1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голо тело

Дискусија во 'Тело' започната од Theodora, 5 јуни 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ме интересира вашиот став околу тоа дали го сметате вашето појавување во голо издание пред блиски за сосема нормална појава или непријатност?
    Јас лично никогаш не сум била ни делумно гола пред моите другарки или мајка ми. Голем дел од моите другарки го соблекле градникот во присуство на другите кога сме биле собрани кај нив дома да се подготвуваме за излегување и сум ги видела нивните голи гради или задници во танга, но јас секогаш заминував во купатило за вакви активности и се враќав во долен веш најмалку :!: . Една другарка дури ни призна како девојката која ја депилирала во салон на интимниот дел и ставила и вагиналетка, не осудувам и не ми е целта да проповедам морал, само мене ми е ова крајно непријатно. Не станува збор за срам, ама имам непријатност и стеснување некое кое не ми дава да си дозволам вакво нешто.
    Од друга страна пред дечко со кого сум била интимна не се срамам од мојата голотија дури сум преферирала секс со запалено светло визуелен тип сум :$ , ама баш денес се подзамислив на темата со породувањето и дефинитивно не би сакала да ме види идниот сопруг толку „отворена„ :D .
    Бившиот дечко има една ситуација кога беше на деловен пат со колега од работа со кој биле сместени во иста соба и кој му влегол да си ја испразни бешиката дури овој се туширал. И не само што не му било непријатно туку и се шегувал на сметка на неговата очигледна реакција на непријатност, како тоа да е најнормална работа на свет. И друга случка дури бил во војска каде што се туширале сите заедно некој Србин имал истетовирано на пенисот „само за твоје очи„ и некој надреден го прашал што пишува, замислете му ја фацата кога му одговорил, :D .
    Пак напоменувам не сметам дека ова е огледало на нечија (не)моралност само ме интересира пред кого се‘ или дали воопшто си дозволувате да бидете целосно или делумно голи во присуство на други луѓе?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Скроз гола можам единствено пред дечко ми и пред никој друг!
    Единствено може да се случи на одмор со другарки, да се соблечам, ама само горен дел и само пред едни две другарки што с дружиме мноогу одамна.Инаку ми е навистина непријатно.
    Познавам случаеви каде што и по дома си шетаат по гаќи, прозирни маички и слично и јас тоа не го разбирам.Топло е да, ќе разберам краток шорц и слично, ама шетање по гаќи пред родители, баба, дедо никако :fubar:
     
    На Ceci16 и ivonna48 им се допаѓа ова.
  3. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    И јас би рекла дека голо тело е само за мои очи.

    Ако на другарка не и е срам да се соблече пред мене, нека се разголи пиштол гола, ама мене не ми дава срце. Мислам ке одам во тоалет или на некое друго место да се пресоблечам. Да сме по гаќи и прслуци, добро може, ама без тоа - не се соблакам пред никого.

    Ниту пред мајка ми се соблекувам угол гола, само на депилација, сеа дека е нож до гуша за интимниот дел. :D
     
  4. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Гола пред други само кога би отишла на нудизам...таму сите се голи... :D немам досега одено а навистина многу сакам.....
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Како фемина и јас . Да шетам гола скроз можам само пред дечко ми , не ми е ни срам ни ништо . Ама како Теодора , секс на светло , не знам.. не сум пробала и не знам како би ми било :lol: Пред татко ми многу нормално дека не ( а и има некој што нема срам од татко :^) ?) а и пред мајка ми ми е непријатно.
    Пред другарки скроз гола не , а на физичко пример мораш по долен веш , не се пикам по ќошеви :lol:
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Строго само пред дечко ми!
    Пред другарки сум била само во прслук и гаќи и тоа на физичко.
    Пред тато нема шанса, а пред мама ете кога морам или кога ми е ненормално топло. :)
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Освен дечко ми, никој нема да ме види гола :D Пред него на светло, на темно, си се шетам и ич не ме тангира, напротив, ми лазат бубачиња и пеперужиња низ стомакот, ама за пред другарки, роднинки, неее, нема шанси. Со мајка ми дури бев на кавга неколку години додека растев, требало таа да види дали е се во ред со моето дело, да не имам две леви цицки :rofl: ама не, одамна не ме видела, од времето кога ме капеше таа :D
    Толку слобода со другарки не сакам, и не дозволувам, огледалото гледа се, и секс партнерот гледа се :D
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    истото се случува со мене! :) другарките дури ме прават мрдната што одвај понекогаш (ако морам) со долен веш им се појавувам, за гола не станува збор! некои другарки и се бањаат пред мене и си прават муабет :D а ја па во тој случај стриктно во очи ги гледам :D малку ми станува непријатно кога се скроз голи пред мене... а кога сум со дечко нема никаков проблем, не ми е проблем ни јас него да го гледам гол, ни он мене, ни запалени светла.... :)
     
