakame so mm pred nego i ok ne gledam nisto strasno ni sramno. A me vidi razgolena vednas trca da me guska po goliot del ili koga sum po gakicki saka da ja stavi glavata na butcinjata i da se gali.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    24.429
    Накај смех ја носите темата а јас мислев којзнае каква сериозна дискусија ќе се започне! Како и да е, се изнасмејав!
    Инаку мојата ќеркичка е 20 месеци и знаете дека дете на таа возраст нема поима од ,,таквимити работи,,
    Јас се облекувам пред неа, и гола скроз ме има видено (ако воопшто знае што виде), ама по некои работи кои овде ги прочитав мислам дека во скоро време ќе почнам да се кријам и да ја изгубам таа навика да се пресоблекувам пред неа...оти нејќам раскажување пред народ!
    ММ па строго правило му е пред детето никако да се соблекува! Ја остава пред врата во спална да вришти на цел глас дури се пресоблекува и нема шанси да ја пушти внатре! Дури не облече боксерици и маица не и отвара!
    Инаку многупати се имам прашано како ќе оди тоа објаснување на децата за ,,правењето бебе,, ,,водењето љубов меѓу маж и жена,, и сл. прашања ама немам врска како би течел разговорот! Иако имаме време до тие разговори, но ме занима како треба да им се објасни на децата! Поискусните родители нека споделат!
     
  8. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.112
    Пол:
    Женски
    Sin mi e 3 ipol god i cesto se slucuva da vleze vo wc dodeka se tusiram,sto jas ne gledam nisto loso na toa zasto od bebe go vrzuvav vo kolickata i vo wc dodeka se izbanjam zasto nema koj da go pocuva mm e vo stranstvo i mora da se snajdes :) . Pred nego so mm nikogas ne sme pravele nisto nekako ne mi e vo red toa,no cesto znae da kaze jas imam kure a mama dunde a cice imame i ja i mama :rofl:
    Imase nekoj problem so kureto pa posle intervencijata na doktor mnogu go bolese i bilo koe masko da go videse obavezno go prasuvase dali i nego mu pravele taka na kureto i dali gi bolelo pa barase i da mu pokazat :lol:
    So mnogu razgovori se nauci deka ne treba da prasuva takvi raboti.
    Inaku za muabetite kako se pravat deca e mnogu rano da razmisluvam kako bi mi pocnale mnogu e mal za da svati.A inaku misli deka site deca ispagaat od meseto t.e. deka doktorot go sece meseto i go vade bebeto.Carski sum i jas porodena i verojatno zatoa taka misle..
     
  9. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    396
    Јас пред син ми престанав да се соблекувам штом го одбив од доење на околу 13 месеци. И поминаа така 3-4 месеци и си викам заборавил сигурно, а фати студено, и еден ден брзам да се облечам во дневна ама свртена од друга страна. И случајно се свртев кон него а тој ме гледа во градите и кога се насмеа како да видел нешто ептен убаво. Па покажува накај мене и вика мамоооооо. Ја му викам што има мама сине. А он со устето прави па-па како за јадење што покажуваше. Се згазив од смеење, не ми се веруваше дека памети дека цицал.
    После тоа не сум се соблекла пред него. Ама во WC не ставаме клуч. Сега се научи да заклучува а не знае да отклучи па ми е страв да не се затвори внатре. И сега често ми влегува кога сум на шоља и вика мама кака. За бањање имаме параван ама со маж ми го пазиме да не влегува кога некој е во када.
     
    На Eli23 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    солзи ми дојдоја од смеење хахааахахааа велики поздрав до тато со толкавиот хахахахааа .Инаку јас сум против соблекување пред деца , и родители!
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    45.410
    I jas sum protiv golotiite pred decata zaso posle ostanuva ko #traumioddetstvoto xD I neznajs pred kogo sto mozat da lupnat :D
    Ovoj slucaj vo red e, ete, taka se slucilo, ama ona poigruvanje so decata so tie stvari stvarno mi se :puke:

    Ili pa ko ce porastat ce gi baraat tetkite sto kako mal sakaa da mu go jadat kureto. Wahaha :$[SPOILER/]
     
    На BabyStyle, cresa-jagoda, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    74.659
    Пол:
    Женски
    Кога биле мали можеби и сум се соблекувала,ама штом почнаа да зборуваат се срамам,баш од тоа што детето не разбира а ќе те посрами пред други.
    Еднаш само син ми не има фатено во незгодна ситуација со прашање-тато а зошто ја месиш мама?:D:D
    Онака гола јас и маж ми не парадираме,ни тој пред син ми ни јас пред ќерка ми.Доколку морам да се пресоблечам во топло,тоа обично во зима,барам да се завртат.Сега син ми веќе излегува од соба а ќерка ми врти глава.Никогаш не сум дозволила да ме видат гола на изволте .Ниту пак маж ми.
    Имав колешка која кажуваше дека после туширање си парадира пред децата,и таа и маж и,демек било природно.За мене не е и мора да постои некоја граница на голотија што се вели.
    Мене ми е непријатно тоа ,не знам.
    Купатилото секогаш го заклучувам никогаш не ме начекале или јас нив.
    Исто се однесува и мм.
    Со ќерка ми имам многу разговарано на тема секс,менструација,контрацепција.Не зборувам за оргазам и за такви некои детали зашто сепак сама ќе открие доволно е што сум и го покажала правецот.
    Е со син ми е поинаку.Воопшто не разговарам на таа тема со него а не верувам ни мм ,барем не сум ги слушнала.
    Секако дека треба да им се укаже ама не сум за цртање до детал.Не знам срам ми е некако.:whew:
     
