1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гости

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 5 август 2010.

  1. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Во принцип повеќе сакам да ми доаѓаат гости отколку јас да идам,па така и се случува.Е сега се случува и непоканети некогаш да дојдат ,па третманот зависи од расположението или пак дали сум уморна.Ако не сум расположена за гости или е некој што почнува да ме замара не правам многу муабет и чекам побрзо да си оди.А ако не сум уморна и ми дојдат драги луѓе тогаш е супер :D
     
    На Ferhunde-L му/ѝ се допаѓа ова.
  2. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    еднаш ми дојде не пожелен гостин наводно сакал да ме изненади |( ама јас му реков дека воопшто не ме бендиса неговото т.н. изненадување и од сега да се најави пред да дојди позз
     
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    лелел мразам гости кои доаѓаат секојдневно
    и гости кога баш им текнало кога не ми е средена собата. Што ги нема кога ми е се под конец?
    и кога треба да учам

    пред се се извинувам затоа што не ми е раздигнато и гледам нешто онака само да раскренам
    гостопримлива сум , и оставам се што работам. Отворам муабет кој 5 саати не се разврзува - иаако знам дека имам други обврски
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Во автобускава наша, вечерва имаше паркирано 4 коли, со точно 9 души во нив, сите до еден ненајавени, и плус две со по двајца се вратиле назад од пред порта, одкако брат ми случајно се нашол тука и ги известил дека треба да ги остават пред порта, нема место во двор :o :rofl: Ете толку мнооогу ние сакаме гости :rofl:
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Како беше таа-Свако госта пола сата доста! :lol: :lol:

    Јас додуша сакам луѓе,сакам гости ама некогаш и сакам моменти поминати со самата себе,т.е. да се одмарам,да шетам по гаќи,Можеби да пеам со дезодорансот :D :D било како,едноставно сакам баш да бидам сама.Сакам најавени работи,како што прочитав погоре сите сме со обврски значи и ако се прашувам јас мислам дека ни најмалку не е културно да му се тупнеш на некој ненајавен и да се понашаш као да си дома.Мислам сепак се знае кој е домаќин а кој гостин...и да, имам две-три другарки кои кога ќе дојдат буквално се како по дома ама и они се најавуваат и навистина ми е пријатно кога сме заедно ни јас се устручавам ни па они...за сите остали важи правилото дека мојата куќа е отворена за сите пријатели мои,кои најавено ми доаѓаат на гости,на кафе-муабет,па и ручек ама не и се преселуваат! И точка.
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Се случува некогаш кога си зафатена да ти дојдат госи....ама најмногу ме нервират гости ќе дојдат и никак не стануват....По 3-4 саата седат си и мака си немат......Мале од такви да не можеш ништо да завршеш по дома... :@
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Леле колку сакам гостиии! :clap: Најсериозно! Многу сакам да ми доаѓаат луѓе дома а и ми доаѓаат. Имам неколку многу блиски пријатели во комшилук, ептен често се кај мене. Правам вечери, пијанки, собиранки. Е сега нели има и време кога треба човек да здивне нели, ама во глобала сакам топол дом, полна куќа.
    Ми доаѓаат другари и другарки од Странција, па ми седат на гости неколку дена и мене многу ми е убаво искрено да ви кажам.
    Не за џабе ги бркам постојано буба марите. Ако видите некоја луда женска како трча по ливади и брка буба мари, јас сум! Таа сум. Виновна сум. Признавам. Тероризирам буба мари по ливади и им пеам за да ми донесат гости.
    Еднаш спасив една од канџите на еден пајак. Ја фатил, ја обвиткал со пајажина, мрсул низаеден! Со чачкалица фино лепо, си ја одвиткав, ја спасив, и испеав песничка и летна! А него го убив! Што има он гости да ми брка!

    Ете така. Овај, што ми беше муабетот де?! Ах да! Многу сакам гости ;)

    Бујрум!
     
    На anabel-a, INSIDIOUS, Bibko и 6 други им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И јас сакам гости, меѓутоа тоа најчесто варира од моето расположение.
    Обично постојано се јавувам и вика пријателки на кафе. Понекогаш повеќе па правиме пијанки до раните утрински часови. Многу сакам дома да се расположам со друштво.
    Ама имам денови кога сум во ПМС или едноставно кога ми треба одмор, па практикувам да сум сама. А има и денови кога сакам да ги посветам на дечко ми и мене, па правам нешто вкусно, пуштам филмче итн...

