1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гости

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 5 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Сигурно ви се случило да сте мртви уморни, сакате да одморите, или пак имате еден куп работа а „Ѕррррр“ ѕвони ѕвончето.
    ГОСТИ ви идат. Аххх, и тоа од оние кои кога ќе заседнат со саати седат. Срдечно ги поздравувате со „ Повелете влезете“ и кисело се смеете, а ви иде да се треснете по глава што воопшто отворивте :lol:
    Како со неканетите гости и колку напорни можат да бидат тие ?
    Гостопримливи сте или не ?
    Имате ли некои постојани пијавици, давежи што не им текнува да си кренат, па било да е време за ручање или спиење?
    Раскажете некои случки па да се насмееме :lol:
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Непожелни гости немам. Тие што ми доаѓаат на гости секогаш се најавуваат однапред.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Секогаш кај мене дома сите сме гостопримливи.Не доаѓа во предвид да ни дојдат гости а да не ги послужиме, било со сок(обавезно), пиво, кафе, благо, грицки-мицки.
    Ненајавени да ни дојдат се случило само неколку пати (ако сакаат да не изненадат) :), секогаш ни се јавуваат или ден пред да дојдат или неколку часа.
    Како најсвежа случка со гости ми е кога пред неколку месеци кај нас ненајавена на гости ни дојде една жена кај која што бевме на одмор во Охрид пред неколку години(пријатно не изненади, а башка и поклони донесе :) )
    Исто свежа случка најавени гости ни беа колега од татко ми и неговото семејство , а татко ми со тој колегата се немаше видено цели 23 години ( фактички од ко учеле заедно) и тој дури од Србија дојде специјално за него :)
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Непоканети гости обично многу ретко имам. Другарките знаат некогаш да заседнат, ама лаф муабети, кафе, гледање и времето лета! Инаку обично секогаш кога ќе ми дојде дечко ми или другарките сум многу пажлива за сервирање и секогаш ме фалат за тоа. Им правам коктели со чадорчиња и парчиња лимон, кафе сервирано со колаче или бисквитче, грицки солени благи, ово оно... едноставно сакам да декорирам и на гостите да им биде пријатно кога се кај мене.

    Ми се случи еднаш да ми дојде на гости една комшика, сама си влезе без да заѕвони (среќа не бев гола :rofl: ) па ме тераше кафе да и варам, да и гледам и седеше некои добри 4-5 саати. Си ја знаеме во маало дека си е таква, па се навикнавме. Сега веќе не контактираме толку за да си се чувствува толку слободна, а и вратата ја заклучуваме :D
    Еднаш сестра ми ми кажуваше дека ја видела другарка и од прозор како иде за кај нас на гости, исто така непоканета. Брзо заклучила врата и ќутела внатре, демек не сме дома. Другарка и ѕвонела, тропала, ама ја оправдувам до некаде сестра ми, девојчето е давеж, а и никој не ја поканил. Често доаѓаше кај сестра ми само за да седи на интернет пошто нејзините дома и го исклучиле. :o
     
