Горан Брегович

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од OzzyAngel, 15 мај 2011.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Заслужува место тука!
    Човекот што ја создаде најдобрата рок н рол група на сите времиња-Бијело Дугме- на Балканските простори, човекот што прави чуда на гитара, истиот тој го собра Дугмето повторно пред неколку години, направија една турнеја на местата каде што ги правеа најголемите концерти на своето време, а потоа се повлече и си продолжи со својот Оркестар За Свадби и Погреби. Кога го прашаа зошто не е сега со Дугмето кога овие прават концерти, тој кажа “Нема потреба да се собираме повторно, ете ме фати носталигија, направивме неколку концерти во чест на убавите времиња, не гледам сега причина да не` има пак“

    А сега прави чуда со неговиот оркестар, по мое мислење- Нема друг како БРЕГА! :rock: А пак како изгледаааа.... :inlove:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    За музиката т.е за неговата кариера не сум баш најупатена најикрено така да не навлегувам.
    Го доживувам како исклучително силна , влијателна личност многу способна и што најмногу ми се допаѓа кај човеков е што ич не го заболе кој што збори :D во свој филм си е човекот и мува не го лази ;) а такви персони малку ги има :!:
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Горан Бреговиќ, уметник и најдобар во она што го прави, ама до совршенство.
    Не можам да изнајдам доволно зборови со кои ќе го искажам моето незадоволство и тага и бес што не отидов на концерт :(
    Најубавите песни на Бјело Дугме се токму негови.
    Можеби е самобендисан и егоцентричен, на моменти груб, ексцентричен, но јас му простувам.
    Поради музиката, појавата, изведбата, уникатната енергија.

    Јас сум вљубена во човеков. Не ме интересираат коментари од типот како ја користи циганската, т.е. плех изведбата во неговите песни и како демек краде туѓо и само преработува.
    Оди и направи го подобро ако можеш.
    Оперирана сум од вакви коментари, кога го слушам Г.Б. како да сум буквално во друг универзум.
    Сонувам за денот кога ќе одам на Гуча и ќе го слушнам со 300 000 и кусур луѓе во живо.

    Ако ништо друго, сите треба да го имате ова по дома :!:
    Music for films
    [​IMG]

    Моите омилени...
    Ya Ya Ringe Raja
    La Nuit De Saint-Barthelemy
    7/8 & 11/8
    Underground Tango
    Lullaby
    La Nuit

    Целиот саундтрак за La reine Margot e празник за ушињата,
    Tales and songs from weddings and funerals е едно излижано и испревртено цд. Стотина пати минимум.

    Можам да зборувам до утре сабајле, ама оваа песна на Дугмето, музика, текст и аранжман на Г.Б. комотно можам да кажам дека е најубава.
    http://www.youtube.com/watch?v=kbwTVcZUjqk

    Омилената ми, со гласот на Васка Јанева
    http://www.youtube.com/watch?v=7726Wu9kDj0

    и кој не го бендисува ова - нешто му фали во главата
    http://www.youtube.com/watch?v=ykznZ0Pg ... re=related
    и Здравко Чолиќ пее побогу !!!

    ГОРАН БРЕГОВИЌ :bow: :bow: :bow:
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    78