Голи пред детето

Дискусија во 'Дете' започната од Sky-butterfly, 18 декември 2015.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    26.658
    Пол:
    Женски
    Малку е оффтопик ама нели ти велеше дека дете од 2 години без разлика на пол е големо за да цица бидејќи станува сексуално свесно? Ова соблекувањето голи е понаивно од цицањето или?
     
    На Coco31, WildMk, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    8.791
    Пол:
    Женски
    Јас не би доела на 2 години зошто не сметам дека има потреба од аспект на хранливост, а во однос на близина може да се гушкаме и нема потреба да цица.
    Јас имам мало бебе, здравје ќе видиме, ама не планирам да дојам повеќе од година. А за голотијата, маж ми се соблекува во дневна па иде да се бања и генерално гол доаѓа да се облече. Јас лично сакам да се мотам по бањарка по 2 саата. Ама не се кријам, ни сега од него, ни понатаму од ќерката. И син да имам исто би рекла. И не би рекла дека и маж ми ќе треба да се крие од неа понатаму. Како ќе расте ќе ги учи анатомските делови и кога тогаш ќе научи и за приватност. Ако во меѓувреме има смешни муабети што има мама и што има тато, и тоа е шанса да научи. И во тој момент ќе разговараме, на која возраст и да е тоа.
    Јас лично и претходно не сум имала проблем пред татко ми и брат ми по долен веш да бидам. Они сега се срамат од мене кога дојам. Ние возрасните гледаме на деловите од телото со сексуален филтер, мене градите моментално ми се храна за детето, не ги вадам на мегдан за да се пофалам колкави ми се. Ако јас се однесувам дека интимните делови се само делови од телото, како уво или прст, детето нема зошто да биде трауматизирано ако ме види гола. На одредена возраст, во пубертет, кога самите ќе доживеат одредени промени, ќе развијат и чувство за приватност.
    Пак ќе кажам, не се шетам гола по дома ни сама кога сум. Ама нема да одам во друга соба само за да се пресоблечам, а детето да не ме види.
     
    На Sexybaby86, WildMk, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.754
    Допаѓања:
    145.089
    :D Не е.. ама ми е оквард цицањето, пошто имам читано дека е поврзано со сексуалноста (фројд и тие работи) ...
    Да имав млеко 2-3 години, може и поинаку ќе мислев :$
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.