Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гости

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 5 август 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Имам ваков пример. Моја поранешна другарка секој ден одеше на гости кај една друга другарка. После факултет (и беше уз пат) седеше кај неа, па се до вечер. Го користеше тоа што другаркава не работеше. Многу пати и имав кажано на другаркава да наоѓа изговори за да не ја прима дома (бидејќи самата кажуваше дека и е смачено да и доаѓа секој ден), ама на неа и беше незгодно. По некое време, двете се оддалечија, па оваа не и доаѓаше на гости секој ден.
     
  2. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Обично гостопримлива сум, ретко да вратам некој ако ми се најавил дека сака да дојде на кафе.
    Инаку да напоменам дека сакам најавени гости. Бидејќи ако некој не си го цени сопственото време како можам да очекувам дека за моето слободно време му е гајле. :!:
    Со другарките, и братучед ми знаат да седат и по 3 саати да се смееме и да не осетам како поминало времето. Ако дојдат пријатели на моите само културно ке се поздравам и ке поседам 5, 10 мин со нив и директива во соба си одам.
    Мегутоааа пред месец дена имав тежок период, дознав вест што многу ме погоди. А тој период му беше на татко ми роденден (утредента, после случката). И несакав со никој да се видам од гостите, неможев на раат да си се исплачам. Сакав сама да бидам и никој да не ме вознемирува. Ретко е, ама ете се случува да се исклучам и краток период да не бидам friendly расположена... :tmi:
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.003
    Допаѓања:
    133.917
    Ненајавени гости, никако.
    И никако, еј јас тргнав накај тебе. Извини, ама јас иам секс сега и ни трае со саати, почекај малце па дојди!
    Најавени и драги, обожавам да ги гоштевам.
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ја имав, и јас си знам како ми беше. И тоа не гости туку на времето ко одев и втора смена девојчето знаесе уште пред 10 насабајле да ми дојде спремана за на школо и до 1 тука да седи. Секој ден или секој втор ден. Ако верувате еден ден ми скисна и и го плеснав директно дека е досадна и да има осет малку. Замисли си секое утро од 10 до 1 цлеи 3 саати ми седи тука на компјутерот, а јас морам да јадам пред школо значи тука и си јадеше и имаше навика и низ работите да ми фаќа низ шминките. Многу се нервирав и еден ден му пукна и и го плеснав да не замара. Сакам гости не дека не ама пола саат или еден саат а не со саати и секој ден. Треба осет да се има.
     
  5. black's'thebest

    black's'thebest Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Сакам да одам на гости, сакам да ни идат, ама секако не сум секогаш во такво расположение ниту да одам ниту да чекам гости :?: What to do
    Најмногу сакам кога ќе дојдат и се е опуштено не ти е гајле дали ке те затекнат суредени се е светнато и на свое место, дотерани или не, идат да те видат, да си попрајме муабет, да се пошалиме.. Е тогаш ќејфот ми се прави. Нив не би ги нарекла гости туку луѓе со кои навистина си имаш муабет, времето може да си летне а без да се забележи тоа, едноставно луѓе со кои си опуштен и секогаш се добредојдени без никакви посебни најави, за таквите луѓе секогаш сум расположена да ми дојдат дома.
    АМА кога ти се најави некоја ептен досадна :bug: ќе ти рече на едно кафе, а секако очекува гозба и останува со саати, цел ден, сите планови ти ги ремети, е тоа ми е с м р т .
     
    Последна измена: 17 јануари 2015
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    Барем прво да се јават па нека дојдат.
    Аман аман исто и нас така ни имаат направено.
    Одеднаш sвррр на врата sвончето, а то да ти биле комшиите фала богу средено беше дома
     
  7. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Оф бре, зарем денеска мораа, кога мајка ми за прв пат е во сабота на работа и татко ми е излезен?
    Гости од Охрид, јас да ги пречекам. Мераци|( Е ова моево ти се вика малер работа.
    Да беа блиски пријатели братучеди со кои секој ден се гледам,никаков проблем, ама вака бе:envy:
    Ме направија да стражарам пред пенџере, а збрчи автомобил си мислам тие се..
     
    Последна измена: 14 февруари 2015
  8. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    На мама и тато другарите, коа ќе седнат не знаат да си одат, ај јас и онака ретко седам со нив, ама жал ми е за мама и тато, сабајле се на работа а они слободни се и по цели вечери седат, не им текнува да си одат :devil: И многу гласно зборуваат, само се смеат, и во мојата соба се слушаат, не можам да учам на раат :@
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Јас не сум многу за одење по гости, ниту пак сакам често да ми доаѓаат гости. Кај нас доаѓаат само кумата и едниот девер и јатрва ми. Едно време доаѓаа и старосватовите, ама сега не се во Скопје. Со роднини и комшии не си одиме по гости. Јас немам ни време за гости. Од толку многу обврски дома не можам глава да кренам.
     
