Гости сакам, по можност најавени. Сега, ако дојде некој ненајавен нема од врата да му речам оди си... Порано, дури беа баба ми и дедо ми живи дома вриеше. Едни дошле други си отишле... Ама, нив не морав да ги трпам. Тие си седеа в кујна, баба ми готвеше, а јас си бев во дневна и не ми пречеа. Баба ми и дедо ми такви си беа, кого ќе го сретнеа ела на едно кафе. И плус таквите доаѓаа до ручек, после се знаеше-дедо легнува, преспива и заминуваат на загон, па нема од тоа досадните баби и дедовци. Може само некоја пријателка на мама или другар од тато да дојде, ама тие не ми пречеа, ниту пак јас ним... Сега откако баба и дедо починаа, се скратија и гостите. Може некој другар на тато да дојде некогаш и толку. Ама тоа е пол сат-сат седење, едно кафе, сокче, кисела вода или ракија по желба на гостинот и тоа е тоа. Е сега си имаме еден гостин кој поретко доаѓа, ама кога ќе дојде си заседнува. Човеков е од Скопје, ама често доаѓа Охрид, па кога е Охрид, ајде и Струга да поддојде, знаете... И тој се најавува кај татко ми и си кажува во толку и толку сатот ќе дојдам. Добро, се во ред, не е ни некој досаден или не знам каков. Убав човек, културен и муабет знае да направи и се. Ама, џабе кога седи со саати. Летото колку пати ќе сакавме со тато да одиме на Дрим или на плажа за кучето да го капиме (сама не можам таму да го капам), ама попладне кога нема многу народ, тој ќе се клапни и ни капење ни бакрачи. И сега, таман ќе решиме дента нешто дома да правиме или негде да одиме, тој доаѓа и нема мрдање. Исто и кај баба ми кога одам Охрид. Има во комшии една жена малку е нешто како пореметена психички и на моменти добра е, на моменти не е. Е тек таа кога ќе дојде готов си. Доаѓа практично секој ден и седи ли седи. Муабетот истиот пак истиот. Досадна ни е на сите и на баба ми. Најкриво ми е што таму одам за викенд, два дена неделно и сакам да се видам саглам со мама и баба, муабет да си направам или негде да излезиме, од неа ништо не можеш. Имаме среќа што ако речам дека сум сама не влегува, па често кога ќе ја видиме излегувам јас, велам дека нема никој и си оди. Ама не можеш стално да се криеш. И имам речено на баба сто пати да ја откачува некако, ама не можеш и тоа да и го речиш од страв да не изреагира некако. Што знаеме ние како тоа ќе и влијае нејзе кога не е сосем здрава психички. И така, најавените си ги пречекуваме и сакаме, ненајавените ги пречекуваме и трпиме. Тоа е, чиста куртоазија...
Па сакам гости, дружељубива сум и убаво ми е кога ќе дојдат или кога јас ќе отидам кај нив. Меѓутоа сакам да бидат најавени (како и повеќето).. Иначе убаво ми е кога ќе ги видам после долго време, онака да си поправиме моабет после толку време, но оние што ми доаѓаат секој ден и што стварно замараат преку глава ми се. Гостопримлива сум, да.. До сега никого немам избркано и не ни планирам, трпам , но ако ми пукне филмот лошо ќе биде..
Сакам гости да ми дојдат ама повеќе сакам јас да одам некаде на гости. Се разбира претходно да ми се најават гостите секако за да раскренам по дома па и да имам време да купам нешто од продавница да ги услужам со сок барем. Инаку интересно е кога ќе ти дојдат гости што не сте се виделе подолго време па муабети па ова она да се заборавите од зборење
Абе имате клуч, користете го. Кај мене постојано си е заклучено. Ем сум спасена од ненајавени гости, ем од дебилана ко еден прееска од памет што ме истресе, вратата ќе ми ја однесеше, викам готово rape and murder не ми бегаат, а тој промашил и за 2 минути го чув кај урла по комшијата до нас. А и уплав имам од ненајавени гости. Затоа сега си имаме врата од оние специјалкине од Проспера, заклучена со сите 12 шипки и плус тоа најмалото, па и Осама да воскресне, нема да може да влезе. Најавени у реду, оние од поодамна невидени - да, убаво е, со задоволство ќе спремам нешто убаво, нека дојдат да се видиме, да поседат со усул, па што-како ново. А што муабет ќе правам со некој кој секојдневно ми виси дома ко мрсул на цигански ракав? Имаме едно такво бабиште од спротива. Јас сфаќам дека е сосема сама и во пензија, ама жено божја во 11 сабајле да дојдеш, а во 2 по полноќ да си одиш?! Па си се однесуваше ко дома да е, си се стави на местото на починатата ми баба, види ти! Па ваков ручек сакам, па будала јас еве ме 67 години, не сум толку стара, можам да си најдам маж, па сакала две Арапчиња да си посвои. Отров. Врвот беше кога ќе си појдеше кај нас во ВЦ со претходна најава дека пиела чај за прочисчавање и тр-тр-тр-трт...ни врата затвораше, ни ништо, а јас и мајка ми бетер од запрепастени останавме. Од тогаш немаме врата за такви. Се телепортираме.