    На Mïłëñã❣❣❣, Eli23, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  13. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    12.543
    Пол:
    Женски
    Јас пред ќерка ми, 2 години, се соблекувам гола само нагоре, исто и маж ми. Кога беше 1,5 година, кога ќе ме видеше гола ми викаше: Голи цици, пу самота (голи цицки, пу срамота :D).
    Истото го викаше и на Голи и смешни (обожаваше да ги гледа).
    Си мачкав еднаш маст на брадавиците и ми вика: Да мачкаме кљемче на циците и се фаќа на нејзините цици :D
    Сега кога се соблекувам само ме посматра и ќуте, како инспектор :D.
    Маж ми, пак, кога бил на гости кај комшиите, излегува комшијата и детето (5 години) заедно од бањата и детето рекло на мајка му:
    Мамо, тато има влакна на к..от :rofl:.
    Мислам дека до одредена возраст е во ред да се соблекуваме пред децата, ама после некое време може да стане непријатно и за нас, и за другите :D.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    953
    На одмор ни се случува да се бањаме заедно, знаете како е тушираше после плажа. Синчето со татко му но ме гледа како излегувам од када гола на пример. И мене почна да ме фаќа срам последно време а и не сакам лошо психолошки да му влијаам. Ќе се трудам веќе да не ме глеа гола ич. 3 год. има точно. За разменување љубовни течности секогаш внимавам и уште повеќе ќе внимавам т.е. во друга соба тоа да се одвива дека знам јас кои трауми сум ги имала кога сум била „заспан сведок„ на ваков чин. Траума ептен голема беше тоа за мене.
     
    На Eli23, Kaetana и MacenceEna им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.514
    Допаѓања:
    48.105
    Дефинитивно, во земја ќе пропаднев ако детето ми такво нешто каже пред другите.
    Јас мислам дека е до родителот колку тој го охрабрува детето во такво зборување, или сепак го поучува дека на муабетиве не им е место во јавност.

    Син ми беше навикнат кога оди во тоалет и излегува скроз соблечен, исто навикнат кога го чеше нешто, право се соблекува скроз со се гаќи, да се почеше. Имаше случаеви такви пред гости. Меѓутоа, веќе му зборувавме дека тоа не се прави пред луѓе, веќе е голем и дека не е нормално да се соблекува во јавност, и тој го разбира тоа и не го прави веќе.

    А да сме се смееле на тоа, детето секако би било охрабрено да продолжи, а ниту е нешто паметно за смеење ниту веќе е соодветно да прави. Па непријатно е и на другите луѓе околу.

    Друго, строго сум против зборување за интимни делови во јавност, или пак недај Боже од страна на трето лице.
    Сигурно сте имале случај од некој стар дедо како го прашува машкото дете: еј дедино, што имаш во гаќите? (facepalm) па уште и рака му пушта во гаќите, а сите наоколу се смејат (facepalm)
    Не знам дали изумреја вакви однесувања, сигурно се наоѓа уште по некој примерок, додуша не сакам да ги сретнам.
    Знам дека во нормални земји можеш ладно да го тужиш за педофилија, само на Балканот уште се "смешни" вакви работи.

    Детето никогаш не не начекало во секс поза :P додуша и има своја соба и ќе се трудиме да не се случи тоа.

    На мисла ми беа такви некои мислења како на колешката на Луничка, демек природно е, нема што да се срамат/кријат, сите шетаат голи, ама и мене не ми е нормално тоа.
     
    На sugarlips, Eli23, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Jas sum protiv setanje goli pred decata.mene mi e nekako neubavo nevkusno.pogolemata kerka vekje se razbira, za polovite koj sto ima:), i imam objasnuvano kako i od kade sestrai iskocila, a na toa slwduvaat prasanja i potprasanja.oklu toa sum otvorena za razgovor i i kazuvam kako sto e a ne dek strkot gi nosi bebinjata.po dolen ves se soblekuvam koga se oblakam ama gola mi e neprijatno.
    Se sekjavam na edna moja drugarka imavme 15-16 god, i otidov na gosti, leto bese.otvara taa vrata po prsluk i gakji me precekuva, a si bese taka ubavo nadarena, a tatko i doma i taka ona fino lepo i pred nego si se rasetuvase ni sram ni perde.neznam moze sum zatucana ama eve i do den denes koga idam kaj moite sum pribrana, pa kolku i da e toplo sum prikladno oblecena.
     
    На sugarlips, Eli23, BabyStyle и 5 други им се допаѓа ова.
  17. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    А колку години има ќеркати,ако не е тајна?
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    ФОТОГРАФИЈА КОЈАШТО ПРЕДИЗВИКА ОГРОМНА ПОЛЕМИКА: ЗА МНОГУМИНА ОВА Е НЕДОПУСТЛИВО!