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Ах и јас имам таква другарка.Нема интернет а интересно и е, па кога дојде и заседне на компјутерот мене не ме регистрира. Дури и кафето пред компјутер си го пие. Колку пати сум ја затекла и дека не ме слуша кога и зборам.
    Еднаш се најави да дојде, и пошто знам дека пак ќе искористи за да ми го зафати компјутерот, го извадив адаптерот од штек и кога таа седна оппп нема интернет :lol: А јас пак и велам„ Абе нема со саати“. Си го шмркна кафенцето на два-три пати, и демек се брзала дим да ја нема. Од километар се гледаше зошто и со која намера дошла. |(
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Aуууу, темава ми прави морници бе :rofl: Нема по гостопримлива фамилија од нас. Секој ден, поканети, непоканети, комшии, роднини, далечни пријатели...Нема кој не иде. Дури често им се смеам на моиве ќе пишам на порта „пази куче“ можда ќе се намалат. На моменти ми смета, сум имала некој работа, или моите не се дома, па некој се запнач да ги почека, ама па од друга страна ако ден,два не дојде никој, веднаш со брат ми прашуваме-оти бре не иде никој? Хахахах, сами си бараме. За послужување, со тоа што има! Ако се најавени гости, обавезно има полна маса, ручек, вечера, благо, пиење. А за комшии ако се згодат да има нешто благо, било што подготвено, обавезно ги почестуваме. Ако нема некогаш, си поминуваат само со кафе и сокче. Е па добро, ни јас кај што одам редовно не очекувам да ми стават слон на маса, одам само за кафе.
    А инаку имам едни роднини кога идат, се јавуваат пет дена порано( од малку подалеку се, ама идат еднаш месечно редовно) и редовно кај нас седат по цел ден, ручек, дури и вечеа ги фаќа. А ние кај нив кога одиме( и ние најавени) си поминуваат само со салата и ракија, и обавезно ќе оделе до град, на гости, на пазарење и слично. И во последно време мајка ми ништо не им става, само со кикирики и сок ќе поминат :D . Ах, секакви ги има. Куќава наша железничка станица од времето на Тито, редовно некој има :lol: Патем, имам гости сега, една пријателка, со снаата, нова и е си ја промовира :lol:
     
  7. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Ние од што сме гостопримливи ќе почниме само за кафе,сок и благо за гости да печалиме :D Обавезно на два дена дома има гости.Било да се комшии,роднини или пријатели си ги има редовно.Најмногу ги има сега во летниов период.Тоа многу ме нервира.Е сега нема гости на два дена,туку секој ден,постојано.Се јавуваат некои роднини кои цела година не те побарале и ти се прават поблиски од брат или сестра.И погодете што викаат?Абе знаеш сакавме да дојдеме до кај вас на неколку дена,да се видиме.Пфт им се чини ако сме во Охрид и ајде сите само кај нас |( И овие моиве прости,никој не го вратиле назад,за сите вратата е постојано отворена |(
     
  8. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Хаха... И дома постојано има некој гости. Дедо ми се ќе најде некој и прибери го прави. А посебно ме нервира од сабајле кога ќе ми дојдат некои што прв пат во животов ги гледам и уште се дерат со дедо ми си прикажуваат и јас кутрата сакала-нејќела морам да станам,па да се поздравам со нив. Ненајавени ретко кога има но ги има. Најавени ако не денес утре сигурно ќе има. И тоа што ќе ни се најде при рака тоа ги служиме. Сокче, кафе, грицки... ако се најде по нешто благо...тоа. :P
     
    На barbyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.755
    Многу сакам гости!
    Главно се најавуваат бидејќи често и не сме дома па може да останат пред врата, ама и ненајавени не ми сметаат. Ниту пак порано ми сметале, кога сум живеела со моите. Мислам не ми сметале моите врсници. Инаку и на моите често им идеа гости, да не речам полна куќа секогаш. Имаше и напорни, ама тие моите си ги дружеа - а јас во соба :)
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Колку само мразам гости секој ден, по цели денови ...уф.
    Сакам гостин што ќе си се најави, па ќе го пречекам, кафе, муабет, благо и толку.
    Сакам гости што ќе ги поканам, пример се собираме кај мене, правам вечера, ама поканети се и се добродојдени.
    А мразам такви гости што не знаат што во слободно време па ај по куќи. Па и јас имам обврски, и јас сум си испланирала нешто, не сум должна да му пополнувам време на некого. Може спијам , може сум гола, може испит спремам, како може секој да си се осмели ѕрн на врата...јас дојдов, сега ќе ме нахраниш, напоиш и ќе ми кажеш се што ќе те прашам , а ќе ме слушаш јас додека се фалам :puke:
    Па уште некој без ѕвонење да ми влезе :^) одма ќе ја види вратата од другата страна...не е дома.
    Се знае што е гостин , а такви што акаат по куќи - не фала. Немам време за нив.
     
