Имам пишувано на друга тема во врска со ова... Значи НАПАСТ! Секој божји ден иде од сабајле кај 10 седи до кај 1 часот. Потоа си оди дома прави ручек и пак се враќа некаде кај 4-5. Седи додека да завршат сите серии заокружено со Бандини. Неможам да речам дека е лоша или незнам што, ама жената едноставно нема осет дека некој у куќава оди на работа и сака да одмори од кога ќе си дојде. Татко ми се враќа од работа уморен легнува да спие, таа седи во собата ко недај Боже мртовец да чува. Досадна е, претерано. Се што се случува во куќава знае, приватност никаква да се нема. Пред некој ден мајка ми и сестра ми се расправаат нешто за битни работи во животов, она си влегува си седнува и си слуша. Стварно е претерано, кога гледаш каква е ситуацијата стани оди си. Налет тоа, пред 2 дена влегувам кај мајка ми во соба и барав пари за излегување, нешто ми смрди ужасно!!! И викам на мајка ми мамо мене нешто ми смрди овде. А комшивкава беше тука. Најверојатно она смрдеше пошто и сама си кажува дека не се бања по 2 недели Изгледа сети што е работата стана и не си отиде, туку седеше во двор! Исто нема осет кога ќе ми дојде другарка или дечко ми. И јас и другарка ми и дечко ми сме пушачи, ама кај мене дома не се пуши и си седиме во двор. Е сега дошла другарка ми се немаме видено 2-3 недели, наместо да си седиме во двор уз кафе муабет и цигара, таа клапна и седи со нас!!! Ееееј другарка ми дошла, може сакаме да си правиме муабети за сексови. Исто и дечко ми кога ќе дојде она квачи и нема осет. Често се случува да станеме и да се преместиме во задниот двор и тоа апла пред неа. Значи и упорно не сфаќа дека од неа бегаме. Од каде знае она може на него му е незгодно тука цел комшилук да е собран кога иде. Од друга страна ни има многу помогнато. Неможам да речам дека не е така. Ама тоа не и дава за право да се однесува како да е дома... Мислам дека тоа никаде го нема. Сега па и дојде син и од друга држава, заедно со жената и две неподносливи близнаци. Наместо да си седи дома, таа иде кај нас заедно со тие внуци невоспитани! Страшно... Најлошо што може да ти се случи е да немаш никаква приватност во твојот сопствен дом. Јас сфаќам да дојде во денот да поседи пола саат ама да биде така. А не секој ден по цел ден двократно. Едит! И си влегува редовно без да заѕвони. Буквално како да си влегува дома!
Лелее има една досадна баба, поранешна пациентка на татко ми. Не доаѓа толку често, ама кога ќе дојде...едно 5 часа мора да ја трпиме. Кутра мајка ми. Еднаш со мајка ми ручавме, бевме сами и низ прозор ја гледа бабава каде што доаѓа. И мама со трчање си влезе в спална, а јас имав уште 20 минути додека да излезам. И влезе бабава и и понудив да јаде, не сакаше. Ја бараше мајка ми, и реков дека не е тука и дека сум сама и дека ќе излегувам (културно ја одјебав ) А таа, абе како да не разбира, ми вели ќе ја почекам мајка ти. Јас и велам незнам кога ќе се врати. Седи упорно жената и кога веќе почнав да ја раскревам масата се сети дека треба да си оди. Нареден пат кога дојде, седеше цеееел ден. Мајка ми толку беше уморна, што си задремала (а немаат ни што да прават муабет), а бабава си гледала А1 реприза од некој сериски (како што ги даваат во сабота по 3-4 епизоди) и после си замина.. -баш вака.
Воопшто не сакам ненајавени гости. Се ми е испланирано и мразам кога некој ќе ми упадне. И кога имам за учење, па ќе заседне некој абер нема. Не сум баш тој тип на човек да седи да дрнда со гости Ме фаќа многу брзо сафра.
