Јас прво ги прочитав книгите, а потоа ги изгледав филмовите, каде речиси се изгледаше онака како што замислував читајќи, барем повеќето сцени. Навистина одлични. Пофалби.
Каде можам да го најдам на која страна да го гледам бесплатно ако знаете кажете. Благодарам однапред!
Каде ги има книгите? На македонски се? Иначе колку што се сеќавам на филмот, одамна го гледав, тој со долгата коса, не знам како се вика сега ми се свиѓаше премногу
Порано ги имаше во Тримакс превод на македонски од издавачката куќа Аеа, провери да не сè уште ги има. Иначе, мене оваа триологија ми е едно од најдобрите нешта поврзани општо со човештвото. Ги имам исчитано книгите на англиски, добри се оригинал, но на моменти досадни бидејќи премногу детално опишува Толкиен пејсажи. А филмовите ми се ремек дело, ги имам гледано добри 50 пати и сè уште ми се интересни. Малце визуелните ефекти на моменти се слаби, ама генерално многу добро се снимени филмовите. Освен ако не налетам на тв, тогаш ги гледам продолжените изданија на филмовите, си правам викендашки маратони по некоја година.
Ги гледав сите три со сњ Хобитите. Не знам зашо цел живот избегавав да ги гледам кога се врв. Сеа ги гледам Хари Потер пак. После пак LOR дефинитивно. Мене ЛОР ми се слични на ХП некако. -Саурон е ко Волдеморт без форма шо се -и двата имаат волшебници и тролови -исто магија само со стапчиња/стапови