    На Klara007 и Blanca им се допаѓа ова.
  11. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Гости :) ги имам секој ден и стварно почнувам да се нервирам поради тоа. Таман си решил да излезеш некаде и ете некој наврата - планот пропаѓа. И да не заборавам мразам гости по цел ден освен ако не се од страна. Нека дојде на кафе саат-два и доста е... Па ако се од тие кои само се жалат и шират негативна енергија ми иде право да си излезам негде :)
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Јас можам да кажам дека во овој период од годината имам најмногу гости од повеќе држави од сите генерации со различни култури.Па така во овој месец бројката се заокружи на дваесет души, од кои едните се вегетеријанци, другите месојадци,третите шеќераши и стенаши.Е сега видете ме мене тука на место со толку луѓе.Сепак покрај се јас ги сакам и тие ми се важни...Но на почетокот е тешко да се организираш за месецот да помине убаво и тие да понесат убави спомени од својот престој тука.Сакам дружења и јас често патувам па во која и да појдам од тие држави имам топол дом и луѓе кои ги знаат моите вредности и ме сакаат баш таква каква што сум.Но од прво морам да се подготвам психички и физички за нив.Сепак мојата струка не е туризам и угостителство,но тие се задоволни од моите способности и секоја година се тука и никаде на друго место.Знаат дека во мене има смисла за хумор,дружење,желба да се посетат многу места да се укуси добра храна,музика и забава.Па како што сами велат во мене гледаат жена за се. :lol: Но јас понекогаш во тој бурен период можам и да се видам со косата видно подигната на горе :lol: но само за момент... потоа сум назад во реалниот свет.Тоа е затоа што бројката е голема а јас сум единка со уште една единка до мене :)
     
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Гости имав вчера во село,но тие ми се едни од поомилените така да ги кажам :lol: .Значи луѓево имаат осет колку седат и често се најавуваат.
    Гостопримливи сме па колку и да се досадни,и неочекувани,колку и да сме уморни,ако се некои што не ги мирисам баш баш па ќе си заминам во другата соба :) .
     
  14. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Многу сакам гости...Сакам да ми дојде другарка/другар,комшивка....Не живееме во голем стан,но кога и да требало да дојде некој од друг град секогаш преспивал кај нас..
    Такви напорни секојдневни гости немам,освен една другарка која се појавува одвреме навреме..но кога ќе дојде останува незнам колку време...
    Секако ќе ги послужиш кафе,сок,сладолед,грицки..а ако се повозрасни секако некое мезе,ракиче,пиво..Сето тоа во нормала...Инаку една моја братучеда смета дека кога и дојде гостин да извади се што е можно на масата..Тоа за мене е претеризам.Како гостите да и одат за јадењето и сл.
    Некогаш е доволно кафенце,битно си дошол да се видите...
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Сакам гости само кога се најавени.Не сакам ненајавени гости,иако вистинските пријатели нема да ти замерат ако ти е несредено по дома,ама сепак...сум тип на човек кој сака да е спремен,организиран и гостите да си ги дочекам со сите салтанати.Сакам квалитетно да си ги нагостам и да си поминеме квалитетно време.
    А ненајавените ретко дружељубиво ги примам...се нервирам зошто се чувствувам како да не го ценат моето време,туку си гледаат тие фино да си поминат,а плус и ако имам други планови...
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Секогаш сме гостопримливи и секогаш ги услужуваме гостите со тоа што го имаме во моментот, доколку се ненајавени, но кога некој ќе се најави тогаш подготвуваме цела трпеза. Инаку во последно време имаме многу ненајавени гости, кои понекогаш знаат да ме нервираат, бидејќи не знаеш кога ќе те фатат, можеби си одмарал а тие ти звонат на врата. :^)
     
