И јас како и повеќето тука скроз гола можам да бидам само со дечко ми, па еве и пред мајка ми и од неа не се срамам.Но сепак по долен веш или без градник ме виделе другарки на одмор, цимерки и слично зашто некогаш се неизбежни такви ситуации кога живееш со некој. Пред машкиот дел од фамилијата строго внимавам во какво издание му се прикажувам, и кога е најжешко обавезно носам шорцеви и маица на рамки и никако само по гаќи
А сите вие тука исто никад не би се соблекле топлес на плажа на море кај што никој не ве знае? За нудизам тоа е покомплексна тема не ја рчнувам тука. Со другарки на одмор и топлес никако пред нив? Иначе за соблекување исклучиво дечкото може да ме види. Што има па другите голи да ме гледаат? Нели треба некоја приватност интимност да се зачува. Ајт сеа ко муживе што си ги мерат, ние градите да си ги мериме ако не па Јас се изненадив одамна кај другарка и пробува блуза и оп без гајле лета прслукот она си ги мести си се облекува. Абе ај неможеш да се свртиш накај ѕидот да не те зјапам. Не ми се потребни цицки на видик од другарки. На плажа ајт да и поцрнеле цицките Ама коа ќе видам баби стари им виснале и топлес. Добро бе мајку му сакам да си кулирам на плажа не да се гадам! Јас сум за освен нудистички плажи да има и топлес плажи за постари лица Јас топлес исто може само пред дечкото негде на приватна плажа. Додуше таму нудизам ќе има не топлес
Имам проблем и точка.Пред партнерот е ок,пред мајка ми се пресоблекувам,но само од една во друга облека и строго во долна облека,некако природно,нормално и прифатливо ми е.Побогу ме родила,ми менувала пелени,ме бањала,па и самата таа е жена,пред татко ми никако или било кој друг член од фамилијата,пред другарки во ниеден случај (а плус,жена ко жена,колку и да ти е другарка,ќе најде нешто за кое ќе се мери со тебе и ќе лечи по некој комплекс,не сакам да им пружам такво задоволство,но пред се страшно ми ја нарушува интимата).Имам другарка...што ми излезе гола од под туш на одмор...си гледав у нозе дур си се шуњаше лево десно и...ај да не кажам што ми рече да видам и мисли дека и е од депилацијата,само си ја свртев главата,се фатив за новчаник и и реков,одам да си купам овошен јогурт.Овошен јогурт?! Не сум ти козметичарка златна...среќа вечерта се запивме,ама уште ми е трауматско искуство. Од овие причини престанав да одам на козметичар да се депилирам ко прво,а ко второ од хигиенски причини.Не би јас да се отварам пред било кого,освен пред дечко и гинеколог...доволно е јас мислам за цел живот,особен делот гинеколог,па уште и некоја што депилира.
Јас пред никој се немам скроз соблечена последниве 5-6 години. По прслук и гаќи не ми е срам да се соблечам пред најдобри другарки или мајка ми. Пред останати срам ми е. Е сега на физичко секако дека немам каде да се соблекувам на друго место, така што и девојчињата од клас ме имаат видено полу гола. А скроз никој ме нема видено, освен огледалцето мое.
Јас немам проблем со голотија. Не се срамам да се соблечам. Што се однесува до роднини и другарки, си се пресоблекувам и пред нив. и тие не се срамат, така што на никој не им претставува проблем а и не гледам ништо сарамно во тоа. Само пред брат ми и татко ми по долен веш, никако скроз гола.
Уште не ме видел никој скроз гола.. Инаку по долна облека да, мислам луѓе сме одиме и на плажа исто е
Мене ми е најмерак да си шеткам гологазеста пред љубениот. Никогаш сум немала комплекс од целулит или некоја стриичка, за сало да не правам муабет. Таква сум, природна, здрава и румена. Пред другарки се соблекувам само нагоре, задолжително свртена накај ѕид. Неретко се случува да ми ѕирне sideboob, па да се посмееме, ама вака да им се шеткам со лепотиците незауздани во прслук, не.
Сите табуа ќе паднат во време на бременост, породување и постпородилен период во болница . Јас не сум многу конзервативен тип, ама за нешто поекспилицтно бев... thank you, but, no, thank you. И во првата бременост ... Еден гинеколог, друг гинеколог... Породувањето... па, бев 12 саати во болница пред да се породам, па пресметајте колку пати ме прегледаа и тоа пред куп луѓе . А ме породи маж на моја колешка double . A после породувањето...е хеее. Му викам на маж ми да знаеш кој се ми ја виде, ќе ме оставиш . Освен гинекологот кој ме породи и кој на преглед ми кажува што ми порачала жена му , што да ви кажам... Една визита, друга визита... Следниот ден пак отпочеток. Ми доаѓа дури и лекар кој не е од одделот, ми кажува братучед ми го пратил да ме провери оти биле насекирани (ме задржаа една недела во болница) и ми вика „ај крени спаваќицата да те ѕирнам кога сум веќе тука“ . Мислам, сите, ама баш сите критериуми се толку поинакви во тие моменти... мора да се доживее, не се опишува. Па доаѓа мед. сестра и ми ги масира градите за да ми покаже како да ги подготвам за доење, оти камен ми се направија од многу млеко што надојде... Не знаеш дали ти е понезгодно што некоја Х личност ти го прави тоа или што има други околу што те гледаат... Не дека после тоа почнав гола да шетам по улици, ама навистина станува човек поотрпнат.
