Јас не сакам да покажувам голотија, гола сум само пред дечко и кога одам на плажа сум во бикини инаку не сакам ниту деколтирани маички или фустани да носам ниту пак шорц. Дури и на физичко повеќе сакав тренерки да носам а имавме шорцеви како задолжителна опрема и се расправав постојано со професорот.
Гола може само пред 2-3 другарки и пред дечко. Пред мајками може по долна облека само, не дека мене ми е срам скроз гола туку на неа ќе и биде незгодно.
Убаво рековте некои, голото е тело само за пред огледало! Не се пресоблекувам пред членови на семејството, бидејќи не напразно има клуч на вратата од купатилото и мојата соба. Скроз гола ме виделе како мала кога ме бањале и облекувале, а сега кога веќе знам сама да се средам, не гледам причина да се соблекувам пред нив, дури ни пред мајка ми. Пред другарките се соблекувам по долна облека и тоа само во соблекувалната, пред и по часот по физичко, иако и тогаш не ми е баш најпријатно. Дечко/девојка сеуште немам, но се разбира дека во иднина ќе треба да се пресрамам пред него/неа. Сметам дека докторите не треба да ги спомнуваме во темава, бидејќи тие не гледаат како пациент, а не како гол човек. Немам проблем да се соблечам по долна облека кога ситуацијата го налага тоа, но повеќе од тоа не. Како и да е на плажа којзнае колку ме виделе по долна облека, но тоа не се смета за голо тело. Како што не сакам да ме гледаат гола, така не сакам ни другите да ги гледам голи. Ја почитувам и мојата и туѓата приватност.
Ништо посебно. Сметам дека тоа е сосема ОКЕЈ... Но, нема да велам дека секој треба така да мисли =) Сметам дека секој си има свои предности и недостатоци, така што - никој не е совршен. Секој е ист, сите ги имаме истите нешта и внатре и надвор... Кога ќе подразмислиш , нели =). Нема потреба од страв, срам...
Јас немам никаков проблем со мојата голотија, ама има многу луѓе со грди тела кои бидејќи сум естет, не би сакала да ги гледам, а неретко истите не се во ред ниту со паметот (нееволуиран), па не би сакала ни тие да ме гледаат мене, така да... Ова општо ако се збори за нудизам, натурализам или како и да беше таа филозофија... А во рамките на семејство и пријатели, мислам дека е веќе прашање на лична (не)култура. Знам едно семејство, брат и сестра 30+ години, да им појдете во гости, си шетаат така раскопчани или по веш. Демек да се осеќаш како дел од нивниот дом Да бе. Непочитување кон поканетиот.
Преку лето не ни внимавам што и колку се гледа.Од моето семејство единствено мајка ми ме има видено гола кога влетува во мојата соба.На контроли и прегледи задолжително ми е да се соблечам и со тоа немам проблем,се има случено на систематски преглед млад доктор да ме прегледува и тогаш ме фати срам малку.Пред 2 другарки исто можам гола да шетам без проблем,и пред братучетка ми хаха до пред 2 години заедно се туширавме.
Само пред бившиот имам шетано гола, пред сестра ми само по танга и прслук, а пред мајка ми и татко ми не доаѓа во предвид да се појавам разголена.
Се срамам или не не знам, но пред никого не би се шетала ни полугола.. Немам совршено тело и малку ми е непријатно и пред дечко ми.
Нема ништо лошо во голотијата, се додека се доживува како релаксација (по дома кога сум сам или со девојка ми). Летно време секогаш посетуваме нудистички плажи и нема поубаво чувство. Значи не е работата во гледање други голи тела, туку едноставно уживање во слободата, нема ништо поубаво од пливање без ништо, проштека по плажа итн.. По тие плажи низ Грција, Црна Гора и Хрватска кај што сме биле најчесто и најголем дел биле парови или друштва и никој не се замара, секој си гледа своја работа. А настрана од нудистичка плажа и сам по дома, гол ме видела девојка ми и бившите. Треба да се има осет за кога и каде може да се ужива во голотијата. Нема потреба од срам и страв, никој не е совршен, секој треба да се чувстува пријатно во својата кожа.
Немам проблем иначе, било да е плажа, пред другарки, сестра, и нормално партнер. Ко некој цицки да нема видено.