1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Господин Никој (Mr. Nobody)

Дискусија во 'Филмови' започната од Hanna4646, 8 јануари 2013.

  1. Hanna4646

    Hanna4646 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Филм за животните одлуки, за последиците, за љубовта и страста.

    Главни ликови: Џеред Лето, Даен Кругер, Сара Поли
    Режисер: Жако Ван Дормел
    Жанр: драма, фантазија, романса, научна фантастика
    Времетраење: 138 мин.
    Премиера: 6 ноември 2009
    Дејство: различни времиња во 20от и 21от век
    Јазик: англиски
    Музика: Пијер Ван Дормел

    Што би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш? Би сакале ли да се сеќавате на сите враќања назад до моментите на донесување погрешна одлука или губење на вашиот живот како резултат на таква?

    https://www.youtube.com/watch?v=oU_aIfityBQ Trailer

    https://www.youtube.com/watch?v=iuJw9GwqFXs Soundtrack

    Немо Ноубади е 9-годишно момче кое се соочува со најтешката одлука – избор на еден од двајцата родители со кој ќе го продолжи својот живот. Но донесувањето одлуки е тешко, па тој ги испробува двете сценарија. Патем, станува возрасен човек кој среќава и се заљубува во различна девојка со која има едни или други деца. На своите 118 години пак, тој е последниот смртник кој се обидува да се сети на вистинската приказна за својот живот.


     

    Прикачени фајлови:

    На yeah му/ѝ се допаѓа ова.
  2. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Cупер филм го имам гледано одамна во слободно врме повторно би фо прегледала :)
     
  3. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Предобар филм,ви го препорачувам :)
     
  4. yo lee

    yo lee Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    за мене беше доста тежок филм,на почетокот ништо не сфатив од тие навраќања назад низ времето,не сфаќав што е поентата,едвај го задржав вниманието до крај,и уште не сфаќам дали има некоја посебна поента или е тоа тоа,враќање назад и менување на работите што како би се случило?
    филмот навистина ми беше предизвик