Дефинитивно најдобриот писател! Секоја чест на овој добродушен човек кој знае што сакаат најмладите.Споменка, Марта, Сама, Исти очи...ми се незаборавни лектири. Во нив се е толку прекрасно опишано, доловено за да стигне до нашите срца, за самите ние да го почувтвуваме тоа. Едно големо благодарам до најдобриот писател на овие, а според мене на сите времиња.
Го делам потполно истото мислење Како што знам,татко ми го знае лично па се надевам дека можеби ќе го видам во живо некој ден!
Кај нас Горјан беше редовен гостин во школо, носеше книги, па ги купувавме и ни ги потпишуваше. Нé собираа сите во свечената сала, тој читаше извадоци од книгите, а ние можевме да му поставуваме прашања. Јас се сеќавам дека го прашав кое е вистинското име на Споменка и дали некогаш повторно ја сретнал. А тој ми одговори дека нејзиното име никогаш не го открива и дека после многу години ја сретнал пак, заедно со нејзината ќерка. Не се сеќавам точно кои негови книги ги имам прочитано, ми текнува на Марта, Снеговите на Климентина и Споменка. Се сеќавам само на дејствието во Марта, на другите не ми текнува. Овие три ги имав дома до пред некое време, ама сега се кај најмалата братучетка. На неа ѝ дојде редот да учи од нив Книгите му се идеални за таа возраст, со прекрасни описи и многу убави поуки.
Дефинитивно најомилен македонски писател! Многу ми се допаѓаат неговите книги, посебно "Исти Очи". Ги имам прочитано Марта, Споменка, Пролетни дождови, Снеговите на Климентина, Сама. Сите книги ми имаат оставено прекрасен впечаток. Навистина се неверојатни. Од нив може да се извлечат многу поуки. -"Првата љубов е слична на првиот снег:ретко некогаш останува". Оваа реченица ми остана во најголем впечаток од книгата Споменка.
Морам да признаам дека Марта и Споменка ме воодушевија и ги прочитав во еден здив. Ама како читав повеќе негови книги, ми стануваа досадни и едноличи. Мислам во сите книги главните ликови се совршени тинејџери, убави, талентирани, што учат и се обожувани од сите околу нив, ама тие се добри и секогаш се воздржани и никогаш не повредиле никого, нормално имаат и ривали и се заљубени во некој и не сакат да признаат. И секогаш во книгите има неккои мудрости за љубовта, за животот, и слч, мене тие работи едноставно не ми меа и на ми се интересни, ама имав соученички што која ги читаа книгите, беа заљубени и многу се пронаоѓаа во нив.Мене омилени ми се Марта, Споменка, и Исти Очи.
А толку ли е тешко да ја земете книгата од библиотека и да ја прочитате? Жално е што секогаш го барате полесниот пат и не ги читате дури ни задолжителните лектири!
Ја има ли некој прераскажано лектирата "Исти Очи" ми ја треба за утре , јас ја земав и почнав да ја читам но нема да можам да ја прочитам. Благодарам однпаред .
Кога во последен момент земате да ги читате, нормално дека нема да успеете да ги прочитате. А прекрасни книги се.
^^Абе, деца... сѐ, сѐ, ама и за овие книги да ве мрзи да ги прочитате и да барате прераскажана содржина по форуми... стварно е жално и срамно. Сите книги на Горјан Петрески му се прекрасно отсликување на тинејџерскиот живот, полни со емоции и поуки... вистинско воведување во љубовта кон пишаниот збор и понатаму во подоцнежните години
Дечки подобро е да ги читате книгите, не само за да знаете на час или да ја прераскажете во тетратка, туку за да си го збогатите речникот, да извлечете поука и ако не другобарем да си го пополните времето корисно место да чмаете на фб
Ми беше омилен писател во детството. Сите негови книги што беа издадени дотогаш ги имав прочитано. Вечниот ветар ја имам со посвета. Имаме заеднички познаник и еднаш се сретнавме случајно во градски парк. Колку ми беше срам и колку бев среќна тогаш хаха. Книги што ги имам прочитано: Таткова прва љубов Споменка Задоцнети писма до Споменка Марта Снеговите на Климентина Евин Далечна љубов Исти очи Вечниот ветар Сама Застанав после Сама, пораснав. Памтем кога идев во библиотека да земам книга, додека чекав женичката да ми ја донесе од позади книгата, молев бога да не е издадена моментално.
Пред некое време ги најдов дома Споменка, Марта и Снеговите на Климентина Евин, и сите повторно ги прочитав, ме интересираше какви чувства ќе ми побудат сега, после толку години. Марта, сепак ми е сеуште најомилена, и го памтев дејството и на некој поразличен, поинтересен начин е пишувана од другите две. Ама некако сите книги му се исти, главниот лик е секогаш примерно девојче/момче, паметно, посветено на училиштето, најдобар фудбалер/музичар итн... Па и дејствието не е нешто поразлично, ама на таа возраст книгиве знам дека ми беа врвот. Само, мислам дека човеков се преценува, зошто во секоја книга има предговор од него по 10 страни, во кој се фали како книгите многу му се читани, во колку изданија излегле, децата како го сакале и му пишувале писма... И не сакам да звучам нескромно, ама нескромен сум јебига. Па тука, извадоци од писмата, што можеби децата што му ги пратиле не ни сакаат да бидат објавени... Во секој случај подобра литература за децата, отколку Лајла Грејс.