Како јас да сум пишала. Иста сум. Само што нормално сум не сум се соблекла пред дечко 14 годинки имам. Инаку немој многу да се чудиш во ова влијае хороскопот. Сите ракчиња се такви па воедно и јас.
Незгодно ми е пред мајка и посебно пред другарка, арно ама се дешава. Спиење заедно, одење по викенди, летување и не може некогаш, а да не пропуштиш нешто. Настрана и тоа што имам улави другарки. Пример ќе пливаме и ајде сите на три - четири дигаме горниот дел аааа Магнолија ти не ги покажа убаво и јас Еднаш најслучајно влетав во купатилото и најслучајно и ич сакајќи и ја видов на една другарка. А оваа пијана и демек толку вознемирана ме тераше сега јас да и ја покажам за да бидеме фифти-фифти. Мамев, срцка сум. И пред доктори ми е глупаво. (иако се дел од моите најеротски фантазии ама тие помладите, да се разбереме...) Кога имав сколиоза, мислам нема пред кој не се соблеков. И сега последната, одлучувачка контрола јас почнувам да соблекувам се нагоре, вадам прслук и еден непријатен глас како да сум најголемата блудница и грешница на овој свет: девојко, зошто се соблекуваш целата? Вака испадна дека ич не ми е незгодно, ама ми е и тоа многу. А и не пред секој дечко сум бесрамна. Пример последниот дека ми е помирен (барем на изглед изгледаше така) на почетокот седев со скрстени нози
Сакам голотија и ептен ми е секси, ама моево тело не би да го изложувам пред секој, пред било кој. Дури не се сеќавам кога последен пат мајка ми ме има видено гола. Во четврто одделение чинам !? Пред другарки не долази у обзир. Не љубам да си ги покажувам Маргаритките и Беки, освен пред лепи, ама и тоа кога ќе му дојде време, засега само јас ќе си уживам во глетката. И ептен сум си интересна кога си се гледам во огледало, не испуштам момент а да не си прокукам за пропустите што ги имам, и си приплакувам за троа килце плус и на крај сè завршува со утеха дека и не е сè така црно, па сума-сумарум - не сум (толку) лоша бе!
Некако ми е срам пред мајка ми гола да се покажам,а и пред другарки,пред било кој,можам само пред дечко ми (добро и тогаш ми е малку срам),ама можам.
Ау гола не сакам пред никој да се појавам (ок,пред дечкото,ама има време за тоа)..сестра ми ептен често знае да си прошета гола низ соба и да ми се наличи пред мене и така гола да стои и да прашува нешто и јас само брзо и одговарам и одма си пуштам нешто на телевизија...ептен ме нервира така гола кога си шета,ама ни срам ни перде бе,ама некој ден ако и налета тато од некоја страна ќе биде интересно
Уф, изгледа само јас се двојам од раковите. Не сум срамежлива личност, но кога доаѓа до соблекување ммм, малку правам проблем. Основно, учев со многу проблематични деца, а и многу развиени деца. Од 11 девојчиња, 9 беа со големи гради, менструација дојдена во 4 одделение, крупни. Ние останатите бевме на некој начин дискриминирани и оцрнети од нивна страна. Во соблекувална, во 8 одделение, имав малку поголеми гради од останатите слабички, па носев прслуче. Постојано ме зафркаваа дека го носам на празно, дека само се фалам дека имам нешто, а немам ништо. Кажуваа на момчињата што носам, не само за мене и за другите. Мене ми беше страшно непријатно, некој ќе ме праша, зошто носиш прслуче кога немаш со што да го наполниш, а мене точно ми беше погодено, ни мало ни големо. Од тогаш, ми се создаде страв и срам за соблекување. Во средно, незнам како почнав да се соблекувам. На почетокот не вежбав, срам ми беше, што ќе речат/да не се повтори од лани, но околу мене имаше многу девојчиња со мали гради, па некако мислам дека тоа помогна. Вака ми е срам, не па гола да се соблечам. Кога се бањам, по 2 саати со во тоалет, таму се облекувам, никако да прошетам гола. Мајка ми, ми вели дека нема потреба да се срамам од неа, но неможам, едноставно. Пред некое време, заборавив да се заклучам и мајка ми влезе и ме виде. Потоа, многу долго време бев заклучена постојано. Пред другарки, гола ?! Нема шанса, прво не ги знаеш доволно, може да те изненадат па да те уценуваат потоа со слика, страв ми е. А пред дечко .. Е ќе си почека за тоа уште неколку години. Пред доктори никако, инекција во задников не се сеќавам кога сум примила последен пат. Имам искривување на 'рбетот, па нели треба да се соблечеш на гаќи и на прслук. Во фамилија имаме доктор, со таа намена, но маж е. Бидејќи е од фамилија, инаку нема шанса.
