Ај мала биографија прво Горјан Петревски е роден на 14 јули 1951 година во село Мренога, Демир Хисар. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование стекнал во прилепската гимназија. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје во групата на јужнословенска книжевност. Работел десетина години како новинар на Македонската Телевизија на програмата за деца, а од 1986 година преоѓа на работа во НИП "Нова Македонија", каде што работи во забавникот за млади "Наш свет", бил и одговорен уредник на списанието "Развигор", како и одговорен уредник на издавачката дејност во издавачката куќа "Детска радост". Горјан Петревски е писател со ретка дарба чии книги (романи и раскази) привлекуваат големо внимание на читателите и побудуваат голем интерес. Најчесто тое е поради неговата непосредност, лирските нијанси во делата како и поради чувствата што се раѓаат кај младите, првите љубови.* Мислам дека единствени книги што ги имам прочитано од него се Марта и "Снеговите на Климентина Евин", во основно, како лектири. Леле колку бев заљубенаааа во Снеговите на Климентина Евин. Најдобро нешто ми беше, ја обожавав, ја прелистував, пречитував. Знам дека после години, кога излезе негова книга, мислам дека беше Сама, сакав да си ја купам, но нешто ми велеше дека немаше да биде ист ефектот, сепак книгата некако ми беше за одредена возраст, а јас веќе навлегов во средношколските потешки лектири и литератури. Совршен автор е за литературата во основно. *од википедија де
Многу го сакав/м човеков. Пишува одлични книги за 13-14 годишна возраст. Интересни, лесно сфатливи, со убаво дејство. Немам многу негови книги прочитано, само Марта, Сама и Споменка, ама го почитувам. Во осмо дури и се сликав со него.
Го сакав некаде во трето, потоа ми станаа досадни некако приказните и не ме воодушевуваа нешто посебно. Но, сепак браво за човекот што се потрудил да напише книги за помлади што е реткост во Македонија.
Никогаш не го сакав овој писател. можеби затоа што беше премногу исфорсиран. Не ми се допадна ниту една негова книга, некако премногу детски се книгите и приказните се многу едноставни. Not my type
Многу си ги сакав Марта и Сама. Има многу убави книги - Снеговите на Климентина Евин, Исти очи, Споменка, Далечна љубов .. Но, последната книга Пламени Залези (барем последната што јас ја имам прочитано од него) не ми остави посебен впечаток. Воопшто не може да се мери со претходните. Можеби едноставно сум ги надраснала неговите книги, но тоа е.
Го обожавам човеков Многу ми се допаѓа неговиот стил на пишување,ми се допаѓаат скоро сите негови книги.Незнам можеби затоа што сум во таков период,но сепак рака на срце има одлични текстови. Ги имам прочитано:Марта,3 делови на Споменка,Снеговите на Климентина Евин,Исти Очи - и сум презадоволна од она што го имав прочитано
Јас му ѓи имам сите книги прочитано од Горијан Петрески.И книгите ме оставија без зборови.Досега такви книги не сум прочитала.Навистина се преубави а и имаат многу интересна содржина.Првата книга што ја прочитав од него ми беше Исти Очи.Но по неа почнав да ги читам и другите.Така да неговите книги ми се најубави и најинтересни и да ги прочитам уште сто пати нема да ми здосадат.Навистина ми е задоволство што сум порчитала толку убави книги од наш македонски писател-од Горијан Петерески.
Мене ми се допаѓаат тие постарите ,, Сама“ , „ Исти очи“ „Споменка“ , но не ми се допаѓаат новите , како „Мајчиниот споменар“ и сл. А веќе и стар е
Ех скоро сите книги му ги имам прочитано на човеков. Бев зачленета во библиотека и знам секој втор ден идев и само од него барав книги Омилена ми беше Марта знам ја прочитав првпат кога бев 6 одд. иако таа за 7 одд ми беше за лектира. И би ги читала пак неговите книги. И ми беше мило кога се запознав лично со човеков
ПРОСТО ГО ОБОЖАВАМ!! сите книги ги имам дома, сите сум ги прочитала и дури во седмо или осмо одд не памтам, ми ја подари Сонот за Споменка, со посвета и бев најсреќното дете на планетата
Многу ми се допаѓаа неговите книги, посебно "Споменка", "Марта", "Исти очи", "Сама" .... Ги читав негде 6,7 одделение. Во тоа време ми беа омилени.
Имав прилика во живо да се сретнам со писателов, пред една недела. Ми се допаѓаат неговите романи, немам многу прочитано, ама тоа што го имам ми се допадна. Убаво се изразува, го има оној стил и хумористичен е. Последна прочитана книга ми е „Ехото на старата тага“ и не беше лоша, а подарена ми е лично од него .
Ги сакам неговите книги. Имам прочитано неклоку негови книги.. Марта, Исти очи, Споменка, Вечниот ветер(таа ми е со посвета. ). Прекрасни се, емотивни.
Омилен автор од детството ми е. Ми беше чест да се запознаам со него. Буквално израснав со неговите дела. Омилено дело ми е `Снеговите на Клементина Евин` , ништо помалку омилени не ми се и `Исти очи`, `Марта` ,`Сама`,`Споменка`. Многу непосреден човек и автор,со големо разбирање за детските емоции.
Ги имам прочитано сите книги од него што ги спомнавте. За во основно се супер Многу го сакав како писател и ми остави добар впечаток.
Како помала многу го сакав. Се сеќавам во основно, добив на подарок неколку книги од него, и беше саем на книга, па се погоди Горјан Петрески да биде таму и ми напиша посвета на сите. Не знаете колку бев среќна.
Ја имам прочитано само "Сонот со Споменка" и интересна книга е,но ја прочитав негде пред две години,и некои делови ми се заборавени.Наскоро пак ќе ја прочитам ,може ќе купам уште некоја книга од Горјан Петревски.