    [​IMG]

    Тробен Крис, дански комичар, на својот Facebook профил објави фотографија којa предизвика голема полемика на интернет мрежата.


    Глетката од голиот татко, како во кадата се капе со својата 2-годишна ќерка поединци ја оценија како непримерна, а некои дури отидоа до тој степен што го осудија за педофилија. Но има и такви коишто на фотографијата не гледаат ништо лошо. За неа коментар дадоа и психотерапевтите.


    Која е приказната?

    Спорната фотографија всушност воопшто не е објавена случајно. Комичарот кој во стенд-ап шоуто "JYDELOGIK" го разрешува односот на Данска кон голотијата, добил порака од многу татковци коишто наишле на слични обвиненија со коишто сега тој се бори.

    - Еден татко ми кажа дека странец го обвинилe за педофилија бидејќи се капел со својата 2-годишна ќерка. Друг пак бил опоменат поради своите нагони кон педофилијата, бидејќи на друштвените мрежи објавил фотографија од плетенките на својата 11-годишна ќерка додека истите паѓаат на нејзиниот гол грб. Ми се јави и маж чијашто сопруга смета дека е непримерно за нивната ќерка да го гледа својот татко додека уринира, раскажува данскиот комичар.

    Со оваа фотографија тој сака да го поддржи ставот дека децата и возрасните смеат да бидат голи заедно.

    - Ако не можеме едни покрај други да стоиме голи, тогаш би се раѓале со облека, напоменува тој.

    А потоа и потенцираше дека "голотијата на родителите со децата не е грозна, туку природна".

    - Таткото којшто се капе со својата ќерка не е педофилија, туку забава, порачува тој.

    Што велат психотерапевтите?

    Мислењата за ваквиот чин се поделени. Постојат луѓе коишто се нудисти и натуристи, за коишто ваквото капење со децата е нешто сосема вообичаено. Постојат и такви коишто сметаат дека тоа може да го трауматизира детето и кај детето да креира погрешна претстава за сексуалноста.

    Психотерапевтите напоменуваат дека во нашето општество преовладува поинаков тип на мислење, коешто е проследено со забрана за родителите да се појавуваат голи пред децата и коешто ваквата постапка ја осудува. Според психотерапевтите, голем број на луѓе се генерално чувствителни на сексуализацијата на децата, па критиките во јавноста се разбирливи.

    Сепак, ваквата постапка според нив не е сексуализирање, и не го загрозува детето коешто пак нема никакви претстави за сексуалноста. И овој чекор како таков не остава никакви последици, ниту пак влијае негативно на односот помеѓу таткото и ќерката.

    Што бара оваа фотографија на Facebook мрежата?

    Комичарот веројатно знаел дека фотографијата ќе предизвика бројни коментари. Веројатно неговиот мотив била пораката за природното воспитување. Сепак, ваквите фотографии би требало да останат дел од приватноста.

    Во својот коментар Крис и додава:

    - Кога знам дека многу поголем дел од луѓето се активни на Facebook мрежата, отколку што гледаат "JYDELOGIK", би сакал својата битка да ја започнам токму тука, потенцира тој.

    Кое е вашето мислење на оваа тема?
     
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.514
    Допаѓања:
    48.105
    ^
    :tmi:

    Добро, се прашувам каде е границата, ако воопшто ја има.
    Ако е природно да се шетаат голи децата и родителите (нели демек се родивме без облека), тогаш и ерекцијата е природна, па ќе го праша керкичката тато што му се случило :tmi: итн.
    Не знам, подалеку не сакам ниту да одам со размислувањето, бидејќи ако е нешто природно не значи дека е во ред да го правиме.
    Зошто тогаш сите не шетаме голи, па не се родивме облечени нели.

    Сепак мислам дека со деца треба да се има граници, интимните нешта нека останат интимни, во ред е муабет за се, ама вакво нешто не ми се допаѓа.
     
    На sugarlips, cresa-jagoda, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    91.477
    Голи ни кога бевме сами со сопругот не шетавме на сред бел ден низ стан не пак сега. Ние уште кога се облекуваме се "криеме" еден од друг ко да не сме се виделе голи. Не знам зошто, ама ете така сме навикнати да не се пресоблекуваме еден пред друг. Долен веш менуваме најчесто во ве-це. Во кревет може се, ама штом завршиме со секс глумиме невиност. Голи интимни делови да шетаат околу мене дури работам нешто по дома не сакам да гледам.
    Темава за децата беше така? :D Како помал не пазев затоа што често мораше да биде со мене дури и во ве-це кога се бањав. Кога малку потпорасна веќе почнавме да се криеме. Немам проблем други што се бањаат со своите мали деца, слободно се пресоблекуваат и слично, ама ние не сме од тие, правиме мистерија од интимните делови. И така со интернетот за брзо ќе видат се што ги интересира, не мора да биде тоа од мене или татко му.
     
    На sugarlips, BabyStyle, MacenceEna и 6 други им се допаѓа ова.