По прслук и гакички не ми е проблем пред другарки братучедки ... пред мајками и блиски другарки не ми е проблем и без прслук ама скор гола не. И до сега дома никогаш не се имам шетано по гаќи и прслук имам браќа и татко и некако непријатно ми е, а знам многу другарки кај што дома сите онака голи си шетаат
Моето голо тело освен мајка ми никој не смее и не може да го види.Инаку ни мајка ми не ме видела со години ама не дај боже за нешто само таа и никој друг.Инаку гола за пред други не.Горен дел имам соблечено пред другарки ама само 1 најблиска и толку.Не ми е глупо пред женски затоа што и они го имаат тоа ама пиштол гола нема шанси.
Скроз гола би се соблекла само пред дечко ( и тоа дечко со кој имам демек сериозна врска) и при некој преглед,доколку морам да се соблечам. Пред мајка ми нема шанси,срам ми е,а пред сестра ми и пред другарките само по прслук и гаќи
Не ми е проблем некој да ме види по гаќи и прслук. Ама ич. Не дека имам некое тело, ама не се срамам, како да по купаќи никој ме нема видено. додека без прслук тоа е веќе деликатно прашање. Надоле да ме види некој гола, ич нема да му придадам на значење, ама без прслук ме имаат видено само мајка ми, сестра ми, другарка ми и 2, 3 дечковци
Голо тело освен за Екг- горен дел или за време на операција. Нормални и пред дечкоми. За сите други не доаѓа во предвид. Сепак јас сум си сопственик на моето тело.
Обожавам да седам гола дење,ноќе сеедно (нормално кога сме си сами со него ), и секогаш спијам гола . навика ,а и така се чуствувам најудобно
Не ми е срам од никој поблизок да ме види на прслук и гаќи. Гола целосно ме има видено само дечко ми, бившиот и мајка ми. И не се срамам од мајка ми бидејки поблиска личност од неа здравје, и фала богу добар дел од животот ми го бришела газот од какушки, и сеа оти едвај пораснатите цицки ке и ги покажам, да се срамам. Јеа рајт...
Многу ми е непријатно кога девојки во соблекувална или другарки по дома ми се соблекуваат голи без срам и перде. Во ред пресоблечи го горниот дел, но не нападно и со тресење гради и наведување, невкусно е, како намерно да го прават тоа но не знам зошто?!. Инаку јас сум задоволна од моето тело, вежбам и сум во супер форма, но немам потреба тоа на некого да му го набивам во фаца.
Ја неможам пред никој така да шетам на преслук и гаќи, незгодно ми е, а било коиј да не нема да дозволам како што кажа Кенди20, Јас сум сопственик на моето тело.
Не сум била пиштол гола пред никој . Освен како мала кога ме бањала мама. Се срамам, не дека немам убаво тело, интима ми е.
Јас немам проблем да се појавам гола, не е тоа затоа што мислам дека имам убаво тело туку затоа што мислам дека е тоа природна состојба на телото. Јас би била најсреќна кога лугето би оделе без алишта како што тоа било пред илјадници години. Облеката некако како да наметна некои искривени стандарди дека нешто треба вечно да криеме и сме во некоја вечна паника. А кога подобро би разимислила апсолутно нема потреба за тоа. Да се вратам на темата, значи не ми е воопшто незгодно да бидам скроз гола пред друга жена додека пред машко е малку комплицирано бидејќи мажите се палат на мини а камоли да видат скроз гола жена. Додека во гаки и прслуци воопшто немам гајле тоа е исто како да се појавиш во костим за капење.
Ако истовремено те прави среќна и да палиш оган со помош на камења, да живееш во пештера и да јадеш полуживо месо и ако тоа се за тебе вистинските стандарди тогаш ок.
Мене па воопшто не ми е непријатно. Си се соблекувам гола пред мајка ми, сестра ми, баба ми (претежно женските у фамилија). Пред двете најблиски другарки не ми е срам да бидам без прслук. Се дешавало и многу пати да идеме заедно у ВЦ Па бабите да се дерат кај сте се напикале три у ВЦ ајде искачајте. Иначе често сум пред татко ми и дедо ми со гаќи а горе некоја мајца, претежно подолга и незнам, мене ми е тоа сосема нормално, не ми е непријатно, нити па гледам зашто би ми било, сепак тие пелени ми мењавале некогаш. Пред дечко ми ми беше срам во почетокот ама повеќе не ми е.