Македонскиот репрезентативен капитен ја пронајде вистинската форма во новата 2018 година и моментално е еден од најозборуваните фудбалери во Серија А. Искусниот струмичанец игра во италијанското првенство од 19 години, односно активно е вклучен во италијанската елита цели 15 сезони. Освојувал титули со Лацио, Интер и Наполи, а пред себе го има предизвикот наречен Џенова, која се бори за опстанок во лигата. На 4 јануари 2010 година, Пандев потпиша петгодишен договор со Интер,[10] каде што го носеше дресот со број 27. Своето деби за Интер, Пандев го имаше против Кјево, на 6 јануари истата година, кога Интер победил со 1:0. Својот прв гол за Интер, Пандев го постигна против екипата на Бари. Подоцна, Пандев го освои вниманието на италијанската фудбалска јавност во победата на Интер над градскиот противник Милан, кога му асистирал на Диего Милито при постигнувањето на првиот гол, додека пак вториот гол бил негово дело од слободен удар, како еден од најдобрите на колото.[11] Во 2010 година, Пандев ги оствари најголемите успеси во својата фудбалска кариера, кога со Интер освои дури четири шампионски титули: првак на Италија,[12] освојувач на купот на Италија,[13] победник во Лигата на шампионите,[14] и победник на Светското клупско првенство (постигнувајќи го првиот гол за Интер).[15] Успесите на Пандев продолжија и во 2011 година, кога со Интер повторно го освои Купот на Италија, при што тој непосредно учествуваше во постигнувањето на третиот гол за Интер.[16] Во сезона и половина играње во дресот на Интер, Пандев одиграл 67 натпревар и постигнал 8 голови во сите конкуренции. Неговиот единствен гол во европските натпреварувања за Интер можеби е и неговиот најважен гол кој го постигнал за клубот, погодувајќи ја мрежата на Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2010-11, за победа и пласман понатаму на неговиот тим. Instagram na Goran : https://www.instagram.com/goranpandev19/ ima i facebook stranica ama neaktivena e ...
Гранде Пандев - со среќа 100-тиот натпревар. Вчера го извадија околу 70-тата минута и доби голем аплауз каков што заслужува играч од неговиот калибар.
Голот против Баерн беше нешто што и денес се памети. Голем играч. Ех да имавме вакви уште 3-4 кои не претставуваат во најдобро светло и притоа вложуваат во фудбалот супер ќе беше.
taka e , i so Milan , i so Makedonija Spanija 2ta Konecno da e na socijalna mrezha nekoja hahha https://www.instagram.com/goranpandev19/
za pancev, fudbaler so golem oset za gol i srecko (sekogas na pravo mesto i vreme kako inzagi) a sevkupno ligus i mrza. nema tehnika i brzina za mene fudbalerista bea toni savevski i ilija najdovski