А во ,,Снеговите на Климентина Евин'' за што се зборува. Ми кажаа дека е интересна но не ја знам ни содржината
За една девојка од Охрид, која е одличен ученик и европски првак во пливање... Мислам дека ќе се заљуби во нешто недозволено на крајот од книгата...
Во книгите на Петрески има одлични поуки, мисли... Но ете додека чоек стигне на крајот од книгата, всушност сфаќа дека „таа“ книга е многу монотона... 2 прочитав и више никад, здодевни ми се, а можеби е и до моите години... Едната од тие две беше Спомените за Споменка.
Значи единствен е! . Кога и да почнам да читам некое негово дело, се внесувам во книгата, почнувам да си фантазирам . Најмногу ја сакам Споменка. Наубава ми е некако. Можеби затоа што е прва книга што сум ја прочитала од него. Исто така и Снеговите на Климентина Евин, Марта, Сама, Далечна љубов, Спомените за Споменка, Сонот со Споменка. Ама I дел од Споменка-Споменка е едниствен. . Кога ќе дојдам на крајот мислам дека сум го изгубила најоглемиот пријател, и ајде пак од почеток. Една наставничка има зборувано за неговата лектира Снеговите на Климентина Евин, каде што, како што вели таа, имало знаци на педофилија. Кога го прочитав ова, оваква ставав => . Значи стварно не разбирам. Човекот се труди да продре во сржта на тинејџерите, да ги натера да читаат... А на крајот, Климентина сфаќа дека тоа не било љубов, туку огромна почит кон својот наставник. Толку.
Ги имам прочитано: "Исти очи" "Марта" "Снеговите на Климентина Евин" "Сама" Планирам да ги читам: Споменка "Задоцнети писма од Споменка" Сонот со Споменка Многу добар писател за нас тинејџерите. Единствена замерка ми е што некои од книгите (што јас ги имам прочитано) му се повторуваат описите на главните ликови. Пример во ,,Снеговите на Климентина Евин'' се работи за девојка која е добра ученичка, спортува, исто и во ,,Марта" девојката е со ист опис и во Сама. Сепак мене ми е еден од омилените писатели.
Ми останаа ѕште 2-3 книги од легендава да прочитам.. Причитани ми се: Споменка, Спомените за Споменка, Сонот со Споменка, Марта, Бојан, Исти очи, Снеговите на Климентина Евин, Сама итн. Ми останаа Рано дојде љубовта, Вечниот ветар (обавезно ќе ја прочитам) и Далечна љубов. Библиотекарката рече дека Рано дојде љубовта од овие 3 е најнеинтересна, но сепак ќе ја прочитам. Всушност таа рече дека во неа се спомнувале многу животни, а јас не сакам во книгите описи на природата и така.
Бидејќи гледам дека има многу читателки на Горјан ПетреВски, ми текна дека пред некое време некоја Илина која била профероска на факс го избрука ептен, во смисла дка пишува еротски книги за деца. Да не ви прераскажувам, еве го нејзиниот текст http://www.scribd.com/doc/126369204/%D0 ... 0%88%D0%90 Не знам дали вие ке се сложите со неа, јас секако не од причина што нејзин предлог за замена на оваа книга е Лолита. Сепак, еве што кажаа и останатите критичари на нејзиниот осврт. http://molnja.wordpress.com/2013/02/16/ ... %98%D0%B0/ Па, што мислите? Држи вода?
Бре, бре, што плукање дала женава. Јас можам да кажам од сопствена гледна точка бидејќи книгата ја читав на таа возраст, 13 или 14 и морам да кажам дека се пронајдов во голем дел, впрочем, многу девојчиња на таа возраст поминуваат низ истото, чувствата се мешаат, допрва се раѓаат, не може да се разграничат. Но книгава воопшто не ја сфатив во ова светло, како дотичнава што ја исплукала, токму спротивното. Се идентификував со Климентина и нејзината љубов и ми беше многу полесно да поминам низ тој период. А оваа како ги претставила работите, ги извитоперила, ги гледа низ призмата на нејзиниот изопачен ум што останав без зборови. Спојлер …ЌОР-ФИШЕК РЕЦЕНЗИЈА… …или за писанијата на професорката што соблекува „твитерки“? Видела жабата како го потковуваат коњот па и таа ја кренала ногата! Професорката Илина Јакимовска видела дека нашите книжевни критичари (ги има ли!?) ништо не пишуваат, па си рекла зошто таа да не рецензира книги! И, веднаш ја зела на нишан „Снеговите на Климентина Евин“ на Горјан Петрески, но не да ја анализира од книжевно-естетски аспект, бидејќи за такво нешто очигледно не е поткована, туку – да ја забрани! Па, „професорски“ строго заповеда: „оваа лектира за седмо задоволува доволно услови за да биде отстранета од наставните програми“. Бре, бре! А, зошто токму оваа книга да се отстрани од наставните програми!? Е, тука професорката Илина Ј. паѓа на критичарскиот испит. Бара аргументи кај што ги нема, а нуди факти што не се тоа. Имено, уште на почетокот од нејзината ќор-фишек рецензија, за да каже што е вредно за лектира наведува дека „со радост се сеќава“ на „нејзините“ лектири: Приказни по телефон, Малиот принц, Зоки Поки, Волшебното самарче, Сенката на Питер Шлемил, Старецот и морето… Значи, тоа што и’ било лектира на професорката, треба да им биде и на денешните деца. И откако во лит дидактичко-моралистички стил со (туѓи!) ќори фишеци ќе го „нападне“ писателот Горјан Петрески дека е „опасен“ за четиринаесетгодишните