Гола да се шеткарам може само пред вереникот, а и тој ме има така асално на дневна светлина гола, обично му парадирам по дома пред и после бањање а и ако сме се „гушкале“ па ме мрзи да се облечам. Друг никој ме нема така скроз гола видено, ниту претходниот дечко, ниту мајка ми, ниту другарки (освен една кога ме депилираше али само еднаш). По долен веш ме има видено мајка ми и другарките и соученичките од средно (на физичко моравме да носиме опрема) и брат ми еднаш или два пати кога несакајки ми влегол во соба кога се пресоблекувам. Не дека имам некаков комплекс ама ете не пријатно се чуствувам да бидам разголена пред луѓе, на плажа до сега се немам сончано топлес, секогаш сум била на места каде има еден куп луѓе што ме знаат или со фамилија. Другарките пред мене се имаат бањато али мене ми е некако несвојствено јас да си тријам мишки а таа да ми гледа . Лани бевме на викенд јас, вереникот и негов другар со девојката, таа насабајле се симнуваше на појадок по гаќи и маичка на прерамки тесна и без прслук, мене тоа ми беше невкусно и јас не би можела така, сепак нејкам секој да знае какви брадавици и срамни усни имам . Ние сите облечени а таа распиштолена, мафта лево-десно со ц*цките, а вереников мој вика „Барем некоја згодна да беше и добро тело да имаше, па ајде ама вака уште по грда ми е“, и у право беше . Јас на своето голо тело гледам како интима која не би сакала да ја споделувам со секој, доволно ми е што му ширам нозе на гинекологот од време на време. И што многу очи ме виделе таму долу кога бев во болница, и бидејки неможеа да ми дијагностицираат што ми е едно 20 специјалисти, асистенти и сестри ме зјапаа :geek: тие неколку дена, доволно до сеа .
Се случило да се пресоблечам пред другарка, но не пред било која. НО, никогаш она до крај... И пред мајка ми многу ретко се пресоблакам. А и коа имам дечко, некако ми е безвезе сеа ја пред него гаќички да пресоблакам.
Јас едноставно многу сакам да шетам гола,и воопшто немам комплекси околу тоа -леле кој ме видел -леле како изгледам -леле да не не сум убаво издепилирана.....како не Јас кога бев во стан со цимерките се туширам излегувам со крпа и после пола саат се шетам гола,едноставно убаво се чувствувам во моја кожа,додека тие се криеа од мене Баш имав скоро случај одам на депилација и само што се соблеков гола ми текна заборавив во ташна влажни марамици и само онака инстантно излегувам гола од паравнот и депилаторката: -Абре Дејана каде се шеташ гола ќе влезе муштерика ти-гол газ се шеташ Исто и пред мајка ми таа едноставно се срами и и е непријатно да ме гледа гола,а јас како за на против цело време. Исто и пред другарки и сл....а за дечко пак да не зборувам се подразбира
е јас неможам да се шетам скроз гола...пред дечкоми се немам соблечено не па пред друг...аа иначе во долен веш 24/7 само ако не излагам од дома ...
Ептен, ама ептен ми е непријатно да се „распиштолам“ пред некој. Пре(х-к )лани, прележував сипаници и отидов на доктор нели нормално, чисто на преглед. Е сега богати, да ти имала матичнава асистент, еден копук недозреан, ми се чини дека кога ми „нареди“ матичната да ја соблечам маичката сосе прслук овој се израдува како циганче на мрсул. И јас давање една фаца , па идеше , па се бунев, сакав да излезе дотичниот од собата, , арно ама на крај завршив вака - и се соблеков што да праиш. Маичката пола саат мислам ја соблекував, а додека да го соблечам и прслукот сто пати прашав дали стварно има потреба од тоа. Многу, ама многу ми беше срам! И ајде некако бидна, јас се соблеков, седнав на тоа столчето, а овој младиов асистент доаѓа се вртка околу мене, па со дотичната ми матична ми гледаа мали и големи соѕвездија на грбов, а јас и правам фаци на мајка ми „Побогу, ако ме сакаш, носи ме од овде!“ Џвркле џврклосан, па кога ми рекоа сврти се од напред, само што не паднав у несвест. Мислам дека детално ми ги изнаанализираа, сигурно увидоа и која ми е поголема. Фацава ми стануваше се поцрвена и поцрвена, го примети тоа младиот печен ценет асистент а.к.а потрчко на женава и ми вика: „Епа девојко шо да праиш, мора да има и машки лекари“. Е, ова беше врвот! Ми идеше да му станам и да му го расплачам мамичето, ама еден поглед на мајка ми беше доволен за да ги смирам налудничавите идеи. Се облеков експресно и знам дека на наредниот закажан преглед не отидов, нејќев око да му видам. Ете, он беше првиот што ми ги имаше ѕирнато толку од блиску, лошо искуство јбг. Можам да замислам што ќе направев ако ми речеа да се соблечам и долу, општа туча ќе имаше, сигурна сум. Ама ајде, да се гледа од позитивната страна. Повеќе од ова, ме нема видено никој! Не можам да се замислам себеси да се шетам по гаќи и прслук по дома додека е татко ми тука, од него ми е многу непријатно. Додека пак од мајка ми воопшто не ми е, се случува понекогаш да и прелетам пред очи во такво издание, пред да се спремам за излегување или слично, ама да земам и да седам така со неа, не. Другарките како другарки, го виделе само она што јас сум одлучила да им го покажам, а нема баш нешто многу ни од тоа. Кога сме се облекувале за излегување, за спиење и слично по долна облека сме се ѕирнале само, ама ниедна од нас не се соблекла скроз гола да парадира низ соба. Никако. Од нив воопшто не ми е срам, нити непријатно, но ете, така се погодило. Сегашниов ми дечко, ако биде добар и мирен како до сега, на вистински пат е да биде првиот што ќе ме види скроз гола. Само полека и ќе биде, а мене ми е подобро уште од сега да почнувам да си се пресрамувам.
