Значи скроз гола нормално како и сите мие ок пред дечкоми. Исто така и пред сестрами се соблекувам и една другарка а пред мајками не сакам јас да се соблекувам
Голо тело- Не знам зошто е така, ама ми пречи туѓата голотија. Не сакам ниту да гледам некој друг гол(или полугол, сеедно), ниту сакам мене некој да ме гледа. Ова вклучува другарки, сестра, мајка поготово. Сестра ми знае да си се шета по гаќи низ соба, мајка ми исто ако излегла од бањање и бара нешто, а мене ми се превртуваат цревата, едноставно ми е...одбивно. Единствена личност која не ми е шубе да ја гледам гола е дечко ми, и обратно, со часови ме гледал како од мајка родена и не ми било воопшто срам или незгодно. И чудно ми е и на мене дури, пред дечко-да, пред мајка-не, ама тоа е
jas ziveam sama no koga bi ziveela so nekoj moj blizok ne bi se setala polu gola po doma sigurno malku e bezobrazno i deluva nevospitano...sepak treba malku respekt sprema roditelite i povozrasnite
jas nemam sram od toa da setam gola niz doma pred brat mi, majkami drugarki i normalno decko mi. ne znam zosto bi se sramela majkami pa me rodila sto ima vrska sega pa da se krijam inace pred drugi ili drugari sepak ne i za niv neprijatno ali i za mene bidejki ke zrknat
Никако не шетам пред моите гола, тоа е респект и делува некултурно, а пред другаркиве мои нема проблем да сум гола, се знаеме ситекој какво тело има, но сепак ретко се слулува и тоа, едниствено гола сакам да ме гледа дечко ми, што ќе го имам
Не ми пречи туѓа голотија, напротив баш ми е привлечно и секси (освен кога не е )... Но јас- no, no...саде за на плажа... Се разголувам дома и само за него...
Јас гола само пред дечко ми.А за пред мајка ми,другарки итн. само по долна облека.И,некои другарки дури и понекогаш кога ќе ме видат дека одам во друга просторија за да преоблечам,превртуваат очи ,ама јас ги игнорирам.Мене ми е срам и то е то. Ми се има случено коа сме другарки негде на одмор овие сите заедно да се тушираат.И згора на тоа и мене ме викаат со нив.А тогаш се правдам нешо демек немало место доволно итн. и кога они ќе излезат,ја сама си се туширам
Па додека бев мала гола одев пред мајка ми (ама кој не е бил) а сега имам срам...и не ми е пријатно. Но кој како...
Тоа прво и прво не е пријатно дома да се шеташ така!Мене искрено ми е срам и не ми е убаво. Пред другарки може само по прслук и гаѓички инаку
Чудна работа кај нас женските е што немаме проблем со шетање во костим за капење, ама кога сме во долна облека дигаме џева...и јас сум таква не знам на што се должи, ваљда на нешто потсвесно што сум била учена како мала Во долна облека ме имаат видено само другарки и мајка ми, ама и тогаш не се шетам така распиштолена гледам што побрзо да се облечам. Тотална слобода имам само пред дечко. Познавам девојки што голи без прслуци се шетаат пред татковците и искрено несфатливо ми е. Колку и да има блискост требаат некои граници.
јас не се срамам, пред тоа да, но имав цимерки и се навикнав, затоа што не можам јас секогаш да одам у ВЦ кога е она у соба или слично, не ми е срам ама сепак не практикувам пред секој. Само пред другарки, мајка ми и дечко
Мајка ми ме има видено гола и пред неа нормално не ми е срам, а вака најблиската другарка ме има видено по прслук, по гаќички не, и многу ретко без прслук. И тој ме има видено гола, ама до половина и не ми е срам пред него. А вака пред татко ми, брат ми нормално дека ќе ми биде непријатно да ме видат гола, не би го дозволила тоа а и не се рашетавам низ куќи по гаќички.
