1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гордост и предрасуди (Pride and Prejudice) [1995]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од tace73, 2 февруари 2015.

  1. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Се работи за ТВ мини серија, во 6 епизоди, во продукција на BBC. Епизодите се некаде по 50 мин. Видов по форумов дека некои членки ја гледале, но не најдов тема во серии за неа.

    Серијата многу ми се допаѓа, изборот на глумци е одличен. Колин Фирт ми е вистински мистер Дарси, преубав, одличен глумец. Имаат одлична хемија со Џенифер Или (Лизи), можеби и затоа што романсата им преминала и во реалниот живот :). Има неколку сцени што ме „погодуваат“ и кога сум си нерасположена си ги пуштам да се разведрам. Серијата ми се допаѓа и поради тоа што прилично се држат до книгата!

    Па кажете и вие што мислите!
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас одамна ја имам мини серијата во лаптоп и многу пати ми е гледана.
    За разлика од филмот од 2005,глумците и автентичноста се многу подобри,посебно Колин Фирт како Дарси.
    Книгата е навистина одлична и серијата одлично ги прикажува сите детали,со мал дел додаток,како на пример сцената кај езерото кога Дарси се враќа од пливање.
    Убава екранизација и секогаш постарите верзии се пооригинални и поубави.
     
    На mims-89 и tace73 им се допаѓа ова.
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Да, и јас читав за таа сцена и арно што ја додале, зошто ми е една од најубавите во серијата, заедно со онаа во куќата на Бингли, кога сестра му ја тера Лизи да шетаат низ собата и онаа во куќата на Дарси, кога ја тераат Лизи да пее! И да не заборавам на сцената во куќата на мистер Колинс кога Дарси и изјавува љубов на Лизи и и предлага брак!
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Јас не ја имам гледано серијава.
    Интересна е?