Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гости

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 5 август 2010.

  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Неколку пати ни дошле ненајавени гости! :rofl:

    А инаку мојата најдобра другарка е многу срце и си ја викаме шестата сестра од нашата фамилија, секогаш е кај нас! Си лежи по каучи, си гледа тв, многу си ја сакаме!! Ама еднаш бев дома скрос сама и влегов да се туширам и оп ѕѕѕррр ѕвони некој :rock:
    и искачам не дотуширана и ја гледам другарка ми на врата! :D
     
  2. Shaaggy

    Shaaggy Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    7
    Јас многу сакам гости, ама ич не ги сакам оние што многу заседнуваат.
    Завчера имавме гости од Словенија, јас утре дента правев писмена македонски и кога си заседнаа до 12 саат, па морав да учам до касно :^)
     
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Гостопримливо семејство сме ни доаѓаат гости ама најмногу мразам кога не знаат да се јават да ти кажат дека ќе дојдат барем 30мин порано ако веќе било непланирано.Кога ќе ти се трупнат па ти ако сакаш биди по гаќи или пижами на нив исто им се фаќа...а и не само тоа ќе ти дојдат во 10 саат а ти снемало сок или било што па брукај се пред луѓето...Бог да чува од такви...
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    На нас ретко ни доаѓаат гости. А и ние ретко одиме по гости. Кога и да ни дојдат гостите, однапред се најавуваат. Не ме нервираат ненајавени гости. Повеќе ме нервираат гости кои што остануват до доцни часови.
     
    На cresa-jagoda и Twinkles им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Најмногу мразам ненајавени гости!
    Не размислуваат дали ти тој ден имаш обврски или само тој ден ти е за одмарање или ако дома моментално нема нешто многу да се послужи па мора да трчам до продавница, па уште ако заседнат...уфффф...
     
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ме нервираат ненајавени гости кои остануваат со часови... :@ :@ :@
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Сакам гости,ама мислам,во граници на здрав разум. :D
    Еднаш ми дојдоа едни на 31.12 во 20ч.
    Јас се туширам,фустан пеглам,спремам си се за вечерта,моите дома исто,па и дека кај нив требаше пријатели некои да им дојдат па заедно да слават,па и храна,ова она,овие `ѕрррррр`. :geek:
    Ме извадија од такт,еееј! :devil:
     
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Значи скоро секој ден имаме гости, така да не ми претставуваат проблем. :) :D
     
  9. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Многу сакам кога мојот вујко и војна ќе дојдат,но мразам кога ќе дојдат некои другари на моите родители!!! :@ :@ :swear: :swear:
     
  10. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ни дошле некои непоканети гости.Обично,секогаш се јавуват дали сме слободни да дојдат.Ама кога ќе дојдат... :D Мене не ми сметаат,баш сакам кога имаме гости :D Некако кога ќе дојде некој,едноставно се расположувам.
     
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Мразам кога ќе ни дојдат гости, освен другарка ми. Таа е добредојдена секогаш и другарката на сестра ми. А други, ма не. Тие си седат, јас си јадам или гледам телевизија. Не ги фермам. Е сеа, ако се најавени,имам порака од мама да им зборам, да прашам дали поминале океј на лекар, да им сварам кафе, бла бла.
     
  12. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Порано дури 3 пати во неделата ни доаѓаа гости, а сега поретко.Никогаш не сум се радувала на гости, а и сега не се радувам иако доаѓаат толку ретко.Се радувам само кога ќе ми дојдат другарки.Нив не ги ни чувствувам како гости, тука како да се дома а не кај мене бидејќи и јас кога ќе отидам кај некоја другарка не се чувствувам како гостинка.Вчера кај другарка ми си го понесов и таблетот со мене и си се налакирав со нејзиниот лак, си се испружив на креветот.А бидејќи и јас сум таква им дозволувам и на моите другарки истото да го прават кај мене дома.А заборавив да кажам дека се радувам кога една комшика ќе ми дојде на гости, стара е малце, ама забавна е. :D
     