  17. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Гости сакам :) Ама има едни ми доаѓаа секој втор ден и тоа по цели денови и јадеа кај нас и се уште да спијат фалеше, а ние ако отидевме кај нив освен кафе нема ништо друго да добиеш,и така јас еден ден се налутив идење кај нив од 10 сабајле до вечер до полноќ...од тогаш не дојдоа демек на работа се немаат време, изгледа ја сватија лекцијата :D
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    сакам гости, ама најавени.
    А случка :D Пред еден месец ни се звони некој на телефон, тоа едни роднини од друг град и ни викаат ние за 2 саата сме кај вас дома, на гости :^) Ај добро дојдоа, ги послуживме, седеа, па им текна да одат да прошетаат до град, се вратија и таа снаата роднина вика во 21.00 *Ние тука ке спиеме* :o Цела фамилија, значи 4 души. После тоа одма идење кај мене во детска и направи ОНА распоред за спиење (фактички мене ме избрка од мојата соба за да спијат децата нејзини тамо, а моите завршија во дневна) :o Јас фала богу си отидов да спијам кај дечко ми, зошто стварно се изнервирав . кај ти дошол ненајавен, кај у 9 вечер ти кажува дека ке остане на спиење па уште и распоред у моја кука прави :@
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.653
    Пол:
    Женски
    И јас сакам најавени гости. Додуша, со ненајавените немам проблем, а такви ги имам нонстоп, секое утро во Охрид. И тогаш, што имам, ќе ги послужам, секако нема да ги избркам. Ама тоа се обично луѓе кои доаѓаат да ја видат баба ми, па така не ни седам со нив нешто многу откако ќе ги послужам. А за најавените гости, секогаш спремам нешто, без разлика кога ми се најавиле, дали 20 минути пред да дојдат, дали два часа претходно. Ама не сакам гости кои немаат мера и кои знаат да заседнат со саати и да ме задржуваат. Во ред е да седат кога се работи за некоја планирана вечерна седенка, не ми пречи. Ама ако ми дојде некој од сабајле и седи цел ден, се обидувам да му укажам - пристојно - дека имам други обврски и не можам цел ден да го дружам. И обично ме сфаќаат, фала му на Бога. Досега сум немала проблем со гости, и секогаш, за било кого имам место за спиење. И онака секогаш била полна куќата во Охрид, особено во лето. Никогаш не ни се најавуваат гости за сместување преку лето, затоа што, без разлика што имаме куќа, немаме толку место, особено кога ќе се собереме сите. А не има многу. А овде во Скопје ми е малку поинаку, и треба да се навикнам на тоа. Ама знам дека и оваа куќа, како и во Охрид, била, е и ќе биде отворена за секого :)
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Комшивка ми од доле ! :@
    Е неподнослива е жими мајка ! Досадна ко мува , нон стоп е расположена за кафе муабет , било кога не е битно дали поминало полноќ или ручаме , обожава кога се печиме на балкун на летната горештина . Се започнува во седум наутро вика одоздола се дери како недоветна , потоа се качува ѕвони , има две деца кои едно по едно ги праќа да проверат дали сме дома , ѕвони на телефон на мобилните и на домашниот , и нели секако не креваме зошто гледаме дека е таа , типката си смислила финта кога виде дека ја откачуваме , оди кај дедо ми и од таму ѕвони а ние нормално мислиме дека е тој ќе кренеме и нема кај да бегаш :!: Ех колку ли пати отворено сме и кажале дека не е добредојдена а таа и понатаму штом ја начека отворена вратата си влегува како да е дома ! :|
    Многу е неразбрана , не чека со часови мене или сестра ми да слеземе до продавница или да се вратиме од школо за заедно со нас да се качи "да ни поседи " :fubar:
    Секако дека сум гостопримлива но оваа го претерува ..нема спас :x

    досега верувам разбравте дека цел живот си имам работа со ментално нестабилни луѓе :hai: