Гола можам само да се соблечам пред мајка ми бидејки не се страмам зошто таа ме родила.А пред друг многу се страмам.
Искрено се чудам како можете да одете по гаќи пред татко и дедо. Претеризам. Ви менувале пелени додека сте биле бебиња, сега си веќе возрасна девојка и треба да се има една приватност, една интимност којашто не се дели со секого. Тие се мажи, и верувај дека нив им е незгодно што ти така се шеташ пред нив бидејќи си им ќерка/внука. Јбг, и мене некој да ми се избаци пред мене гол по гаќи ќе ми падне незгодно, ќе ти отиде погледот каде не треба автоматски и ќе ти дојде глупаво. Едно е да живееш во 21 век сега кадешто многу работи се веќе сменети и нормално живееме во модерно време, ама друго е да имаш осет и почит спрема своите и да ги поштедиш од незгодна ситуација. Јас гола можам само пред партнерот да бидам, и пред женски да се пресоблечам, т.е. по долна облека да бидам.
Епа оти живееме во 21 век, слики у купаќи (полуголи) летат по социјалниве мрежи каде што и чичо и вујко имаат профили па гледаат. Инаку само јас се имам видено гола како пиштол, мене дури и пред мајка ми ми е незгодно. А на прслук и гаќи пред другарки, тета, вујна, баба и мама.
Го делам мислењето со Лакримоса, па што ако ти менувале пелени, тоа било одамна, сега си жена, со текот на времето телото се менува... Јас гола да шетам да се соблчам се срамам дури и пред мајка ми
Непријатно ми е пред сите.Да бе,јас да одам по гаќи и прслук пред мајка ми ми е срам,а не па пред други.
Само пред дечко не ми е незгодно од сите во фамилија ми е незгодно, нема потреба ни тие ниту пак јас да се соблекуваме едни пред други
Mене пред најблиски другарки , пред дечковци , уопште не ми било непријатно ,мислам дури и онака по систематски или кога сме биле повеке девојки во соба по одмори исто не ми било непријатно , не знам што има непријатно тука , пред татко ми , други машки членови нормално де , ама не можам да сфатам , со другарки да седам и да одам со алиштата у купатило таму да се пресоблакам , мислам ми нема логика , а и да се пресоблекува некој пред мене сигурно нема да се ѕверам у неа , непријатно да и биде
Mоре јас ич не сум срамежлива пред другарки,освен долу да не ме видат а за гради покажување на гаќи и елече слободна сум летам .Mногу ми е срам од домашните дури и од мама,можеби дека имам татко и брат па многу пазам гола или полугола да се шетам,би сакала да спијам без елече но невозможно е .A за пред дечко ,хм досега само двајца ме виделе гола скроз гола незнам некако интима си е мое тело си е не се осеќам либерте пред секој.Mоите другарки ич не се срамежливи и скроз голи ги имам видено ,и едната цимерка шо ми беше ич немаше срам од мене-не ми пречи тоа ајде кога сме сами женски в куќа ок .
Ич не ми е срам да си шетам полугола по куќа. По гаќички и прслук сум секогаш, освен нормално ако имаме гости па сум пристојно облечена.
Скроз гола има ме видено само мајка ми, и тоа кога бев помала, а на долен веш другарките, брат ми и татко ми(и тоа беше порано, сега непријатно ми е )
Интересно ми е како секој има различно гледиште на темава. Од домашните пред брат ми да си седам по долна облека не ми е срам, го гледам како втор дел од мене но, мајка, татко или било кој друг роднина, не можам. Пред другарки не сум баш срамежлива, мислам на блиските. И онака, барем за една, знам како дише, и не ми е срам за ништо. Дечко, козметичари, бла бла, нема срам воопшто. Зошто би?
Пред дечкоми не се срамам воопшто,другарки по градник и гаќички само 2-3 ме имаат видено и тоа кога сум се пресоблекувала дома нешто или сум пробувала. Пред мајками не се срамам ама избегнувам да ме гледа по градник сепак ми е непријатно заразлика од нејзе што си се пресоблака пред мене па дури мене ми станува срам наместо на нејзе..