  13. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Често доаѓаат гости кај нас.
    Некогаш најавени , некогаш не.
    Не ми пречи тоа.
    Гостопримливи сме :lol:
     
  14. Amely

    Amely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Не сакам а посебно ненајавени
     
  15. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Леле колку мразам такви луѓе другарка тогаш најдобра и многу ја сакав од мали се дружевме и беше океј и пред две години приметив дека се сменила ке дојдеше кај мене на гости и ке пиевме кафе, чај се што ќе посакаше и еднаш пред да си оди ми вика да ми дадеш да се лакирам и јас добро ок и се лакиравме и следен ден ја барам за нешо и она не можам ми измислуваше 300 чуда и си реков може стварно зошто беше прв пат и потоа следните доаѓања ке дојдеше кафе ова она и пак нешто ке ми побараше и сега се поретко ми иде секако зошто одбивам да и дадам се што ке ми побара :D
     
  16. martine

    martine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Сакам гости.. ајде сите сте добродојдени кај мене.. ве чекам :) :P
     
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Има гости за кои ми се мило што доаѓаат на пример тетка ми, баба ми, вујна ми и вујко ми .. Но некоја колешка на мајка ми или пријател на татко ми кога ќе дојде и кажува дека дома досадно му било немаш што да прави па си се заседнува си седи човекот мака си нема. Јас се поздравам и си доаѓам во мојата соба. Гостопримлива сум но и мене ме нервира кога некогаш не сум расположена а некоја другарка ми се тупне на гости демек и си седи не и текнува да си оди. Мислам гости се знае 1 саат и чао пријатно а не без осет да седи и уште да кажува дека дома немала што да прави и цел ден скитала. |(
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    За некои гости кога ќе дојдат ми е мило, а некои гости едвај чекам да си одат. Во главно не сакам многу да ми доаѓаат гости, ниту пак сакам да одам на гости.

    Најмногу се нервирам кога имам некоја обврска, на пример имам за учење, или било што друго и баш тогаш доаѓаат гости.
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Мене гостопримството ми зависи од расположението.
    Има денови кога многу сакам гости, а има денови кога не сакам да видам никој, се` ми смета и сакам да бидам сама.
    Имам една другарка со која цел живот сме заедно и никогаш не ми смета, бидејќи ја сметаме како дел од семејството и пред неа можам да правам се` што сакам без притоа да се стегам и да ми биде непријатно.
    Инаку, се друго што ми доаѓа во куќава е крајно невоспитано.
    Има неколку лица кои буквално се забораваат од седење, плус секогаш доаѓаат не најавени и баш во време кога си планирам нешто или сакам да си одморам.
    И ептен мачно ми доаѓа да седам, да ги слушам и климам со главата.
    Понекогаш, си заминувам во соба и ја оставам сестра ми со гостите.
    А ако сум расположена сама ги молам да дојдат и муабетиме до бескрај. :D
    Кога се работи за гости од фамилијата не правам никаков проблем и не ми сметаат, бидејќи ако можам седам и разговарам со нив, ако не моите се секако тука. :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Најмногу што ме нервира се ненајавени гости. Е сеги и тука има некои на кои им се радувм на пр вујко ми, но често ми се случува да сакам да легнам преку ден и тогаш гости на врата. Најужасно ме нервираат гости во 9 часот наутро. Комшиски кафиња и глупости, теми безвезни, исцрпувачки муабети.
    Тип на гости кој го мразам е оние од: еј кај си бе, сенемаме видено, ајде кафенце да свариш, за поле 15мин да ти побара нешто.

    Јас секогаш се најавувам кога одам некаде, а и ретко да одам по гости. Обично сакам да си се видам со другарите во кафуле. Е сега кај фамилија се знае дека мораш дома да одиш.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.