Ми се свиѓа трендот дома гости да не ти идат, да се глеаш надвор на кафе, у парк или кај и да е Тоа моиве х генерација, па никој не смее да им иде, надвор едино си бркаат работа, провод, или со претходна најава, али ретко е ова, не памтам коа дошол некој. Тупосување кај нас е незамисливо.
Пораснав во ептен мал град и никогаш не заклучуваме влезна врата преку ден, само навечер. Истите гости ни идеа секој ден по 2-3 пати во денот ненајавени, без тропање на врата, без ништо, влегување како дома да се. Ај некако се навикнав на тоа, ама уште ми е смешно кога ќе ми текне дека некој ќе влезе и на пример мајка ми се тушира и ќе ме прашаат кај е мајка ти, и нормално им кажувам се тушира и ќе речат ај ќе почекам, направи ти кафе дури таа се среди. Никаква приватност, никакво извинување. Некогаш моите работеа во градина, поправаа или чистеа по дома и кога ќе дојдеа гости мораше работата да се паузира затоа што гостите не сфаќаа дека пречат. Затоа сега сум во стан 24/7 под клуч и ако не ми се најави некој не примам гости. На непознати луѓе како што се овие што продаваат работи и слично не отварам врата.
Порано како помал една комшивка нон стоп секој божји ден идеше, дремеше по 5 саати особено во зима. Ми се свиѓа шо времево се смени и сите се оддалечија луѓето во поглед на ова, раат да дишиш дома наместо да дремиш на столица само ради гостите. Со комшиите сведени сме само на Здраво и ништо повеќе, некои не ги ни гледам.
Домот не е дом ако во него не влегуваат гости. Не мора секој ден. Не мора со саати. Ама да доаѓаат луѓе. Толку ли подивеа луѓево да им смета тоа? Имате доволно време за одмарање, мир, приватност, толку ли не ви е пријатно да седнете на муабет? Има и такви гости кои се досадни и непожелни ама човек да не сака други луѓе дома, бизарно е.
Да, неќеме, не знам шо е проблематично? Ја и ко дете коа требаше да дое некој паники ме фаќаа, трема, непријатно чувство скроз, исчекување, нетрпеливост, анксиозност, и тоа што луѓето го знаев, не беа ниту непријатни. Не сме сите исти, немаш потреба бизарни да не нарекуваш. Дома сакам 200% да се осеќам дека сум во комфорот.
Не сакам да ми доаѓаат, а не ни сакам ни да идам. Не знаеш каква енергија луѓе ти носат дома, многу сум внимателна кој примам зошто не секој заслужува да ти влезе во домот макар и роднина да е. Дојде време кога има кафич на секој ќош, па не гледам зошто толку табу сваќање стана.
Ние сме скоро секој викенд со гости. Најчесто со кумовите заседнуваме, ако не секој викенд барем преку еден, или кај нас или кај нив, се договараме. Роднини или пријатели исто така канеме, а и они нас. Не сме тој тип на луѓе да не дозволуваме дома човек да ни дојде.
Конечно дочекав ваков коментар на темата, упорно читав и чекав. Јас се сметам за дифтар прва класа, ама останатите тука се нивоа над мене шо стварно не мислев дека постојат. Јес да, ненајавени гости не сакам ни јас, некогаш и да се најавени расположението не ми е како шо треба за да обрнам внимание на гости, ама па да не сакате никој воошто да не ви доаѓа дома да ви ремети мир?? Толку сте осамени, толку немате блиски луѓе со кои сакате да помините саат два дома? Ако е одговорот да, жал ми е за вас. Жално е шо луѓето станавме како диви животни. Ладни, оттуѓени, со еден збор никакви.
Едино ради трауми можам да разберам да се нејќат гости. Па и со депресија ради минати настани. Не сакам ненајавени гости, а некогаш ни со најава не сум во состојба да ги примам. Ама без ич народ ми е глупо.
Ми идат неколку блиски на гости, јас исто дремам кај нив, скоро па секој викенд. Другарка дури и ми доаѓа на спиење пошто е од друг град. Неколку се. Никој не ми се пикнал без покана, ни пак јас истото го практикувам, обично се договараме каде ќе се седи.
И јас не ја сфаќам потребата од одење по куќи. Дома сакам да си одмарам. Не ми е проблем сама да гледам филм или серија, сама да пијам кафе. Средбите со луѓе се надвор. Тука во Ге скоро секој може да си дозволи во кафиќ да оди. А и не е како кај нас иди ми - дојди ми.
Не идам нити имам гости. Порано беше така, сега е сменето. Мене ми одговара, се гледаме на пијачка или у ресторан. Мирна глава, не се замарам
Мене па седењето по дома ми има некоја друга тежина, некако ми е знак дека сме поблиски. А и дома ми доаѓаат луѓе со децениски стаж у мојот живот, би ми било некако поразително блиска особа да ја сведам на гледање само по кафичи на сокче. Од кога знам за себе викам луѓе дома. Али добро, секој е различен.
Домот не е дом ако никој сем домашните не ти отвори врата. I said what I said. Ќе ги чуваме ѕидовите од веселост. Било претерување порано, ама па сега се отуѓивме скроз. Ќе преживеам и ако некој ми се избаци ненајавен и ако спонтано надвор се сретнеме и поканиме по дома негде, тие средби честопати биле најубави. Со луѓе што на некој начин ми сметаат или не се осеќам пријатно не се гледам ниту надвор. Со сите драги се гледаме по дома. Веројатно сите сме ја имале “истата” комшивка што се заседнувала во било кое време, 100 пати во неделата без осет ама не може да ми ги засени спомените на лето во двор до полноќ, со тетките и братучетките, пријателите, ладните лубеници сечкани без смисла, прскалката од цревото што жубори во тревникот, светулките што летаа во Јуни и безгрижните детски игри, додека возрасните тераа муабети. Собрани и планирани и непланирани. Не знам кога станавме толку нетолерантни, саможивни, отуѓени.. се да ни смета во толкави мери..
Секој нека прави како сака, јас ги жалам тие навремето што нејќеле гужви ама ќутеле само да не го "навредат" на тој што е без осет
Не знам зошто се чудете за тие што не сакаме ненајавени гости. Кај мене причината е што постојано сме со работа кога си газда сам на себе. Мм станува во 4 работи и скоро преку еден ден оди на пат и се враќа некогаш во 19 часот. Мислите дека до гости ни е дојдено? Сака дете да си види, дома да си поразговараме, а и дома обврски плус. Имам пријатели маж и жена на државна работа до 15.30 часот. Ехее таква работа и ние да имаме кој не би посакал гости. Еве тие секој ден некаде акаат, или на гости или на шетање. А ние секој ден го работиме. Освен на државно денес скоро сите сме така. Тие што се на приватно работат по 2 работи. Не велете ако се сака се може. Еве јас сакам слободното време кое ни е малку заедно да го поминеме. Некогаш се работело до 14 часот, сега 14 часот земаш залет за другата половина и така во круг. На крај како му одговара секој нека си прави. Некој од работа трча по гости или пречекува гости. Кај мене тоа е нема шанси. Кога сме слободни каниме, обично тоа е попладне во сабота.
Многу мразам ненајавени гости , кој сака нека е ако сака да дојде мора да се најави не е културно туку така рандом да се тупнеш кај кој и да е. Јас и покрај тоа што не работам не би сакала да ми доаѓа некој кога ќе му текне.