Сакам гости, и да одам и да ми доаѓаат Ама секогаш одам најавена, единствено кога сакам да го изненадам дечко ми, па така да му се појавам на врата (тоа се случило 2 пати). Инаку, секогаш се јавувам ден претходно, и сакам кога и мене ми се најавуваат, за да знам да си го испланирам денот, а не некој непоканет да ми го „уништи“ планот. Можеби звучам злобно, ама во принцип, сакам сите да се однесуваат со мене, како јас со нив
Обожавам гости. Најавени да се разбереме. Кај нас ретко некогаш да е чисто, и да знам да си раскренам, да купам од продавница нешто. Не ми е убаво, ако го послужам само со сок или кафе. Најмногу си ги сакам гостите од подалечните градови, па не си се видол толку многу време па цел ден со нив, па ќе шетате, ќе зборувате. Едни роднини од на татко ми страната, братучеди му се, стално се на врата, ги препознавам по ѕвонењето и кога сум сама дома или со сестра ми, не и ни отварам. Едно од прозор коа си одат и толку. Лоша сум нели,а ? Па во право сум бе. Барем коа идат чоколадо да ми донесат..
Јас сакам гости. Но повеќе ги сакам оние на кои сум на иста бранова должина. Од толку сакање веќе незнам ни кој сум поканила да дојде овде. Оние кои што се од страна ги канам кај мене, па потоа на шетање низ градот (макар нема кој-знае што да се види, но ова како изговор). Пример неможам повеќе време да иседам со гостите на моите родители. Се поздравувам, културно ќе поседам неколку минути и ќе станам и ќе излезам. Па и луѓето сакаат да направат свој муабет како што сакаме и ние со другарките. Е сега исклучок се некои блиски роднини кои многу ги сакам па задоволство ми е седењето со нив, кумовите, и кумашините. Повеќето гости кои ни доаѓаат од страна се најавуваат предходно. Ниту ние не би сакале да не фатат неспремни да нема со што да ги послужиш. Барем да купиш нешто, или да потспремаш. Оние со кои живееме во ист град си доаѓаат повеќето ненајавени. Скоро секој ден го слушам ѕвончето како ѕвони, и ајде пак варење кафе и сите тие ритуали. Но мајка ми како што е дружељубива со сите, никој не одбива и сите ги пречекува со гозба. Од комшиките немам жалба. Ниту имам напаст комшика која доаѓа и седи по цел ден, ниту пак таква другарка. Како што прочитав кај неколку доаѓале само за да седи на интернет. Малку без врска ми е тоа. Комшиките ја извикаат мајка ми или да отиде на кафе или тие да дојдат. И на ова време никако не влегуваат внатре. Секогаш седат во дворот, се изнамуабетат и си кренат. И оние гости кои доаѓаат лично кај мене ги сакам. Ги почестувам и угостувам за да им биде прво угодно нив па после мене, за да се вратат пак, што посебно ќе ми биде драго. Е со другарка ми сме секој ден кај мене, кај неа, дека комшики. Муабет не ни завршува . И така во глобала сакам гости.
Јас ли4но обожавам гости добредојдени се секогаш и ги сакам оние шо остануваат подолго а јас не одам баш на гости она ептен ако морам кај некои роднини евентуално или некоја ептен блиска другарка а сакам да ми идат гости..
Сакам да ми идат гости ни не ми се баш добредојдени кога треба да одам некаде или кога треба да учам ли нешто слично.Мразам кога ке дојдат некои и кога не знааат да станат.
Сакам гости. И да одам и да доаѓаат. Ама, најава прво. Па добро, немам јас цел ден да слушам некого што нема осет за време или бадијалџии што нема што да правиме и ајде по куќи. Некој може стварно има што да прави и целото време му е исполнето. Си го ценам времето, немам одвишок и максимално го користам. Сакам да поминувам време со луѓе што ми се драги, ама ќе се најават, ќе дојдат, кафе, сокче, што има по дома за грицкање и така. А не „гости“ од типот доаѓа без најава, седи од 12:00 до 18:00 и после извинете ви досадивме. Е не, ИЧ не досадивте. Фала Богу, повеќето гости што доаѓаат се најавуваат и нема некој проблем, ама како и секаде има и кај мене комшии што сакаат да си заседнат и осет немаат за време. Па за таквите, клуч на врата. Малку лошо ама што да правам кога дома денот на сите ни е целосно исполнет и кога ќе дојдеме дома навечер сите капнати, кој од школо, кој од работа и некој да ти се тупне тогаш..Нема да може.