    Во принцип значи, сакам гости, а уште повеќе сакам додека спремам некоја закуска и пијалок за гостите. Се внесувам скроз, понекогаш и се заборавам, ама ќеф ми е :)
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас сакам гости и како и повеќето од вас убаво да ги пречекам. Но најавени! :rofl: Па и ненајавени не ми сметаат, мене не ми е тешко многу тоа, бидејќи сакам да сум со луѓе, да зборувам, да се муабетам, само сама да не сум дома. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас па обожавам коа ми идат гости. Најавени, нормално. |( Да си ги имам сите потребни работи, а не сокот при крај па да не достигне :lol:
    Сакам и кога имаме дома слава кога ни идат, роднините, пријателите. Убаво е да се одржува контакт со роднините, а ако не на слава и празници, кога? Сите си имаат работа, обврски, па помалку време останува за дружења.
    А и кога ми иде мене друштво, среќна сум, куќа полна, радости. :D
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Bо главно сакам гости ама да се најават,зашто иначе можеби сакаме да излеземе,да се одмориме,мака ми е,и да сум празна дома,да немам што да им понудам,затоа се најавува :rofl: еднаш ни имаат дојдено гости ненајавени пред излегување,и им кажувам ке излеземе,ако сакате дојдете утре ке надоместиме,тие за инат заседаа 3-4 сати,и озборуваат кој што како,вака-така.Mорам да го спомнам и овај случај доагаат жени со деца на кафе,си пијат кафе децата се колат,нив око не им трепнува,ми скршија 2чаши и пак овие не изреагираа |( ,и јас имам керка ама нема да дозволам така да прави по гости,јас уште сега сум строга а не тогаш.A сакам да ми се најават сакам ги пречекувам супер и за спиење и за се,да се чуствуваат како дома,само ме нервираат ненајавени и некултурни ]:)
     
  12. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Ич не сакам гости некако, мислам некои што ми се пријатни сакам ама кога ќе ми изнадојдат роднини па сите нешто коментираат фуууууууј нервоза ме фаќа! :D
     
  13. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Aуууу, темава ми прави морници бе Нема по гостопримлива фамилија од нас. Секој ден, поканети, непоканети, комшии, роднини, далечни пријатели...Нема кој не иде. Дури често им се смеам на моиве ќе пишам на порта „пази куче“ можда ќе се намалат. На моменти ми смета, сум имала некој работа, или моите не се дома, па некој се запнач да ги почека, ама па од друга страна ако ден,два не дојде никој, веднаш со брат ми прашуваме-оти бре не иде никој? Хахахах, сами си бараме. За послужување, со тоа што има! Ако се најавени гости, обавезно има полна маса, ручек, вечера, благо, пиење. А за комшии ако се згодат да има нешто благо, било што подготвено, обавезно ги почестуваме. Ако нема некогаш, си поминуваат само со кафе и сокче. Е па добро, ни јас кај што одам редовно не очекувам да ми стават слон на маса, одам само за кафе.
    А инаку имам едни роднини кога идат, се јавуваат пет дена порано( од малку подалеку се, ама идат еднаш месечно редовно) и редовно кај нас седат по цел ден, ручек, дури и вечеа ги фаќа. А ние кај нив кога одиме( и ние најавени) си поминуваат само со салата и ракија, и обавезно ќе оделе до град, на гости, на пазарење и слично. И во последно време мајка ми ништо не им става, само со кикирики и сок ќе поминат . Ах, секакви ги има. Куќава наша железничка станица од времето на Тито, редовно некој има Патем, имам гости сега, една пријателка, со снаата, нова и е си ја промовира Исти сме и ние вака ми изгледа како за исто семејство да се работи зар е можно за постојат такви луѓе без срам ти на нив се а што се вика се а тие само со кафе и се прават наудрени аман веке од такви лешпери од кожа ме вадат.
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Сакам најавени гости да си ги угостам како што сакам јас и без да ми го реметат мирот и плановите, а оние што доаѓаат без да се најават и што не се пожелни ги стрелам со поглед на арогантна продавачка испиваат едно кафе и :hai:
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мразам бре, мразам... Никој нејќам да ми иде. Преку се ми дошло од народ и оваа куќа како железничка станица |( Кога ќе се омажам никој нејќам да ми иде. Освен кај дечко ми не одам на друго место кај никој, ме мрзи да излегувам, а кај мене редовно има некој. Ич несакам никој. Несакам народ, сите гледаат да ти направат лошо, да ја извлечат користа и па-па после. Сама со себе и своите мисли ми е многу поубаво. Не ни сакам да се дружам. Доволна ми е сестра ми. Гости - not! Кај и да е, ќе набркам се од куќава и покуќарки и безделничарки |(
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сакам гости. :nod:
    Дедо ми и баба ми постојано викаат - убава е таа куќа која е полна со луѓе.
    Тука морам да си ги пофалам сите.
    Пријателите на мајка ми и татко ми се најавуваат дури 5 дена однапред, понеделнички, за петок или сабота. :D
    И веќе си знаеме, и јас си го планирам времето, ќе ги подружам некои 30-тина минути и си излегувам. Или си седам во соба, нема да им квачам, нивните муабети се бетер од нашите.
    И они си сакаат приватност и слобода.
    Со комшии немаме иди-ми-дојди-ми.
    Апсолутно со ниту едни.
    Мојата зграда е мала, сите се млади луѓе, зафатени со работа и мали дечиња и не акаат по комшии, ама никој со никој.
    Секој си ја гледа својата работа.

