Па ќерка е на братучетка на мајка ми, јас и она не сме блиски многу ама мајка ми со нејзината да. Може и јас грешно се изразив дека ги сметам за блиски .
Се согласувам со ова. Кај што сме биле порано по свадби пола и поише веќе не се заедно. Мислам дека јас целата ситуација сама на себе си ја преувеличив и не е big deal на крајот од денот. Има уште многу свадби за одење и ако бидне и нашата многу нормално
@Heidi__9 Во тој случај воопшто не се замарај, арно и тебе те поканиле Нема дечко ти ниту да ти се налути, ниту да биде повреден, рилекс
Тогаш зашто би одела? Мислам, не го разбирам одењето на свадба ако е заради атер на мајка ти само. Инаку, мене каде не ме канеле со партнер (а ми потенцирале дека сме/биле блиски пријателки/роднини итн.) не сум одела заради тоа што е малце така..безобразно да се потенцира блискоста, а ваму ме крати со личност која ми е битна. Поарно не кани никој, ама не се брукај. Бар тоа е мојот став.
Сакам да одам на свадба хаха ко обожавам свадби не знам вајбот ми е поинаков таму.Е сега не одам на сите свадби само вака кај роднини ама како што кажав претходно мислам дека си направив big deal од ситуацијава пошо таква сум.... ама сите одговори ми се океј и ве разбирам кој што сака да си каже.
Кој глуп муабет, од кај знам дали ќе бидат заедно Демек овие у брак не можат да се разведат, вклучително и младоженците @Heidi__9 ако веќе знаат дека си во долга врска тие што те канат, мислам дека е невкусно од нивна страна да те канат сама. А секако е прилично некултурно да не прашаат воопшто. Јас и екс мој не одевме на свадби кај што вакви работи правеа, пошто искрено баш ми е непочитување. Исклучок е колеги, а фамилија и пријатели, се подразбира дека со партнер каниш.
Прашај зошто дечко ти не е поканет. Можеби не можат да ги поканат партнерите на сите поради финансиска причина. Потоа одлучи дали ти ќе одиш или не.
@Heidi__9 Ме збуни малку ќерка на братучетка на мајка ти? Тоа ќе му дојде 2ра или трета братучетка да ти е. Сеедно... Твоите поканети се или само ти си? Ако и твоите се поканети и планираат да одат на свадба негледам зошто да доаѓа и дечкото. Едноставно ќе одите како фамилија. Или можеш да се договориш со твоите тие да не доаѓаат а да одите само ти и дечкоти. Ова нема да им смета на младите. Ако само ти си поканета е тогаш е малку чудно зошто го изоставиле дечкото.
Јас мајка ми и татко ми сме поканети. Како што кажав и претходно од негова страна ме канеле и мене ми дојдр глупо и затоа ја пишав дешавката тука
И јас исто мислам дека е од финансиска причина, што е сосема нирмално цените отидоа у плафон... Неќам да ме сфатите погрешно, нивна одлука е нормално нивна свадба е.