Обожавам гости .Се разбира оние најблиските се добредојдени во секое време без никакви најави и подготовки .А за останатите сепак сакам и практикувам најава не секогаш сум спремен .Сите имаме лоши денови напнати итн не би сакал да бидам таков со нив .Одам на гости но доколку чувствувам негативна енергија а ми е близок секогаш се трудам да се поправам ако е нешто до мене .Со искрен и отворен муабет се постигнува посакуваниот убав ефект на убава дружба .
Сакам гости кои предходно ми се најавуваат но, сакам гости кои имаат осет колку треба да се седи особено кај луѓе кои се сабајлето на работа или имаат мало дете. Еве пример некни имавме гости тие се дечко и девојка немаат никакви обврски освен да се наспијаат убаво сабајлето , ни седеа со 03 и 30 мислам сабајлето бев кома кога требаше да одам на работа. Едноставно не бев способна за извршување на работните обврски па камоли за домашните.
мразам гости секогаш ми го прават едниот ист муабет, си идам во соба и не искачам додека не си отидат
Очигледно ние младите одењето на гости не го сметаме за посебен чин туку онака седење со друштво по дома. Па јас би прокоментирала дека кога сум била на гости кај помлад брачен пар најавено, т.е. на нивна покана ми се случило да не ме понудат ништо за пиење и ‘‘домаќинката‘‘ да е облечена во пижами!? И со дечко ми останавме вакви Па би сакала да ве прашам дали со нас нешто не е во ред и премногу очекуваме или?
Мислам дека не очекувате премногу и се е во ред со вас, ама најочигледно е дека домаќинката нема ни срам ни перде или пак, ве смета за доста блиски па си мислела дека нема потреба ни да се пресоблака за вас иако и тоа некако не држи вода. Колку и да се сметаат за блиски гостите сепак мислам дека не треба да се пречекаат во пижами, тоа никако! За тоа што не ви понудила ништо за пиење, стварно незнам што да искоментирам. Ем те кани ем не ти нуди.. па ако ништо друго едно кафе. Сите имаме кафе дома. Ајде за сок, вино и слично, можно е да нема баш тогаш но кафе имаме сите, колку што знам јас.
Svakog gosta tri dana dosta Кај нас не важи таа. Кога ќе си дојдат на дедо ми сестрите од Скопје по 2 недели,ама многу се интересни. Едната важна,дигната,а другата поинтересна Комедии нашите гости. Најмногу доаѓаат постари луѓе кај баба ми и дедо ми. Па кога ќе почнат лаф муабет. Дедо ми има еден другар кога ќе си заседне по 3-4 саати. Онака де, додека жена му се врати од работа Има дедо еден братучед ама шишето не му бега од рака. Па доаѓаат едни во 11 саато навечер. Таков ни е наталитетот во помалите места. Не дека толку е мало местото,но сите те знаат подобро од самиот себе. Па не се малку жители 15 000.
Пред неколку години на гости ни идеше еден другар на мажот ми со девојката,јас многу си ги сакав луѓето ама немаа ама баш никаков осет.Скоро секогаш идеа после 23.00сат и седеја до кај 2-3 а јас другиот ден на работа а бре ми се плачеше и многу пати ми се имаше случено да заспијам така на седење ама што да правиш јас сум станала во шест не се издржува а девојката стануваше во шест ама попладне и нормално дека сака вечерта да си ја потполни Многу ми беа мили и си ги сакав ама стварно претеруваа
Сакам гости да имам знам и да ги пречекам ...да извадам се што има за грицкање , кафе сок обавезно Ама па сакам и гостите да имаат осет , сега со мало дете неможам баш да се заседнувам ... малото си бара внимание , после 2 часа како е будна станува кенкава сака спиење а гостите седат и седат
сакам гости и кога одам и кога ми идат ама секогаш се најавувам или се најавуваат lucky me...сакам луѓе во домот , сакам муабет, сакам да пречекувам ....и мм е таков...имаме осет кога одиме преку неделата на гости не се задржуваме после 23.00 часот пошто сите се на работа утредента, додека преку викенд е друго- знаеме да се заседнеме дали кај нас дали кај некој друг и до 3.00 по полноќ... некогаш си викаме сами гости посебно кога ќе приготвам нешто вкуснооо било торта било некоја салата...секогаш сум била опкружена со многу луѓе од мала кај нас најмногу гости иделе...додека бев на факултет секој викенд одевме некаде кај некоја колешка на гости па и тие останувале кај мене многу пати дали на ручек дали на спиење