осмооделенки (каква што е Климентина Евин, главниот лик од „нападнатата“ лектира), професорката „критичарка“ во својот (нарачан!) памфлет ќе финишира со препораката дека наместо оваа (опасна!) лектира, на нашите ученици треба да им се понуди (безопасната!) Лолита на В. Набоков. Е, па професорке, несудена критичарке, вака стојат работите: уште во 1999 година специјален тим на Modern Library состави список од сто најлоши книги на дваесеттиот век. Во тој необичен „Клуб 100“, меѓу другите книги се најдоа и „твоите“ препорачани лектири Старецот и морето на Е. Хемингвеј и Лолита на В. Набоков! Кои други дела и автори се застапени во ова рангирање професорката „критичарка“ може сама да провери (списокот е објавен во „The Independent“ од август 1999 г.). Бидејќи очигледно милува да соли памет и да препорачува, еве и за професорката Илина Ј. една препорака: Изборот на лектирите нека остане во надлежност на образовните институции, а Илина Ј. нека продолжи да „соблекува твитерки“ и да прави календари со разголени девојки (божем за хуманитарни цели)! Повеќе од сигурно е дека со разголен „Твитеркалендар“ (за 2013 година) професорката ќе придобие многу повеќе приврзаници отколку што некој ќе поверува на нејзината ќор-фишек рецензијата со која залудно се обидува на еден врвен македонски автор да му припише „потсвесни еротски фантазии“. Горјан Петрески е автор со сите нишани; одамна докажан, потврден, омилен, почитуван, еден од најчитаните… Ех, професорке, професорке, патем не заборавај и на предупредувањето на чичко Фројд дека моќта на потсвеста е мошне опасна работа. Погледни го уште еднаш твојот „твитер“ календар и ќе се увериш дека е така. Гале Корчановски http://www.femina.mk/out/?id=4d529000c9 ... 8%D0%B0%2F Со последниот дел апсолутно се сложувам.
Хаха, да последното ја наведува дека е лезбејка И јас кога прв пат ја прочитав, си помислив, леле колку сум јас перверзна и болна, и овој каков манијак е што пишува за вакви разврати и манипулира...ЗНачи од памет се извадив. Ми идеше јавно да го избламирам човекот, бидејќи повие теми се многу осетливи. Среќа, прочитав малу покасно кога веќе беа појавени и критиките на нејзината критика па ги видов идругте страни на приказната, па се соземав. Значи, како може една ситна работа да те изманипулира, човече. А за Твитеркалендарот... Не поддржувам голотија на анонимки за хуманитарни цели.
Писател кој најдобро ги опишува тинејџерските маки, јадови, љубови и мечти. Книгите му се многу слични, некако слична тематика обработуваат, ама така се идеално створени за деца на некои си 14-ина години, мераци! Сум читала повеќе негови книги, ама Марта, како и на многумина, ми остави најсилен впечаток. Преубава книга која секој треба да ја прочита, а мислам дека не би било лошо и другите негови дела да ги вметнат во програмата како задолжителни лектири, не само од литературен аспект, туку и од психолошки. Учениците на таа возраст живеат во таков некој замислен свет, добро би им дошла малку доза на реалност.
Моите тинејџерски години, периодот од 6 до 8, дефинитивно го одбележа овој наш писател. Горјан Петрески е писател за кој имам неверојатно мислење. Писател кој најдобро ги разбира тинејџерите. Ги претставува толку реално, што секогаш сум се пронајдувала во неговите дела.
Јас ја имам Рано дојде љубовта, според убавиот насловот почнав да ја читам, но во првата глава имаше за животни, за снег и ја разгледав цела книга и се спомнува за животни, како басна некоја и ми се одмили .. И не ја прочитав книгава
Го обожавам.. Прексрасен писател, посебен впечаток ми остави неговото дело Марта И една поправка Бојан не е од Горјан Петрески туку од Глигор Поповски, баш вчера ја дочитав,прекрасна книга..
Имам во темата “Омилени книги од детството“ кажано дека јас пораснав со книгите на Горјан Петревски и дека многу ги сакам неговите книги. “Марта“, “Споменка“, “Снеговите на Климентина Евин“, “Исти очи“... секоја од овие книги ми е прочитана најмалку 2-3 пати и секој пат, во секое негово дело и со секој лик се соживував како да го читам по прв пат. Марта и Климентина Евин, како ликови ми оставиле силен впечаток, а и бабичката на Климентина исто така ја паметам како карактеристичен и впечатлив лик од тоа дело.
Упсии.. Сум ја збркала. Зашто сличен стил на пишување имаат затоа сум ги смешала. Да, преубава е книгата. Инаку од пред 2 месеца ја прочитав и Вечниот ветар, не е нешко особено како Споменка или Марта, ама сепак е убава како секоја негова книга.
Итно ми е!! ве молам ако некој ја има кратката содржина од исти очи или телефонот е во прекин нека каже во коментар за утре ми е ве молам :/ ♥♥
Сум ги читала неговите книги во основно. Најголем впечаток ми остави неговата книга Споменка, пак би ја читала .
Го обожавам човеков! Толку убаво во неговите книги ни се опишани нашите, тинејџерски години. Уживам додека му ги читам книгите. Во книгата „Сонот со Споменка“ се заљубив Имам неколку негови книги со посвета и автограм