Исто а вакви има колку сакаш!Јас често имам гости кои сами си се најавуваат а можеби претходно имам план а после треба да ги трпам нив.Сега скорото за ручек време ми ѕвони една другарка и ми вика со кој си дома и и кажувам.....а јас пак сакав да дојдам...па дојди кога веќе сама се најави! А за послужување да послужувам но не и секогаш.И јас кај што одам не сум често послужувана ама разликата е во тоа што јас не си барам а кога ќе дојдат кај мене и ме прашуваат:имаш благо?А нешто за јадење.Драго ми е што се чувствуваат блиски и слободни ама чекај малку бре осет!
Никогаш сум немала не најавени и несакани гости .. и се надевам дека никогаш нема да имам .. Иначе сакам да ми доѓаат гости .. се разбира претходно најавени ..
Има има непожелни, едноставно викаат јас дојдов. Ок ми е за другарки, не се лутам...али има некои уби боже. И највеќе од се ме нервира што возрасните луѓе ми се тупнуваат кај мене у соба, изгледа удобни им се фотељите ....
Kај нас нема многу често гости,обично преку лето комшии и си седат надвор во двор ама имаме едни роднини,многу сме блиски со нив,се најавуваат кога идат ама седат по три или четири дена,значи тоа е маратонски!А башка многу јадат и сакаат цело време моите да ги изнесуваат некаде,мајка ми мислам без душа е кога ќе си заминат...инаку од главниот град ни се,јас студирам таму веќе 3,а брат ми беше 5 години,па на прсти се брои колку пати сме биле на ручек кај нив,нон стоп се оправдуваат со "нивното темпо на живот" а демек ние немаме живот па нив ке ги расправаме со денови
Па јас лично другарки дома не прибирам многу, бидејчи подалеку живееме и најчесто си искачаме на кафе. А моите, уфф тоа е ужас. Секој ден дворот ми е полн со досадниве комшии, па се вртат скари, пиење, салати... не дај боже да сум дома ќе слушам само од надвор дај ова, дај она ... Родниниве моментално сите имаат мали деца, ауу и тоа е неиздржливо собата ми ја прават партал а неможам да им спискам одма ќе ме кажат, родителите им се тотално незаинтересирани па изигравај ти дадилка ако немаш друга работа, и секогаш се искрадувам од дома кога ќе се најават, среќа најчесто се најавуваат.
Значи секојдневно ми е. Ама сепак сакам гости кој прво ке се најават. Во овај летен период ние тинејџерите секако дека сакаме да спиеме до касно јас обично станувам во 1 часот ама смрт ми е бидејќи во комшите имаме едно мало девојче кое редовно станува во 6 часот.6 ке стани и во 7 е кај мене нацртана и ке ме разбуди,а баба и па гајле си нема си пие долу кафе ништо не ја интересира.Кога ке дојди девојчето редовно скалите ги качва 20-тина пати,а јас морам со неа Секој ден ми го нарушува спиењето Па дури и имав една барбика од мала и си ја чувам за спомен бидејќи само таа останала со убава коса,зеде малото ја искина леле нервата ми се кренела и јас како бебе мало Како и да ее вазно јас секој ден треба да станам за то смрденото мало и послее со тешкоти презаспивам
Кај мене дома гости има во секое време. И тоа најчесто се комшивките кои два пати дневно доаѓаат тука (мислам на пријателките на баба ми). Тие се оние кои најмногу ме нервираат затоа што кога немаат што да прават доаѓаат кај нас (зато што кај нас секогаш има нешто тазе зготвено, без разлика дали е благо или солено). Не ѕвонат, си седнуваат кај им одговара, па јас на крај морам да ја напуштам таа просторија. Иначе кога доаѓа некој друг, секако дека ќе се јави барем неколку часа порано. Еве сега очекувам две другарки. Кафе, сок, пуканки
убаво се чувствувам кога имам гости, ама да се поканети и пожелни значи кога доаѓаат такви гости секогаш се истретирани од убаво поубаво, абе се ќе им ставам на маса од благо до солено, па сокче, па може и винце да си се напиеме... е сега, има една која од кожа ме ваде, која нема осет, која ти и викаш имам работа, во 6 треба да одам... таа намерно ти седи до 7 или со тебе натака заминува и одлучив, за такви веќе сум офлајн па нека ме бара да видам
