Нема зашто да чуствуваш обврска,едноставно твоја свадба,е твој ден и ти одлучуваш,кој ке биде а кој не.Гледај тебе да ти е убаво,а не на другите
Рано е за моја свадба колку да се најдам во маубет ја отворив темава. Шега на страна. Сум била на свадба но не чувствувам потреба ниту имам намера да поканам одредени роднини, бидејќи контактот и близината со нив е прекината, сведена на едно здраво и чао, дотолку повеќе не сакам да ги поканам пошто не ме сметаат за дел од фамилија.
Јас лично не чувствувам таква обврска бидејќи сметам дека свадбата е интимен чин што треба да се сподели само со најблиските, а не со некој што утре кога ќе го сретнеш на улица ќе ти ја сврти главата. Моите пак имаат различно мислење. За нив е срамота да не возвратат на поканата, цитирам: "и ние сме оделе, треба да се одсрамиме", па мање битно дали се слушнале/виделе со дотичните во последните 20 години. Што знам, јас мислам дека стварно нема зошто да ми е незгодно да не викнам некој таков. И онака нема да дојдат, или ако дојдат да седат на маса и да гледаат сеир? Здравје, би правела свадба и со 50 души, ама барем би знаела дека тие сите ќе се веселат со мене како да е нивна свадба
Сосема ми е во ред. Пример скоро драга личност правеше свадба, мини свадба и не бев поканета. Иако на мојата свадба беше поканета, воопшто не ми е криво што не бев дел од нејзините гости. Мило ми е што се омажила и за нејзината среќа. Кога одам на свадба, одам заради тоа што сакам да одам и да бидам дел од свадбата, а не да очекувам нешто за возврат. Сепак мислам со тешко срце ќе одбијам некој ако ме кани и да не одам
Aко ми биле блиски луѓето кај кои сум отишла на свадба, па потоа да се оддалечиме и комуникацијата да се сведе на едно „Здраво“ , нема потреба да ги канам нив само затоа што тие ме поканиле мене. Млада сум да размислувам за ова, ама кога ќе правам свадба, сигурно нема да канам луѓе со кои имаме слаба комуникација, вклучувајќи ги и оние што ги споменав погоре.
Нема да правам свадба Ке си се венчам во црква, матично, најблиските другари,домашните ќе си седнеме на едно ручече и тоа ќе биди, на ист ум сме со либето. Парите ќе си ги искористам, ќе си шетнам до Мексико да си го остварам сонот, и то ќе ми биди најубавата свадба. Извинете ако сум офф топик
Бидна мојата. Вкупно од моја и негова страна околу 190. Јас не сакав ни 90 на почетокот, но почнаа списоците... Да правев план пак за свадба, пак 190ќе беа. Преубаво беше, одбрани само блиски (бар од моја страна). Претежно млади и роднини најблиски.
Дали сте за канење на свадба на друштвото на браќата/сестрите на младите? Приметив дека ова е честа појава на свадби. Јас не канев другарки на сестра ми. Немаше потреба.
Да. Не заради сестра ми, туку затоа што ги знам сите, буквално од бебешки јасли. Само 15 души беа од кај сестра ми. И другите ги знам. Кога сме иделе на одмори, ми се случувало да излагам и со нив, и ќе излагам и во иднина иако се помали од мене 6год. Ок ми се сите. Од моја страна имаше претежно млади. Изоставив роднини, сметав дека треба да викнам некој што ми е во секојдневие .
Тоа со роднините ти е паметна варијанта, доколку не си блиска. Многу ме нервира канење на роднини само затоа што се роднини, а нема врска тоа што не сте се виделе со години.
Ако некогаш правам свадба,дефинитивно ке има од моја страна макс 50 луѓе,кој ми се блиски и ми значат во животот.Роднини далечни,братучеди/ки од 3 колено јок,немам контакт со мн луѓе од фамилијата така да на тој нај значаен ден нема потреба ич тие ликови да ги има и да ги гледам.
Така размислував и јас и така направив. Немаше потреба да канам роднини што не сум ги видела од мала. А некои не ги ни познавам. Немам никаков контакт со нив. И јас имав 50 гости на свадбата. Супер беше.
Како би постапиле кога од едната страна се многу деца ( конкретно мајката се 10 деца и таткото се 4 деца)? Тоа од старт се 30 души стари, плус нивни деца 50 души, плус мали деца/внуци.... 100 души само прво колено роднини.... ахам Реално прославата е за тебе а не за родителите втора свадба.... Како би постапиле НАЈискрено?
Немам потреба да канам роднини кои ги немам видено. Како би постапила ако ми се блиски ќе ги поканам, ама ако не воопшто не гледам причина.
Свекор ми биле 14 деца, а свекрва ми 8 . Сите тие браќа/сестри на свекрва и свекор имале по најмалку 3 деца. Тие деца па добиле по уште 2 нивни . Среќа што свекор ми и свекрва ми се меѓу најмалите ( а они веќе тераат накај 90) па браќата и сестрите не им се живи,ама овде се децата нивни , внуците па и паравнуците. Таман работа ако мм ги канеше сите на свадба Митинг ќе беше Ќе си ги поканеш младите , братучедите оние со кои си блиска, не по дифолт сите. Јас пре би избрала комшивка со која сум блиска да поканам,од колку некоја тетка или братучед кој го гледам еднаш на три години
Најискрено ќе ти кажам да каниш гости кои ти ги сакаш,а не ако си поканил некој втор брачед па мора и другите втори брачеди.Свадбата е твоја и кани ги луѓето кои ќе ти го направат денот посебен не е работата ради реда да каниме и се собрале 200 души само давај ненормално пари и да не видиш повеќе некој од гостите
Не е дека дм се гледа секој ден, може да се види слушне со старите ( а и со поголем дел од младите дали 2 -3 пати годишно, и категорично му реков дека цел чопор од прво колено небива. Тоа е како свадба да прават неговите а не тој. Или нивните деца, или еден претставник (може и најстариот), има опции. Или и двајцата да речеме по 10 стари да имаме, пак ќе речам има опции а оставајќи го така накрај проблем може да биде. Мој ден, мои правила ( и негови), а неговите ем не помагаат никако, ем уште да припаѓаат нема теорија. А и 25-27е да плаќаш од човек, не е малку.