Има нешто што се нарекува интимност и приватност и има причина зошто се нарекува така. Не сме во првобитна заедница па да се размавтаме со се' и сешто на сите страни. Посебно па што воопшто нема причина за тоа. Не гледам некоја задолжителност во тоа да се пресоблекувам гола пред другарки кога фала Богу во секоја куќа има вц. Фино, културно ќе си земеш алиштата и ќе си отидеш до вц, прави што ќе правиш таму, па врати се назад. Толку ли е тоа тешко? Или па која е потребата од шетање гола или по долен веш пред домашните? И не, не признавам тоа дека ме виделе гола кога сум била мала, ме пресоблекувале, ме бањале или не знам што, не за џабе кога сме мали некои работи ни се дозволени, а кога сме големи важат други правила. Едноставно не е нормално. Јас разбирам, слободоумни личности има секаде ама не знам колку им е интересно или убаво за гледање на вашите или другарките кога се шетате голи пред нив. Сигурна сум дека вртат глава, колку и да ви зборат дека не смета. Исто така не оправдувам во сред лето по хеланки и по тенка маичка без прслук шетање низ дома, пред татко, брат, дедо, итн или по кратки шорцеви од кои задникот им излегува. Па на што личи тоа, не е воопшто вкусно за гледање. Ќе одам низ дома и сите ќе вртат глава на страна. Имав другарки кои заедно се бањаа на одмор. Вода немало за двете па ајде заедно. Тешко им е да почекаат па да се избањаат како луѓе. И ај сега сфати ги... Имав другарка чиј татко се шеташе низ цела куќа по гаќи, на тераса си излегуваше, низ дневна пред гости така си се шеташе... Јас влегував кај нив, главата во земја и директно кај другарка ми во соба. Па не е нормално тоа бре луѓе. Лично јас така размислувам. Немам комплекси, можам да кажам дека сум си задоволна од телото, ама тоа не значи дека сите треба да видат нешто што не треба да се види. Не можам да ја сфатам таа некоја опуштеност кај некои луѓе за ова. Единствено само дечко ми ме има видено гола и пред него немам ама баш нималку срам, за сите други луѓе си постои посебна просторија која важи за приватни работи која се нарекува тоалет, вц, купатило кој како сака. По долен веш можам само пред сестра ми, не ми е срам зашто сепак се' уште делиме една соба и пред мајка ми исто така немам срам, дури и пред нив само кога морам, пример купатилото е зафатено, се брзам и такви слични ситуации, инаку и само они две кога се тука пак си влегувам во вц, пред други никако не сакам. Не ми е срам ама јас лично не сакам. Пред татко ми, дедо ми, чичко ми па ич, за тоа воопшто да не ни зборам. Кога влегувам да се бањам земам се' што ми е потребно, а не да претрчувам до соба по гаќи или па не дај Боже гола. Се бањам, се облекувам додека сум внатре и си излегувам како човек. Тоа е тоа. Ама затоа па дечко ми надокнадува за мене. Тој си нема гајле. Не се шета по боксерици низ дома, тоа не, ама ете кога треба да се бања пример претрчува по гаќи до вц, а може секој да го сретне, или ќе се избања и по бањарка си шета низ цела куќа или си седи така едно саат време. Ме зафркава, вика ако продолжиш да ме караш во сред двор гол ќе излезам, ич не ми е срам. Не е со сите, ама знам дека не е до толку. Ама јас пак го карам и гледам малку од малку почнува да се менува за тоа, сфаќа.
Не сум баш нешто задоволна од моето голо тело, али луѓе за се треба да постои граница. Како тоа да се шетам по ѓакички и по прслук пред татко, дедо?Ептен се срамам од тие работи, дури и мајка ми понекогаш ми вика аман диши малку.Кога одам да се туширам, а заборавам нешто во собата никогаш не претрчувам по долен веш.Си се покривам со крпа цела и го земам тоа што ми треба, а дури и тогаш не се осеќам убаво али се дешава.Пред мајка ми можам по прслук и гакички, а друг некој ако ми влезе во соба без да трпне спремна сум да му се изнадерам. Но, пред другарки немам никаков срам.Додека бев на одмор се бањавме заедно со една другарка.Па зошто да ми е срам, она што го имам јас го има и таа.Во соблекувална по гаќи и прслук, на ексукурзија во иста соба кога бевме не ни беше срам од ништо.Несфатливо ми е собрани само женски другарки во соба и јас да се пикам во вц за да се пресоблечам.Немора да ѕверат во мене, како што и јас се понашам нормално. А дечко, досега не сум имала,али сигурна сум дека нема да ми биде срам од него, за тоа нема приговор нормално.