Немам комплекси, а со оглед на целулитот и стриите би требало да имам, ама јеби га таква ме дал Господ ич окце не ми трепнува. И не ми е срам да се шеткам гола или по долен веш низ дома. Пред другарки и потесна и поширока фамилија само по долен веш. А чудо многу ми е срам да одам на депилација да се слечам таму па да се расчешнам пред некоја си козметичарка тоа не доаѓа во предвид па сама си се мачам со депилацијата А на балкун знам да залетам гола скроз, на прозорец исто се збаоравам дека сум гола и ќе си застанам. Така да не верувам дека постои некој од соседните згради што ме нема видено барем по долен веш. Ама мене не ми е гајле оти си сум дома, а дома можам да си правам што сакам, плус не ги познавам не правам маубет.
Немам проблем да шеткам гола, тоа по дома ни е секојдневие со сестра ми (не мислам на разголени гениталии, но некогаш ѕирнало и нешто од таму ), пред мајка ми, дечко ми, на депилација (бог знае колку козметичарки сум сменила до сега), гинеколог (истото важи и тука), ама пред другарки и непознати внимавам колку им "презентирам", ипак незгодно ми е Али дефинитивно ми е незгодно кога дечко ми се мота по гаќи или боксерки пред негови другари или да гледам други машки да ми се моткаат така... Па треба осет да се има, ипак не секогаш можеш да контролираш кај ќе ти избега погледот
Мама и сестра ми ме имаат видено гола, па и не ми е гајле, немам срам пред нив Ние сме едно, во принцип За други не... во иднина, ко ќе фатам дечко и ако заслужува ќе ме види, поинаку не
Не знам зошто ама воопшто не сакам да шетам гола ниту да гледам некој како шета гол.. Сестра ми има навика некогаш додека се спрема да заседне ан компјутер гола и одма и се дерам облечи се Некако не ми е пријатно да ми се тресе нешто пред очи.
Не ми е пријатно некој да ме види гола, меѓутоа постојат исклучителни ситуации кога сум морала да ги покажам моите „јајца на око“ (гради) и мис Ваџајна, со оглед на фактот дека за време на бременоста висев по болници, тоа ми стана нормално, влегуваат лекари, сестри, студенти на врата, а ти одма покажеш дубоко деколте и широко меѓуножје. А сопругот да може и гол би излегол на улица, нема комшивка која не го видела по боксерици, а додека не беше направена зградата до нас, тазе туширан, со пешкир преку рамо, комплетно гол и „размандан“ ќе си излезеше на тараса да си пуши цигара-фрик
Не сакам да се шетам гола никаде и пред никого.Дури и кога сум сама дома, сакам да сум облечена барем во пижами.Некако ми е непријатно да сум расоблечена и да се шетам така
Мене не ми е проблем за пред блиски луѓе. Пред дечко ми се шетам, нормално исто дома пред мајка ми и сестра ми не ми е проблем да се соблечам. Пред другарки исто. Не дека идам на гости и фрлам прслук туку со некој од нив имам живеено заедно, цимерка сум била со една од најдобрите другарки, па сме се соблекувале голи, онака при пресоблекување не сум се криела, а далеку од тоа да шетам гола по дома Со други две другарки 4 месеци поминавме заедно во странство и со нив немаше проблем, и на одмор кога сме иделе. За долниот дел малку ми е незгодно да се шетам така, може да се соблечам само за секунда, а за нагоре летно време немам гајле. Си терам топлес Една другарка има вила со базен и секоја недела си се собираме таму да се сончаме топлес А голотијата пред козметичарка или гинеколог ги надминав оддамна
Гола, хм не! голо тело за свои очи секако, дечкото е исклучок сега ии, горен дел можеби некогаш на одмор едно друго.. иначе не
Несакам да шетам гола дома но ми се случи неколку пати по долна облека пред дечкото на сестра ми да излезам и тоа седам во соба нема никој одам се бањам во веце а он тогаш дошол и ја викам ај нема никој само пешкир да си зеам , и онака убрзана ќе се залетам од веце и кога ќе дојдам на сред соба го гледам дека е тука . Ни можам да се вратам ни да продужам . Само ќе се насмеам како најголема идиотка и ќе си продужам . И после сестра ми е ваква.... Спојлер Дури во домашна шала ни е тоа . Ќе дојде и само мижи на врата вика сестра ти да не е гола??
Не доаѓа во предвид ! Не барам да сум Адриана Лима, али моево тело е бељата на Господ Не облекувам ни шорц ни куси панталончиња Спојлер Не сум монахинка инаку..
Јас немам проблем со ова. Не ми е срам ни да се соблечам,ни ништо,си шетам и по маало на спавача и на наметка. Скрос гола не шетам по дома,што знам зошто,најверојатно дека сум од тие зимурливите,па сакам да сум облечена во нешто. Можам да седам на прслук и на боксерки,али нема да ми биде згодно. Нема да можам да си одолеам на себеси.
Понекогаш сакам да шетам гола а понекогаш не уствари зависи од ситуацијата сестра ми ме има видено без прслук а а долу да бидам гола ми е малце незгодно , исто така кога не е татко ми дома си шетам така по боксерици и прслук или боксерици и маичка ,мајка ми ме има видено само по долен феш некако ми е незгодно да се расоблекувам пред нејзе.И ме имаат видено двете најдобри другарки (поранешни најдобри другарки) и секако дечко ми и гиникологот Спојлер леле умрев од страм првиот пат кога ми рече еве овде седни и рашири се и да вчера кога бев на базен се фрлав и кога излегувам едната Спојлер цицка излезена леле бруки невидени па еден манијак ми се пули вака :geek: абе ми се идеш да му ја акнам една па да види убо
Јас пред мајка ми не се соблекувам по прслук или по танга, а не па пред другарките, не дека е срамота нешто ама невкусно ми е, можеби дека јас сум срамежлива
Уф никако, соблекување без проблем пред други? Нема шанса, од кога знам за себе, ја заклучувам собата, каде што се облекувам за да не наиде некој. Не дека имам некој комплекси, не е до тоа туку ете не ми е пријатно. Сестра ми ја гледам, нема проблем, си излегува од туширање без прслук, си шетка и пред мајка ми, и се чудам, јас не би можела.
Јас не можам да ги сфатам тие семејства кои преферираат по дома да си одат голи. Буквално цело семејство. Да му го гледа детето мандалото на таткото и после трауми. Гуштери да ми се пафтаат лево-десно пред децата - не! ПРед другарки по долен веш не ми е срам, не ке се кријам глупости. И прслуците не ми е срам да ги слечам, цицка си покажувам. Е веќе долу, не. Таму катинарче имам. Пред партнерче што ме задоволува, сакам скроз гола. И тоа баш посветло да е, да се гледаме. Дома само пред мајка ми и сестра ми по прслуци, а пред брат ми и татко ми во никој случај. И без осет ми се тие девојки што пред татковците се шетаат по гаќи. Колку и да ти е татко, и него ке му биде непријатно така ќерката да му се мота низ куќи, помина времето кога сме имале 5 години и сме се шетале по гаќи пред сите.
Пред дечко ми ми е сосема ок,а пред другарки половично поточно голи гради, а пред мајка ми и сестра ми воопшто не ми е срам.Незнам зошто ви е проблем или срам или незнам што друго сите женски сме си исти