Се изнасмеав со парите, кога гледав ми текна дека коментиравте тука и уште посмешно ми беше... И јас за глумците. И Демир и Фикрет ми се едни од поомилените глумци. Тек па Ибро кога ќе дојде. Само што Фикрет порано поубав беше, не знам што се расипа со таква фризура.
Фуркан(за тие што не знаат правото име на глумецот кој го игра Фикрет) ми е поубав во други серии.Во оваа грубо изгледа.
Да, не му стои некако овој стил или ние не сме навикнати вака да го гледаме. Смешно го облекуваат, со тие шарени сакоа.
Пак гуглав. На турски вебсајтови пишува дека дејството е сместено во 70-те. Во една сцена кога се на гробот на Јилмаз пишува дека починал во 1978.
Оваа Бехиџе ако и одговара лоша улога, што ќе помислиш дека и во реалниот живот е таква. Друга улога нема да и одговара, створена е за негативец.
Она најчесто имала лоши улоги. И сега што глуми во една серија што се снима во Турција, и во неа има лоша улога.
Мене ми е една од најдобрите Турски кои сум ги гледала.Ја изгледав кога излезе,многу силна порака има,за тоа како мајчинската љубов(во случајов од две мајки)може да ја уништи психата на детето,подоцна веќе млада личност која се губи исполнувајќи им желби,а се бори со анксиозни напади. Препорачувам да се гледа на турски,македонските синхронизации се ужасни,со исклучок на два-три гласа.