Темава не е активна ама сакав да прашам мислење дали би оделе кај пријатели (поточно родителите мои девери) но јас не ги имам видено којзнае од кога, бидејки не живеат тука, од мала скоро. Не сум сигурна да не биде непочитување, ама па ако одам а воопшто се немаме видено ми е малце.. незнам (покана добивме со време пред 2 недели)
Па ако можам да си дозволам финансиски можеби, а ако не можам не би отишла. Реално трошок е свадба, па според тоа би се одлучила.
Ако можеш да си дозволиш и ако прават голема свадба, да. Ако прават поинтимна прослава и те поканиле "оти така носи редот", тогаш не.
Финансиите не се проблем, тоа што ги немам луѓето видено ми е некако без врска мада што имам отидено и на такви свадби..
би требало да е голема свадба,во една од најголемите сали ке биде.. А дали заради така што е редот не каниле не знам..
Ако ти се оди тогаш оди, ако не не се мисли дали ќе е глупо да не отидеш. Штом канат луѓе со коишто не се толку блиски треба и да очекуваат дека нема сите да им дојдат. Само коректно е да ги известиш.
Јас одамна бев на свадба кај на мм втор братучед што не го ни познавав, најубаво си поминав, плус никој немаше од на мм роднините од прво колено, другите не ги ни знаев тогаш, ни мене не ме знаеа. Понекогаш ми е поубаво така, отколку овие постарите кога ќе се наредат па со глупи прашања. Инаку по ми се оди на свадба кај пријатели отколку кај роднини. Твое си е да одлучиш дали ќе одиш, најважни е никој да не те тера со сила, само ти ако сакаш.
Јас не би отишла. Не одам на свадба кај луѓе кои не ми се блиски. Каниш на свадба луѓе кои не си видел со години.... Ако сакаш навистина да ги видиш, нема да чекаш до свадба. Тоа е канење ради реда. За да нема коментари од роднините. Од тие причини не одам.
Јас имам другарка која нема изброено на колку свадби била. Ама со 80% од луѓето се гледа од свадба на свадба. Кој кај сака нека оди. Јас не гледам потреба да одам на свадба кај некој кој нема да го познаам на улица.
Гледам дека не е активна темава ама ми треба мислење Да се разбереме јасно ми е колку се скапи свадбите денес и дека не може да каниш секој но... Јас и дечко ми сме скоро 6години заедно, не живееме уште зедно ама сме нормално во врска. Мојата фамилија знае многу добро дека сум во долга врска. Претходно бев поканета на 2 свадби од негова страна, а сега он не е поканет на свадба кај моја блиска роднина. И сега мене ми е моментот како да му кажам, дали ќе се навреди...Како некој што многу мисли и се стресира испаѓа дека мојата фамилија помалку го респекта од неговата. Можеби само се стресирам за глупости и за една свадба ама јас сум таква да се грижам за другите многу повеќе во смисла да не бидат повредени.
Па ако е блиска фамилија, може да прашаш дали може да дојде, дека би сакала да идеш со него. Не знаеш што е причината, може дека е трошок секој гостин, може не го сметаат официјално роднински член дека не сте земени/верени. Прашај па како и да е, ако има валидна причина не го земај толку на срце. Јас дури бев во врска не го канеа дечкото, кај братучеди на свадба, зошто никад немавме појдено кај нив, не се знаеја, не биле сигурни дали ќе останеме заедно и сл. Не замерив, такви ставови си имаат луѓето, неможе сите исто да размислуваме. Пак ќе речам ако е блиска фамилија, направи муабет потпрашај дали може да дојде, дека сакаш со него да идеш, верувам дека не би правеле драма за едно столче плус.
Искрено да ти кажам и јас на мојата свадба не ги викам девојките на братучедите, не заради тоа што не ги почитувам, туку заради тоа што од кај да знам утре/задутре ќе се пак заедно. Друго е брачен пар. Не е ова да би те навредам, мое мислење е. Така да, немаш причина да се стресираш.
А што уствари има врска дали ќе бидат утре заедно или не? И како е гаранција дека брачниот пар ќе биде? Разбирам да сакаш да скратиш на гости ама овој изговор не ми држи вода. Инаку на темата, не гледам причина зошто дечкото би ти се лутел тебе @Heidi__9, кога не си ти таа што прави список на гости. Јас не би прашувала дали може да дојде, ако сакале ќе бил поканет.
Ваков одговор добивме од едни "другари". На сред свадба и на масата каде што седевме имаше межано и парови и тие што се во брак. Иако сите бевме со долгогодишни врски. Прашањето му беше зошто го ставиле на маса да седи со тие што не се во брак стапени. И после неколку години сите ние што бевме парови само стапивме во брак, а тој неколку пати се разведуваше. Така да дали се во брак или не се ич не ми е мерило дека ќе останат до крај заедно. Штом веќе се 6год заедно сигурно ги знаат меѓусебно блиските другари и роднини.
@Heidi__9 Според мене, Секако нема зошто човекот на тебе лично да ти се лути, не си ти одговорна за туѓа свадба и туѓ список. Настрана дечко ти, контекстот е важен. Блиска роднина во смисла блиски сте по роднинска линија, како прв ред, први братучеди, но не сте блиски и не сте си баш присутни во секојдневието? Или блиска роднина во смисла, роднина со која си баш блиска и ти е дел од секојдневието? Ако е првото, нема што да се замараш толку. Ако е второто, малку е апсурдно личноста да е блиска со тебе - а и да се дружи со вас како пар редовно, а потоа вака да го изостави дечко ти. Во тој случај, би се подразмислила