  9. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Не ми е непријатно да сум сосем гола само пред дечкото. Пред мајка ми и сестра ми може по долен веш, но пред други не. Кога имам другарки одам во друга соба да се пресоблечам. Поголемиот дел од другарките не се раслекуваат во јавност :lol: но имам неколку на кои не им е проблем да се пресоблечат пред мене.
     
  10. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    голаа е се слекувам пред никого ни ред мајка ни пред татко ни пред братми,за дечко немам,само пред мене си сум гола:lol:
     
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    По долен веш може и пред другарки и пред мајка ми, ама за голо-голо :shake: . Тоа само пред маж ми немам гајле. Имам другарка нема гајле да се соблекува и пред непознати, на пример во соблекувална за фитнес. Парола и е дека сите имаме исто, нема некој со 3 гради де. А можи и има, ама не го знајме. :?: . :lol:
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Голото тело си го чувам за самата себе си и за маж ми :) . Не дека сум себична ;) ама ете таква сум, ми е срам и пред мајка, татко (без разлика што ме родила и ме исчувале), другарки... Бидејќи имам син кој е малечок ама внимавам и пред него да не сум по долна облека, каде што во некои случаеви сум била сведок да мајката комотно шета по долна облека пред децата.
    Си го сакам своето тело и не го рекламирам пред сите :D
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Во ситуација кај што сум скроз гола може да ме види дечко или ми се случило и на одмор пред другарки ама само 2 со кој сум многу блиска, и не ми било воопшто непријатно.Но пред други луѓе се немам покажано.За прслук и гаќички ми се дешава и по дома да се шеткам и пред мајка ми и такко ми, баба ми дедо ми, и воопшто не ми е срам.Можеби на некој ќе му е неразбирливо ама ете мене не ми е баш срам пред оние што ги осеќам блиски.
     
    На Adrijan(a). му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Гола гола пред дечко ми само, инаку не ми е проблем ни ако е мајка ми во соба да се свртам со грб и да си се пресоблечам (ама целосно) од неа немам срам! Инаку и јас сум против тоа шетање по долен веш дома пред татко брат баба дедо! Н И К А К О! Подобро ќе идам 100 пати на ден да се туширам за да се оладам него така распиштолена да се шетам!
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Немам толкав проблем со голотијата, нормално не пред секого и до одредени граници.
    Пред мајка, татко и брат дури ни во долен веш никако, освен мајка ми ако ми упадне во соба :) Така сум била воспитувана, демек не идело.
    Пред другарки, само 2-3 најблиски, се случило да се пресоблекувам и не само по долен веш, понекогаш и прслучето, но за гаќи сепак одам во купатило. Исто така и во соблекувална на аеробик...редовно сум утоп мокра па и неможам со мокро прслуче да се враќам, си носам резерва и си се соблекувам таму, сепак е соблекувална, и така еден куп жени се пресоблекуваат пред мене. Глупаво е во такви околности да ми е незгодно зашто друга жена се соблекла пред мене...не ги ни приметувам, си се соблекувам за себе, се пакувам и си одам.
    Скроз гола сум се соблекла само пред една другарка, од уметнички причини :lol:
    За дечко нема потреба да коментирам, нели.
     
    На Maca_<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Хм, голо тело, само за мои очи и за очите на по некој младич, во глобала да, ама и не.

    Се сеќавам кога почнав да тренирам балет, сите околу мене се шетаа голи, од туш се враќаат, го тргаат пешкирот, си седнуваат по гаќи, гради насекаде...од почеток бев засрамена, но потоа постепено се навикнав на истото.
    Не за друго, не бев практична, сите си бркаа работа, се облекуваа а јас од срам првите два - три пати, најспора бев во облекување.
    Потоа се отворив и елиминирав се околу мене и си ја гледав својата работа. Голо - неголо, не е битно. Ко демек мене некој ќе ми седне и ќе ми каже - леле десната пупка колкава ти е?! :o
    Никој никого не забележува.