    Значи СИТЕ гости ми се најавуваат, без исклучок, што посебно го ценам тоа.
    Дури и пријатели и роднини од други градови кои поминуваат низ Скопје, се јавуваат барем 3 часа однапред да се најават дека ќе поминат на едно кафе.
    И едно кафе е навистина, не е конференција на G8. ;)

    Јас од друга страна сакам да си приготвувам секакви чуда за моите гости, кога сум екстра расположена и слободна готвам, си организирам собиранки, чајанки, пијанки.
    Сакам да се чувствуваат удобно и повторно да сакаат да се вратат на кафе.
    Си имам микрофон (скршени досега - 7) ;) и често организираме караоке.
    Сите без исклучок се фаќаат за него. Забавно е, до болка. :)

    Зборот ми е дека кафето надвор ја нема таа топлина и приватност како гостите по дома.
    Ако некого вистински почитувам и ме почитува, секогаш е добредојден во мојот дом. ;)
    Гостите ми се воспитани.

    Мајка ми е сосем друга приказна.
    Кога се најавуваат повеќе од 10-тина луѓе на вечера, си зема слободен ден и се посветува на ритуалот наречен - ГОСТИ.
    :D
     
    На anabel-a, teddybear и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ми се допаѓа кога куќата е полна со народ. Еве летово се собраа неколку тетки (сестри на свекорот) од различни држави, сите беа за ручек кај нас. Иако беше газ преку глава, сепак беше феноменално.
    Инаку мразам гости кои се јават во 4 да кажат дека ќе дојдат на едно кафе, ги очекуваш да пристигнат секој момент, а тие доаѓаат во 8 и седат 2 саата. Па за тоа време што ги чекаш ти ќе си завшиш 101 обврска.
    Страшно ме иритираат луѓе кои не знаат колку е доста од седење и од одење на гости. Мајка ми кутрата си заглави со едни пријатели, секој втор ден се на гости и седат по 4-5 часа. Едноставно седат и си гледат шпанско-турско-индиски серии. Ма у п.м не е куќата кино, имајте осет малку.
    Да не забегувам многу од темата, сума сумарум сакам гости особено они што се со мали дечиња :D
     
  18. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Мразам гости, особено кога ке дојдат 10 души па ајде и деца со нив па трчаат растураат, а јас цркната уморна... Па на што личи тоа мислам ОСНОВНА КУЛТУРА да се немало :devil: :devil:
     
  19. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Jaс многу сакам кога си имам гости...секогаш кога ќе ми се најави некој обавезно ќе направам некоја брза погача,или едноставно ќе купам лиснати кифлички со павлака,чипс и 7дејс ролат-ова е стандард...кафенце,муабет абе милина...ама особено ако се мои блиски личности,таквите шо идат на гости со некоја намера или чисто со бош муабет или само оговарање за други-не фала :puke: ги трпам нели,мора да си културен...некои другарко гледаат ред-као демек вчера беше ти кај мене,утре јас кај тебе-и ќе дојде само ред да раздужела :puke:
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Боже мили, колку имам да напишам на темава. :tmi:

    Имам една другарка, која, рака на срце нема лоша душа, ама е ептен ептен заглавена во детството и во начинот на размислување. Честопати сама си се кани кај мене на гости. И ајде, тоа и не е така голем проблем, туку тоа што буквално седи по цели денови. Еднаш, наврати како демек, да ми врати цедиња некои. И дојде кај 10 сабајле, и си отиде дури во 8 вечерта. :devil: Си појаде, си ручаше, си вечераше, се изнагледа филмчиња, изнасимна игрички. И ѕвонеа од дома барем едно 5-6 пати, во смисол, каде си цел ден и ајде те чекаме да ручаме... Ма нема шанси, рецката не им ја мавна, си остана да седи :o

    За роденденот, ми најави дека не може да дојде, и нормално, и реков, помини кога ќе можеш. Не мислев притоа кога ТИ сакаш, туку ме разбирате, во смисла јави ми се и ќе се договориме. Си мине така фино роденденов, гостите си отидоа, останавме поблиските другарки кај мене во соба. Отприлика 1 саатот, и си пуштивме филмче... Кога, некој тропа :o Замислете, мадамов стаса во 1 по полноќ! :o Моите веќе си беа легнати, и ставив 3 кифличиња и едно саламче - мајка ми се друго раскренала, што најдов и дадов. Бреј, оток. :x

    Во маалово па имаме една комшика, обожава да дојде и да си ги раскаже маките. Донекаде ја сфаќам, има проблеми и се, ама па мајка му стара, сите имаме проблеми по дома, и не му квачиме на некој по дома :^) Најмногу ме нервира кога ќе дојде во 8 сабајле, седат во дворот со баба ми, се жалат оти поскапел кромидот и ИЧ ама ИЧ нема осет оти јас спијам. :@
     
    На moni24 и SexyLady им се допаѓа ова.