Спојлер Немам гледано до толку детално, чат пат некое кратко видео или што ќе прочитам нешто. Ќе умре за некоја епизода Јилмаз, само тоа знам, за другово нека каже некој ако знае повеќе.
аии какви стресови ми направи уште посабајлечки. Иначе првпат гледам дека имало ваква тема. Ја не сум многу по сериите, ама кога и да ја начекам на тв Горка Земја знам да ја загледам.
Нешто читав погоре Демир ви бил убав, мене па воопшто не ми се допаѓа. Ама нели секој си има свој вкус. Инаку режисеров претера цел филм го изврте го одолговечи ко индискине серии. Јилмаз како главен лик не требаше да умре, стварно без везе ќе стане серијава.
Зашто колава на Јилмаз ќе падне во провалија, некој ќе му ги расипе кочниците, затоа што колку што видов проба да кочи ама не можеше?
Мене лично Демир ми е многу убав и се гледа дека е сака Зулејха ама таа многу почна да ме нервира и да претерува со љубовта кон Јилмаз. Текот на цела серија ќе се промени со тоа што многу ликови ќе ги тргнат. Во Турција мислам дека сеуште се снима.
Абе каква љубов е тоа? Колку ја малтретираше што се не и правеше. Заклучена ја чуваше, од децата ја делеше. Повеќе како опсесија отколку љубов. Додека Јилмаз иако не ја сакаше Мужѓан никогаш не се понашаше така лошо со неа освен последниов пат. Ама си го заслужи, претера.
Да точно е, и Демир претера во некои моменти во однос со неа ама и Зулејха искрено. И на крај колку што гледав на кратки клипчиња на турски јазик, Зулејха ќе го засака Демир, па ќе се појави друга девојка што ќе се заљуби во него. Нека каже некој во спојлер што ќе се случува понатака.
Спојлер Умит ќе се вика. Ќе соработува со Фикрет. И ќе пробува да ги раздвои Зулејха и Демир. Ама откако Зулехја ќе се заљуби во Демир тој ќе престане да се гледа со нејзе. Како што сватив Умит и е ќерка на Севда. Умит ќе пука во Демир ама во последен момент Севда ќе скокне пред Демир и ќе умре. А подоцна мислам дека Умит ќе умре или ќе ја снема од серијата.
Спојлер Сеуште не. Фикрет ќе и признае дека ја сака. Навивам да завршат заедно Зулејха и Фикрет. Тој Хакан воопшто не ми се допаѓа.
Спојлер а фикрет зошто е дојден? Со која цел се појави? Тој мати нешто или? Не му е значи внук на фекели?
Спојлер Некаде прочитав дека Демир всушност е син на Фекели, не на Аднан Јаман. Серијата е бетер од индиска.
Спојлер Фикрет сака да му се одмазди на Демир и цело време ќе биде опседнат со тоа, а зошто како не знам. Со ќеркава од Севда ќе соработува исто.
Спојлер Демир е син на Аднан. А и Фикрет исто така. Целта на Фикрет е одмазда. Со Демир ќе бидат непријатели. Неколку епизоди пред да умре Демир ќе се помират и како браќа ќе станат.
Жал ми е за Фекели, 3 деца изгубил. Таман се навикнал со тоа дека ги изгубил двете деца , сега и Јилмаз ќе го изгуби