Кај мене па најчудно е тоа сто пред мајка ми никако несакам да се сетам ни полугола камоли гола,а она така ми влегувала во бања ама секојпат следува: МАААААААААААММММММОООООО МАААААА НЕ МЕ ГЛЕДАААААЈЈЈЈ !!!! и нејзе тоа и е смесно и за инат го прави тоа инаку пред татко ми сум била во бикини се разбира на плаза и некако не ми е срам на прслук пред него ама на гаки никако.ај сеа ке се сетам тука незгодно е ... пред другарки пак слободна сум ,сме биле и топлес само сто јас сум најнеопустена од сите.они и голи се соблекувале пред мене ама ја немозам.Пред дечко нормално сум била гола но многу ми е незгодно пред него да се сетам се знае гола во кревет а не на писта
Само дечко ми и никој друг!!! Мене ми е срам дури и на интимна депилација да појдам од таа голотија (и ова не чини ама што да правам.. )
Епа што да правам едноставно обожавам гола да се шетам Кога сум сама дома сум секогаш пиштол гола, исто немам проблем пред сестра ми ниту пред партнер. Пред другарки не дека ми е незгодно ама несакам ете... пред мајка ми евентуално по долна облека. Пред татко ми никако. Немам проблем ниту на гинеколог ниту на депилација. Друг народ што не набројав во поустов не доаѓа во предвид да ме види голе... освен ако не ме мањачи комшијата додека си се шетам така сама дома
Леле, ама баш ич не се срамам од моето тело.. На одмор бевме во недостиг со вода а со другарка ми бевме во во кал целите од плажа. Косата со кал, цели бе цели. И срам ми беше малце тогаш ама мораше да се бањаме заедно. Дефинитивно нешто што сум направила и сеуште си се чудам. А да се вратам на темата, не ми е срам пред сестрите, воопшто. Најдобри другарки исто. Таков одмос имаме, зошто да ми е срам и они истото го имаат..
Jaс па си се рашетувам гола, ич мува не ме лази... Сега не пред брат ми или некој подалечен фала богу, ама пред другарки, мажот ми, топлес на плажа, абе ич не ми е проблем, си дремам, се шетам гола, дури ми е проблем што не ми е проблем И јас се прашувам како можам така, воопшто не ме тангира, не ни чустувавм нешто, како срам, па незгодно да ми е, ама моите ми прераскажуваат дека ете такво сум родено...проклето... Мајка ми ќе ме облечела како мала, јас ќе излезам на улица, пред куќа, татко ми од работа доаѓа јас пак гола на улица, и кавги секој ден со мајка ми, како девојчето негово голо на улица седи... Хаос...ама ете, барем знам дека од увек такво сум била... И што е најсмешно, знам и да гола готвам, и тоа не ретко , да не ми се умирисаат алиштата , па ако треба нешто да земам од тераса да не се облакам за малку излагам така, ај нема никој да ме види, ама се си мислам ќе осамнат слики со оцерен газ мој на фб некој ден, па нема да ми биде смешно тогаш... Претеризам е знам, ама се си викам, ај после ќе се облечам... Да дополнам, мада се подразбира, на депилација пак или гинеколог, никаква мука немам...
Немам проблеми со голотијата, кога сум дома обожавам да се шетам по долен веш, особено после бањање и се кријам само од татко ми. Исто така најчесто спијам гола. Некако воопшто не се замарам со тоа, дали ме видел некој или не. Пред другарки исто така немам проблем, и не ми е срам, нема зошто. За пред дечко ми мислам дека нема потреба да се кажува, исто така и за гинеколог и депилација.
И јас немам никаков проблем со голотијата. Не се срамам од моето тело! Порано можеби да ,морам да признаам,бев посрамежлива и повлечена па неможев да се соблечам пред некој. Сега си шетам гола пред другарките, дечко ми,на депилација секако али чудна работа пред мајка ми ми е незгодно да се соблакам и само по долен веш ме има видено.