Горка Земја 2018 Зулејха е млада и убава девојка која живее во Истанбул заедно со нејзината злобна маќеа, полубратот и снаата. Во бурните 70-ти години, таа заработува како кројачка и сонува да се омажи за својот сакан Јилмаз, вреден човек кој работи како автомеханичар. Зулејха и Јилмаз сакаат што поскоро да се венчаат и да го започнат својот нов заеднички живот. Сепак, се случува нешто неочекувано и тие стануваат невини жртви на судбината. Вели, полубратот на Зулејха, ја продава својата сестра на шефот на мафијата за да му го врати коцкарскиот долг. Не знаејќи за овој факт, Зулејха паѓа во стапица поради суровоста на сопственото семејство. Од друга страна, со цел да ја спаси жената што ја сака, Јилмаз е приморан да го убие мафијашот. По оваа трагедија, не преостанува ништо друго за Јилмаз освен да избега од Истанбул за да може да преживее надвор од темните зандани, а во тој план му се придружува и Зулејха. Јилмаз и Зулејха се откажуваат од своите надежи и соништа, па тргнуваат на едно далечно и исцрпувачко патување бегајќи од Истанбул и полицијата која ги демне. Судбината ги носи Јилмаз и Зулејха во Адана во југоисточниот дел од земјата. Таму се обидуваат да најдат работа и да заработат пари додека се вешто ќе го кријат својот идентитет. Од чиста случајност, Јилмаз наидува на еден од неговите пријатели од воената служба, кој им нуди работа на плодните земји на чифликот на семејството Јаман во областа Чукурова. Така, љубовниците бегалци започнуваат да работат на имотот на Јаман и се претставуваат како брат и сестра за да не бидат одделени едни од други. Чифликот е позната фарма во Адана која поседува огромни и плодни земјишта. Земјопоседникот Демир е млад и убав човек кој студирал во Берлин, Германија. Тој е модерен и страствен човек кој има за цел да воведе механизација во земјоделството и на тој начин да ја реализира желбата на неговиот татко да стане најмоќниот човек во Адана. Сепак, неговиот живот драматично се менува откако ја запознава Зулејха. Иако по разводот се одрекол од љубов и брак, сега Демир е маѓепсан од убавината на новата девојка. Без да знае дека е вљубена во друг маж, Демир почнува да гаи чувства кон неа. Одеднаш се менуваат животите и на богатата фамилија, но и на Зулејха и Јилмаз. Од една страна, тука е госпоѓата Хункар, мајката на Демир, која ќе стори сè за да ја заштити доминацијата на нејзиниот син над плодните земји што нејзиното семејство ги поседувало со векови. Од друга страна, тука е Јилмаз кој може дури и да убие некого заради неговата љубов. На тлото на горката земја, се раѓа нова, уште полегендарна љубов од онаа која ја запознавме, но дали и овојпат моќниците ќе сторат сè за да го постигнат она што го сакаат или среќата ќе им се насмевне на оние кои веруваат во силата на љубовта? Како ви се допаѓа серијата? Ја гледал ли некој до сега? Јас ја загледав и ми изгледа интересна.
Вака засега интересна гледа, како ќе е понатака ќе видиме Баш ме интересира ако некој знае во спојлер накратко да ни каже што ќе биде
Спојлер Ќе дознаат што се случило во Истанбул.Демир се вљубува во Зулејха.Мајкава ја уценува да се омажи со Демир.Демир е стерилен,а Зулејха веќе трудна,и ќе направат дека е негово детето.Дечково Јилдиз ли беше,и тој ќе биде женет.Толку отприлика знам.Се ти измешав можеби ама не памтам имиња
Од што се разболија луѓето што работат на имотот, знаете ли? Инаку, ми се гледа предобра, баш ми е интересен тој период. Воедно, многу квалитетна, се гледа многу е вложено во неа. Ми асоцираше прво на Бурни времиња, иако е сосем друга тематика, гледам ја споредувале со Имотот на дамата, ама и од таа ми е поразлична.
Дали ја има некаде со српски превод напред епизодите? Многу сум нестрплива да ги гледам, но не успеав да ги најдам. Серијава е одлична!
Jilmaz ke se ozeni so nekoja doktorka,taa ke bide bremena a i Zulejha isto taka i zaedno ke se porodat.Jilmaz i zena mu ke ziveaat do kukjata na Demir.Jilmaz ke umre,a prethodno Zulejha ke mu kaze deka Adnan e negov sin.Vo bolnicata Demir ke mu se izvinuva za se sto mu napravil .Otkako ke umre Jilmaz ke se pojavi nekoja nova zena sto najverojatno se vljubuva vo Demir... Do tuka sum stignata,i kolku sto sum svatila
Стварно ли Јилмаз наредил да се земе бебето? Филмот ми привлече ногу големо внимание, но не можам да го најдам на јутуб со превод.
Не, туку овчарот и жена му го зеле. Им умрело бебето пред скоро и жената тагувала. Јилмаз го најде бебето и го врати кај мајка му.