Непријатно би ми било некој од фамилијата да ме види гола. Баба ми ме има видено по ѓаки и по прслук ама гола не. Непријатно би ми било многу татко ми или брат ми да ме видат . А за тој што ќе ми биде дечко и ако си одам долго време ќе му кажам блазеси ти ќе си плакнеш очи хахаха
Мене ми е непријатно. Пред мајка ми може само без прслук со гаќички ОБАВЕЗНО ! А еднаш јас се капев и заборавив да заклучам и баба ми оп влегува во вц да си изврши нужда и си влезе си заврши работа и како ништо да не било си излезе . Па и мала бев ја тогаш дали 5то одделение ама сепак бев развиена од прво одделение почнаа цицките да ми раснат. Ја цела а оваа гајле нема хахаха.
Немам проблем со голотијата.Ама дома за рекламирање нудизам имаме забрана, која ја почитувам затоа што нели сепак имам маж во куќата.Татко ми е и одвратно е нели Неможам да се замислам по долна облека пред него.Значи строго цензура. Пред другарки ги вадам близначките од футрола а маријанчето никако .Ау не, некако шубе ми е.И пред свекрвата исто а и таа пред мене. А близначките имаат исто видено сонце на плажа.Бледи беа морав Со дечко ми за по дома не носиме алишта ни јас ни тој.Сами живееме така да нема кој да не цензурира Друга ситуација, мајка му си дозволува да шета пред него во градник а тој пред неа пред боксерки.Ги разбирам луѓето си имаат таква политика која ја критикував на почеток ама потоа ја прифатив.Сеедно не сум јас таму дојдена да им менувам навики.А и мене не ми сметаат ниту си сметаат меѓусебно
Само пред огледало скроc гола. Пред мајка ми, другарки по гаки и прслук. Пред татко ми и брат ми секогаш облечена. Прееска само пред дедо ми на прслук ме виде, ама од спање ме разбуди а јас така спиев.
Гола исклучиво пред дечко ми. Пред мама, братучетки, другарки може само во долен веш, па и тогаш не ми е пријатно, ама има ситуации кога нема друго чаре, па мора. За пред машки членови на фамилија и другари тоа не правам ни муабет. Не само што е срамно, мене ми е одвратно. А сум видела и такви, ни срам ни перде си се шетаат низ куќи така распашани. Поштовање да се немало брееее. Па јас пред дедо ми, покоен, од почит ни по кратки шорцеви не се појавував.
Со исклучок на дечко ми и на гинекологот никој ме нема видено гола. Имам аверзија кон голотија, ниту се соблекувам пред други, ниту сакам некој да ми се соблекува. И пред мајка ми и пред сестра ми, исклучиво до долен веш... ако треба да сменам прслук обавезно се вртам на друга страна, а пак долу не доаѓа во обзир да се покажувам. На интима депилација не сум била, а не ни планирам некогаш да отидам. А кога ќе ми се случи некоја другарка, цимерка така да ми се соблече од што ми е незгодно незнам попрво кај да погледнам. Имав годинава цимерка, која ни се шеташе гола по собата, по бањање задолжително пола саат гола ни се врткаше, креваше нозе да се намачка поубаво со млеко... депилирана или не, галје и беше. Ми се идеше да ја задавам!!! Која е таа култура не знам, тебе ако ти е пријатно, може друг се гнаси од таквиот призор. За срамота!
Јас искрено се чудам на самата себеси. Немам некое тело авион или ау-уа, а мака немам за соблекување. На гинеколог, во козметички салон, на третмани, ма spread eagle, ваџејџеј, горе доле, една лево, една десно, и ајт со здравје. Дури и не ми требаше некое држ-не дај убедување за бившиот, којзнае од кај мојава храброст во ова поле. Мака немам затоа што не ми се толку блиски, барем овие кај што мораш да се соблечеш, зш одам само да завршам некоја работа и толку. Чудни сме ние луѓето. Порадо би се соблекла пред некој странец отколку пред мајка ми. А мајка ми или други домашни не сакам да ме гледаат. Неин. Спојлер Бог да чува сум.