Серијата е снимена во 2020 година во Истанбул, оригиналното име значи "Господин погрешен", се работи за романтична комедија. Во главни улоги се Озгур(Can Yaman) кој е млад убавец кој е тежок женкар и за никоја цена не сака да си ја упропасти слободата со обрвски, и Езги(Ozge Gurel) која упорно влегува од една погрешна во друга погрешна врска, тие се запознаваат случајно во такси и од тука почнува нивната приказна. Серијата има 14 турски епизоди, а кај нас започна синоќа и ќе се емитува секој викенд во 21:50 на сител. Ја загледа ли некој? Мене многу ми се допадна, посебно ми е интересно кога Озгур и држи часови на Езги како да најде маж и кога ја исмева дека била стара мома, а ни самите не се свесни дека веќе се заљубуваат
Знам дека и падна гледаноста, играше во исто време со Sen cal capimi, неа ете ја продолжија до 52 епизода, ама гледаноста и беше пак слаба. Да беше поубава главната актерка и овие ќе истуркаа, ќе ја продаваа во странство ко алва серијата. Инаку јас ја гледам поради убавецот Џан, и онака интересно ми е сценариото.
Ја имам гледано.Се согласувам со @Oneo дека почнува интересно,па станува досадна. Направиле погрешен избор на глумци за главните ликови. Џан предобро глуми,ама е гад во реален живот. Озѓе не глуми добро. Пишав и во тема за друга серија,таа не знае да се смее.Прави чудни и стаклени изрази на лицето. Подобро да ја ставаат да игра негативка во серии.
Овие актери беа главни улоги во друга серија, незнам дали ја даваа на тв, Dolunay (Полна месечина) се вика. Мислам дека од таму е идејата да се спојат. И мене не ми одговараат за пар. Џан е голем,крупен маж, а Озге е многу малечка. @nextredstyle Зошто гад во реалниот живот?
Џан не ми личи за ѓубре, напротив доста хуман е, само не знам зошто турските медиуми го зедоа под нозе толку. Типот живее и работи сега во Италија, и таму си гази во кариерата пред некој ден беше во Србија, редовно става видеа од Италија кај што му вриштат фанови под прозорец и го чекаат, редовно се слика со толпата фанови, во Србија трпеливо се сликаше на дождот со сите @Oneo Да играше кај нас таа серија на сител пред 1-2 години, малку ја гледав, ама таа е постара серија и таму Џан беше не толку развиен, послаб беше и погрд, и повеќе одговараа со Озге
Не е медиумски претеризам ич.Се имаат жалено од него. Тоа со чашата е докажано на суд,а за дискотеката збореа дека има снимка. Отиде во Италија затоа што во Турција не го сакаат толку ради инцидентите.
Во Венеција го наградија на филмскиот фестивал, сега таму ќе снима две серии, рекламира плус тестенини. Турската штампа е немилосрдна, така и направија и на Серенај Сарикаја, не знам дали си запознаена како и неа ја зедоа под нозе. Искрено прв пат слушам за ова за Џан, не го сакав порано, ама сега следам новости со него, знам дека на доста луѓе им помага.
Читав. Ама,за него во право се. Да се вратам на серијата. Глумата на другите ми беше ок.Некои од нив и за добри и за лоши ги бива(особено онаа што ја игра Дениз).
Мене оној шефот од кујната ми е антипатичен и во друга серија не го можев, исто и братучедка и на Езги, другите глумци погодени се.
Убава е актерката, таман за серијата. Серијата не беше гледана поради тоа што турците го бојкотираа Џан заради некоја негова изјава, не знам точно поради што. Никоја глумица не сакала да глуми со Кан, само Озге прифатила бидејќи му била многу добра пријателка па сакала да му даде поддршка. Серијата е одлична, ја имам гледано, пресмешна е, јас се чудев зошто толку малку гледаност има, а имаше влијание и тоа што во исто време се емитуваше и другата серија со Еда и Серкан. Ама ова со гласовиве на сител катастрофа ми се сите серии, значи ни проближно не може да се долови колку тие добро глумат.
Ејјјј даа, сега ми текна, пред да ја сними Џан оваа серија имаше дадено изјава дека требало да има повеќе хемија меѓу глумците, нешто афродизијак спомнуваше, и толку им требаше на турците, ко што се конзервативни го зедоа под нозе, ама услуга му направија, ене го си сјае во Италија
Да така нешто беше. Малце е влезен во филм ама окау е за мене убаво глуми и презгоден е . „ @nextredstyle Џан, Кан, како и да е, еве ќе се поправам.
Вчера ја загледав серијата мислам и прва епизода беше немам поим. Мене ми се допаѓа Езги, убава е и згодна и тој е згоден, ама многу е лигав.
Заборавив да пишам претходно, филмов најмногу ми беше како реклама за телото на Џан. Цело време разголен или сосема гол. Да, убаво тело има ама здосадива. И друго нешто. Таман прикажуваат млади луѓе живеат сами, современо се. После мајките идат и станува класична турска серија
Леле Џан е сон на секоја жена, океееј барем мене ми е Колку беше секси синоќа во епизодата со тој шеширот и наочарите Инаку и мене ми е досадно тоа тупењето на мајка му за да го ожени, ама да не се лажеме тоа е реалност и тоа како, турците колку и да се модерни, конзервативни се повеќето исто ко нас