Потполно исто размислување како моето. Мразам непоканети гости. Кога ќе видам на врата иде некој непоканет ми се превртуваат цревата, без разлика дали имаме нешто испланирано или не. Како прво никаде не одам непокането ни јас ни моите и затоа несакам ни да ми доаѓаат.Исто така, има луѓе што многу повеќе сакаат да одат отколку да викнат. Незнам што сорта ќе беа, но како не им е срам да кажат ,,ние ќе дојдеме,, зошто не кажат дојдете кај нас. Чекањето гости кошта пари. Кога ќе го прашаш што ќе пие не вика сок, туку пиво,вино, па треба мезе да му принесеш, а моментално можеби фрижидерот ти е празен, и што, да се бламираш за некој што немал попаметна работа....па после те лаат не си принел мезе дрн дрн....уффф се изнервирав
‘‘^^^^ Мислењево на Иренна погоре, толку ме изнасмеа, исто како јас да сум го напишала Истото, буквално го мислам и мене истото ми се случува Само некои стварчиња ќе додадам-околу мене најблиските комшии ми се роднини, бааѓи намножени се машала(тетки, чичковци, синови, ќерки, внуци, снаи и двајца домазетовци), истите распоредени во 3 куќи. И сто пати сум им префрлила од околу, дека после 15:00 часот, па се докај 19:00, или спијам или одмарам лежам, зашто имам секое сабајле многу обврски Ама на кого да кажеш Таман ме фатило дремка-ѕрррррр на врата(или од децата некое или да побараат сол, црвен пипер или прав шеќер, пошто торта правеле) Иначе ги сакам многу, некогаш цели викенди со нив ги поминувам итн. , но треба да се има осет малку. Општо инаку, сакам гости и да можам цел фрижидер ќе им го поставам на маса и се што имам,за убаво да ги пречекам, да си помуабетам итн. Но, има граници за се. Јас ретко многу идам по гости, најмногу заради обврски, ама кога одам обавезно се најавувам и прашувам во кој термин да дојдам или во кој ден, а не клапни се кај некој дома и дреми како мисир
Јас познавам многу луѓе што кога треба да се видат со луѓе гости, си идат у кафич на сладолед, и само им викам на моиве, добро излезете негде на кафе на пиво шо ќе седите дома, само трошкови вака секој сам ќе си плати, ама стари се не разбираат! Ај ние помладите така ќе праиме
и кај мене има многу гости комши блиски роднини а најмногу другарки ни дојдат сите женски дома татко ми денот го поминува најмногу надвор само доаѓа за да спие кога сум со другарките мајка ми не ни доаѓа во собава вика не сакам да бидам пречка во вашите разговори, а кога имам нешто планирано,болна некогаш уморна се нервирам и и рецам ај да си одат али како да ми ги читат мислите повеќе останат , и пред 1месец одев кај една блиска роднина на гости и та на мсн на мобилен се нервирав со мојата сестра јас да одам кај неа никогаш.
Многу ретко ми доаѓаат гости.Обично не обожавам да седеме кај мене,бидејќи не можам да пушам,затоа што подалеку од домаа толку подобро
Па не сум многу за гости! Нити одам нити ми идат! Кога сакам со некој да се видам, да поразговарам преферирам излез на кафе во град! Навистина одбивам да одам на гости а и ретко кога имам гости дома кај мене! И тогаш кога имам гости тоа се најчесто поканети, си ги третирам најубаво што знам, сок,кафе, благо, солено (што има де) добар муабет и ајде пријатно!
Многу сакам да ми доаѓаат гости дома, зашто во принцип кога ќе дојдам дома уморна од работа, не ми се излегува. Инаку во последно време многу се радувам со едни мили мали принцези коишто почнаа да си одат на гости. Се работи за ќерка ми и нејзините 2 другарки од градинка. Секој ден една од нас мајките ги зима сите три од градинка и ги носи кај себе дома. Што е најинтересно пред 21 часот не си одат дома