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.413
    Пол:
    Женски
    Околу темава сум многу осетна, гости сакам но со претходна најава и без претерување што истото го практикувам и за мене.
    Можам да дружам и да седам само со луѓе кои на мене на некој начин ми значат и се пронаоѓам во муабети, секако со усул и осет, до кога и што како.
    Во врска со некои луѓе за кој сметам дека не сакам дружба ниту блискост и истите не ми пријат културно се поздравувам и повлекувам. Маалски мубети и малограѓанштина од страна не сакам и се строго се повлекувам.
     
    На SummerGirl, eloves, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Mislam deka vo denesno vreme retki se tie sto nenajaveni idat nekade n gosti, vo denesno vreme koga sekoj ima telefon ( mobilen) pa se najavuvas i ides.vo vremeto na moite ko pomladi se sekjavam deka ne bese taka.op cup nekoj se tupnal na vrata, pase sekjavam trcas u prodavnica da kupis nesto poso ne si spremen za gosti.
    Imam edna komsika( decava se drugari vo gradinka) porano doagase nenajavena.ete gi na vrata a mene doma ili nesredeno, ili opusteni se legacime..kog idev jas kaj nea obavezno se najavuva pa vide nevide pocna i taa da se javuva
     
  12. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.640
    Допаѓања:
    7.473
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам да ми се најавуваат...некако тоа ми личи многу да официјално.
    Еве еден пример.Пријатели на моја комшика и се јавиле на тел.и тоа пред нејзината врата,и она им вика дека не се дома|(
     
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Многу сакам гости.
    Ептен.
    Но имам една ,,фалинка,, - ич не сакам да одам на гости.Се ќе дадам, само да не мора никаде да одам.Многу од пријателствата ни прекинале токму поради мојата мрза да се оди некаде.
    Обично сите гости ми се најавуваат а и да не ми се најават не се лутам.
    Јас ненајавена никаде не одам.
     
  14. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    исто и јас сакам гости, а за мм да не зборам во стање е секој ден да си кани госи(facepalm)а ние ретко одиме, пуста мрза :^)па спремај дете, па касно ке биде ке му се спие....
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Пa сaкaм гoсти. Амa oмиленa гoстинкa ми е внукa ми.:inlove:
    Нaјчестo нaјмнoгу ни дoaѓaaт брaтучеткa ми сo сoпругoт и внукa ми. Секaкo декa се нaјaвувaaт, истoтo вaжи и зa нaс кoгa ние плaнирaме дa oдиме кaј нив. Ненaјaвени не сaкaм зaштo мoже вo тoј мoмент ми е рaстуренo дoмa или лежaм oнaкa сo пижaми и гледaм ТВ, aмa кoгa веќе се пред врaтa не мoжaм дa ги врaтaм или дa не им oтвoрaм, не е културнo.
    Амa нaјвеќе мрaзaм кoгa некoј сaм си се кaни дa дoјде. Тaквите oд стaрт ги oдбивaм. :@
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Reinosa

    Reinosa Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Сакам и ја гости,и да одам и да ми дојдат,меѓутоа не сакам ненајавени,само така оп-труп на врата,кога планирам да одам на гости обично се најавувам 1 недела однапред(може е глупаво)
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Исто и јас. Има роднини кои ептен озборуваат и кога ќе дојдат го користат времето да дознаат нешто за другите роднини со кои не зборат, за мене, за мојот љубовен живот, за работата, за платата и ептен си прашуваат што ќе им текне и таквите при последна посета само се поздравив , бев ладна и сфатија изгледа дека се досадни и дека со нешто згрешиле.
     
  18. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    3.115
    Пол:
    Женски
    Животот не е бајка
    Нечисти садови...значи дека сум го нахранила семејството.Полна канта со ѓубре...значи дека сум го исчистила станот. Нечист под...значи дека сум им дозволила на децата да си играат. Нечисти алишта...значи дека моето семејство е во чиста облека. Водено купатило...значи дека моето семејство е истуширано.
    Па следниот пат кога ќе дојдеш во мојот стан и видиш неред, размисли пред да осудиш. Ако си дојден/а да не видиш НАС ...повели влези, а ако сакаш да видиш чиста куќа те молам најави се!

    -Копирано од една страна на фб, но неможам да постирам линк, незнам зошто :?:

    Мислам дека доволно е кажано!

    И да, имав и јас една другарка што скоро секој Божји ден беше кај мене, заедно јадевме, заедно пиевме. Кога ќе дојдеше, забораваше да си оди :( . А јас, што се вика, незнаев кај живее. Никогаш ме немаше покането кај неа, барем на едно кафе, освен за родендени или слави. Сега си фати дечко и многу ретко се гледаме.
    Ме мрзи да пишувам сега, друг пат ќе ви до раскажам :P
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @anaja1 Епа тоа најавување ли е? Тоа е кажување дека практично ти се пред врата и ти нема каде да бегаш. Тоа е нападност. Некој сака дома да му биде потсредено кога ќе дојдат гости, да има со што да ги услужи и тоа е. Ненајавените и нападни гости се чиста некултура.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Ако некој ми дојде ненајавен, културно ќе го откачам. За среќа, такво нешто не ми се случило. Имам комшики што се најавуваат пред да одат на гости, а единствена цел им е да проверуваат дали дома ти е средено и ги оговараат сите можни комшии. Такви не примам.