Ги имам прочитано од него Споменка,Спомените за Споменка,Марта,Исти очи,сама. Имав задоволство оваа година и лично да се запознаам со него. Го гледав на телевизија и во списанија читав за него и си го замислував како повисок,не знам зошто А,за книгите немам зборови Прекрасни !
Има многу лесен стил на пишување, кој детално ги опишува нештата, со прости изрази. Затоа и сакав да читам негови дела порано. Веќе мислам дека ги израснав неговите книги, но сепак, сеуште би сакала да се релаксирам со Марта или Сама. Му имам прочитано добар дел од книгите, убави се, зошто да не.
Има лесен и разбирлив стил на пишување што го прваи еден од најдобрите и толку се убаво опишани некои случки што те остааат без здив...
Омилен ми е... Нема книга од него која не ми се допаѓа. Пренајомилена книга од детство ми беше „Снеговите на Климентина Евин“, мислам дека во една година ја прочитав 7 пати...
Колку го сакав како мала! Поради некоја, за мене се уште непозната причина, го мешав со Григор Прличев. Дете бре! Многу ја сакам Исти очи. Го обожавам описот на јоргованите. Е тогаш како што се препуштав на фантазијата... Паметот не можеше да одолее и ме носеше во таа клисура.
И мене ми беше омилена „Исти Очи’’. Прекрасни му се сите книги,ги прочитав кога бев 6то-7мо A сега и ги препорачувам на сестра ми.
Кога бев во основно, наставничката ни носеше на час писатели, а Горјан Петрески го носеше 2 пати годишно на час. Покрај редовните лектири, се договаравме кој која книга ќе ја чита... Секогаш земав книги од него.. Ги имам прочитано сите, по неколкупати. Скоро сите си ги имам дома. Веќе човекот ме научи, па кога на саем дели автограми, ако го начекам уште си чекам да ми потпише. Да не заборавам да се пофалам, од цел клас само мене ми даваше посвета. На сите други само автограм Омилена посвета од него, што ми ја даде последен пат на саем ми е: На ___ за да има свое небо со среќно сонце! Со љубов, Горјан
Ах,мојот омилен писател Му ги имам прочитано Исти очи,Марта,Далечна љубов,Споменка,Спомените за Споменка,Сонот со споменка...Едноставно толку добро пишува,книгите знае да ги погоди за секој да ги прочита воодушевено и во еден здив.Нема врска што остаре,сеуште пишува со истиот инзетитет.Како да знае што мислиме и чувствуваме ние децата и тоа го преточува во прекрасни дела.Браво
Многу го сакам писателов. Ги имам прочитано книгите Споменка, Спомените на Споменка, Сонот со Споменка, Снеговите на Климентина Евин, Марта, Пламени залези, Сама, Исти очи, а сега ги читам Задоцнети писма до Споменка (аман веќе со таа Споменка ) и Вечниот ветер. Многу ми се допаѓа стилот на писателов. Прекрасни се неговите книги за 6то-7мо одделение.
Со „Исти очи“ прв пат зачекорив во светот на „повозрасните“. Можеби баш тоа ме тера и ден денес да кажам дека ми е една од омилените книги. Зарем има некој што ја прочитал, а да не се сеќава на клисурата и јоргованите? Клисурата...Ех колку посакував да се најдам таму додека ја читав. Сликите што си ги содавав во главата дури ја читав сеуште ми се пред очите како да сум ја читала вчера. Горјан Петрески знае како да допри до срцата на тинејџерите и со тоа да остани запаметен.
Има прекрасни книги и сите вредат да се прочитаат како „Споменка“, „Марта“, „Бојан“, „Исти очи“ итн. Ми се допаѓа неговиот стил на пишување, ненападен, добар, значи со малку се ти кажува.. Го обожавам идол ми е!!
Го обожавам писателов! Мислам дека скоро сите негови книги ги имам прочитано,и тоа по 2-3 пати.Те тера да читаш,да не можеш книгата да ја оставиш.Навлегуваш во самата приказна,едноставно се обземаш. Мислам дека овој автор е причината,поради која ги засакав книгите и читањето.
Скоро сите книги од Горјан ги имам прочитано А и често како лектири ни се паѓаат,а најубава ми беше Споменка и сега омилена Марта Прекрасна е, и оваа како лектира,единствена лектира што со задоволство и внимание ја читам.
Девојки знам дека нема да сакате да ми ја раскажете лектирата Сама од Горјан Петрески ама ако може барем малце воведниот дел за да знам како да почнам фала ви однапред
LoStedLOvee незнам дали беше баш вака, дека имам читано доста книги од Горјан Петрески, а сите се пишувани некако со слична структура... така да, во "Сама" мислам дека станува збор, ама не сум сигурна ....станува збор за девојче по име Теодора која е каратистка, и има брат кој се вика Малин, татко и е тренер... па еден пијанист ќе се заљуби во неа, а таа тоа најмалку го очекува, и тоа од него...се збркав... во секој случај најубо да си е прочиташ, преубава е... јас само ја мешам дека некој 518418918168 книги имам прочитано...
Мене многу ми се допаѓаат книгите од овој писател особено „Сама“ и „Марта“. „Марта“ дури 2-3 пати ја имам прочитано и повторно би ја читала.