    Оние кои спортуваат мислам дека истото ќе ми го потврдат.

    А исто и кога одам да вежбам, или да играм сквош со другарката, немаме срам, до туш кабината одиме со пешкир секако, ама еднаш тој пешкир мора да се тргне за да се облече долната облека, така да - шта ќеш.

    По дома пред мајка ми се шетам максимум по шорцеви или по гаќи, секако со маичка, гола не. Имам братучеди кои се шетаат по дома со боксерици, дури и гости примаат така, ете тоа ми пречи на пример. Ако ништо друго од почит према гостинот земи побогу облечи се, не да седнеш и сите велигденски и невелигденски јајца да ги види несакајќи цел комшилук :^)

    Ех колку пати така несакајќи сум видела нечии топки насукани во тесните боксерици. Ќе искочат на шетња кад тад, не можат да се кријат.
    Верувајте колку пати си велев - поарно ќе беше да не видев, и дотичниот беше предупреден да си ги прибере затоа што му се растркалале по двоседот |(
    Епа - не иде! Гости имаш, понуди слатко, вода, евентуално кафе, и толку, немој богати повеќе!
     
    На sparklie, LaBella, LittlePinky и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Хммм... :$
    Имам двајца блиски другари кои се премногу слободоумни и геј па пред нив неколкупати сум се пресоблекувала искрено, па и тие пред мене кога се спремавме за излегување. Еве признавам дека не сум дотолку Дева Марија :lol: НО сепак кога е во прашање моралот знам дека и тоа можеби не е во ред, но ете премногу сме блиски па се дешава свртени грб со грб со оглед на тоа дека 24 часа се кај мене или јас кај нив. И пред една другарка само по маичка кога накиснавме на дожд, а за останатиот дел си отидов во соба :!: А
    таа пак скрос гола си се соблече како од мајка родена и ми влезе во соба :?: Се завртев и фино лепо и реков да излезе...Амам бе! :fubar:
    Пред мајка ми никако! Дури и бегам од неа кога се пресоблекувам и задолжително ја затворам вратата а за татко ми веќе и да не праиме муабет - нормално дека не.
    Пред момче никогаш не сум се разголила и нема додека не сум сигурна дека треба.
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.797
    Допаѓања:
    38.193
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била скорз гола пред друг освен пред дечко ми.Пред него не ми е срам и да е ноќ и сред бел ден, светло, темно ма не е битно,ама пред другите...никој ме нема видено скроз гола.Кога се пресоблекувам пред другарките, ме имаат видено на долен веш и евентуално ако соблекувам градник се вртам на другата страна, пред мајка ми сум се шеткала исто на долен веш, а некогаш дури и пред брат ми на градник и вопшто не ми е срам од него иако е само една година помал.Пред татко ми никогаш нема да се шеткам така, се сеќавам еднаш додека се облекував упадна во соба мислел дека нема никој и стоев така вцрвена само во градник(надолу облечена) пред него :tmi: :$ ама тој се изнасмеја од мојата исплашена фаца и ми вели де де јас те капев цело време како мала :D Во соблекувална во школо сакаш нејкеш мора да се соблекуваш на долен веш и после некое време се навикнуваш.Непријатно ми е пред некој друг да стојам така гола да се маам натаму наваму со растресени ц*цки и да шлапам газ, не не :tmi:
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Скроз гола можам да се соблечам и пред мајка ми и пред другарки и пред братучетки. Значи не се срамам да го покажам телово на некој друг. Пред татко ми не би се соблекла скроз гола од причина што мислам дека нему би му било незгодно. Инаку по прслук и гаќи и тој ме видел!
    Не ги осудувам тие што не се срамат да го покажат телото и не мислам дека се ненормални или мрднати тие што не сакаат да се соблечат голи пред други! Тоа е право на избор. Тука голема улога игра и етиката и моралот! Но, и самодовербата!
     
    На Iviy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Вака по прслук, гаќи може да се соблечам пред мајка, сестра, братучедки, другарки, вујни,тетки (ај доста набројувам :D ) или пак ако се пресоблекувам само горе и свртена со грб, ама скроз гола да се соблечам и без гаќи нема шанси пред никој! (во иднина само пред дечкото/мажот :D )
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.